УХХХХХХХХХХХХХХХХ ИИИ ИМАМ И ШТО ДА КАЖАМ Кретенчино една шугавааааааааа ми здосади од твојте игриииииииииииии шугосани и стресовииииииииииииииии....Сакај ме како што знаеш !
До тебе драг „другару“. Се прашувам како после сите работи кои ни се случија, после сите нешта (во глобала лоши) што им ги направивме на другите, а и оние кои си ги направивме на себе, после сите проблеми и сите компликации.. ние сè уште толку добро се сложуваме. Не е потребно да се погледнеме за да знаеме што мислиме, не е потребно да се договараме кога и што ќе биде, нели поради тоа што држиме сè во тајност. Дури не треба ни да кажуваме дека сево ова треба да остане тајна, само со еден поглед знаеме што треба, а што не. И да. Знаеш кога треба да станеш да ме испратиш и знаеш кога е вистинскиот момент да ме погледнеш без да се посомневаат останатите дека нешто повторно има меѓу нас. Сепак на некој начин ни е забранет било каков поблизок контакт затоа што повторно ќе избувнат приказни за нас. И без да кажеме збор во ист момент се насмевнуваме и во ист момент тргнуваме да се бакнеме. Без ниеден кажан збор. Е тогаш, сето тоа што во текот на вечерта или неделата или месецот сме го стискале длабоко во себе, сето тоа што сме го криеле конечно излегува на површина. Тогаш кога е најризично и најнапнато, тогаш нашите бакнежи се најубави и најстрасни. Епа чудно ми е. Ваква врска ни со Марио немав, иако поубаво беше тоа што го имав со него. И сè уште не можам да се одлучам дали повеќе те сакам или те мразам. Тенка е границата, зар не?
Да не си ти во мојот живот би немала за што да живеам, мислам нема потреба да ти кажувам ама знаеш дека Те Сакам <3
Самиот знаеш дека кога сум лута нема шанси да попуштам дента а па тек веднаш како што сакаш ти. И не туку ја врти кривицата кон мене зошто нема да успееш ништо. Аа и не жалам што ти откинав месо од раката...да ме оставеше како што бев бесна во моментот фацата ќе ти беше непрепознатлива сега!!!
Додека спиеш ти го гледам лицето и во совршената неправилност која сонот ти ја дава ги помислувам сите желби во една мисла: тука смислата расне за непознати вистини. Твојата топлина ми ја грее душата. Би можел да умрам од убавина. Од присутност. Би можел да умрам од живот кој се случува. Толку многу се случува што престанав да го чувстувам времето, да се грижам за минувањето и поминувањето. Така стареам со тебе: без време и со значење поголемо од секое возможно значење. Затоа можам да ти кажам дека денот и ноќта се разминуваат колку да го спојат природниот тек на нештата. Додека се будиш ти го бркам сонот од трепките со проста желба: ова мора да трае. Тука сме. Во будењето срцето станува свесно за потребите кои мозокот ги раѓа и ги има: се расне од љубов секојдневно, исто како што се живее во љубов и се љуби во живеење. Во поспаноста на твојата кожа наоѓам нови мириси секое утро: оние кои биле, помешани со оние кои се, натопени во моите и тогаш разбудени; кога се будат мирисите човек станува свесен за своето опкружување и затоа утринава јас сум опкружен само со нас. Во првиот поглед, секое утро носам проста насмевка. Ти се насмевнувам затоа што нешто се смее во мене. Тоа само лицето само ја отсликува душата. Потоа на врвовите од прстите излегувам од нашиот кревет и во пареата од утринското кафе го претпоставувам денот кој доаѓа: кога една насамевка се развлекува, таа значи неброени среќни мигови кои биле и кои ќе следат. Затоа во утрото те посакувам како живот. - Добро утро – па те бакнувам на вратот. Слатко издишуваш. - Добро утро – па насмевка. Се туткам во тебе. Топлина на душата. - Цел ден можам да го поминам овде- ти велам и те вдишувам. Повторно се насмевнуваш. - Ги имаме сите денови – прост одговор. Се насмевнувам. Кога некој ти го буди животот, сето останато добива смисла само заради тоа будење. Кога човек си го сонува сопственото будење, состојбата на будност е највистинита, само затоа што доволно верувал во својот сон. Кога сништата се живеат, среќата станува состојба, а не момент. Исполнетост. Вкус на живот. Толку секое утро. Никој не може да посака повеќе. - Сакам да ти кажам нешто – тивко шепотиш. Го подигам лицето и сосема блиску до твоите очи те гледам право во зениците. Сонот испарил сосема. - Те посакав во еден сон и сега си тука. Се насмевнувам и те прегрнувам со сето мое. Утрото не може да донесе лош збор кога со чисто срце се буди сиот свет. Затоа сме ние. Затоа тука. И затоа секогаш се жигосувам со твоето по мене. Немам потреба од друг мирис. Од друг настан. Светот ме препознава по она што го живееш во мене. И го извикувам твоето име. Ѕвезда падната на глава, распрсната по очи. Би можел да ги напишам сите најубави зборови. Решив да ги живеам. Баш ова сакав да ти го кажам превземено од http://ilike.mk/dnevnik/subcategory/utro-ti/
како не ти е срам ти на мене ф.б. ке ми бараш пријателство ке ми глумиш и ме чуди не ме запроси уште еднаш од сите девојки слободни по 1 месец изминат мене ли најде да ме побараш бе гнасооооо оди си кај таа со која имаш дете и склучен договор дека нема никогаш да признаеш за неа, доволно си имам свои маки и проблеми само уште ти ми фалиш.
Ти благодрама што денес недозволи да наврнам па беше толку љубезен и дојде да ме земеш со кола од факултет
Порано мислев дека не сум тип за емоционално врзување. А и сега иако ти си покрај мене го тврдам тоа. Едноставно карактерот не ми е скроен за тоа да си го дозволам. Бидејќи мислам дека сум осудена на осаменоста. Бидејќи мислам дека носам несреќа на секој кој ме љуби и обожава.