Не се чуди што така те прашав Знам што ми кажа на почетокот, ама секакви мисли и филмови ми се провртеа низ глава......подобро да не знаеш какви Хормоните се, не сум јас крива Ме навикна бре секоја вечер до тебе да заспивам, секоја ноќ да ме гушкаш и да не ме пушташ да мрднам, секое сабајле прво твоите очиња да ги видам.... Е тешко ми е во вакви денови, да знаеш За среќа, се' поретки се Се' почесто те имам до мене, и уште почесто ќе те имам до мене
Аххх се секаваш ли на ова време пред година две кога ме испрачаше до дома , па по пат знаевме на 3-4 места да застанеме да се гушкаме бранејки се од ветерот се стисневме еден до друг ова време пред некоја година две бевме на почетокот на нашата врска и потоа раскинавме еве и сега е исто ладно време, снегови вејат така ситно и јас и ти по втор пат пак сме на почеток од нашата врска но се надевам овој пат ке биде за секогаш бидејки сега си ми многу повеќе од животот ТЕ САКАМ
Вчера убаво ти ја ишишав косата, али другпат ако не ме слушаш има да те ишишам како што не треба Уф што си ми убав
Паметам, првата наша заедничка зима, првата зима која ја поминав со тебе.. Се сеќаваш ли, додека шетавме по снегот како ме буткаше да паднам, па и да се искршам не ти беше гајле само за да се струполиш до мене и да ме гушкаш на снегот и покрај тоа што се тресевме од студ? Ја користеше секоја ситуација за да се припиеш до мене, да ме помилуваш.. Затоа го сакам Декември, многу убави спомени имам со тебе, и ќе го сакам додека сме заедно..
Ми рече дека сум твоја Вергина,а ти си мојата звезда водилка која што ме води низ животот.Ти си моја месечинка-палачинка .ЌЕ те изедам цел од шо си ми толку сладок.Сакам заедно да шеткаме по снегот и да си прајме чоечиња во него,дасе тепаме со снежни топки и да правиме снешко .Времето на празници сакам како и секоја година да го поминиме заедно прегрнати еден покрај друг.ЌЕ ти купам новогодишно пакетче,сигурна сум дека ќе се радуваш ко мало детенце на него
И само еден ден помина како не се видовме а јас ќе збудалам по тебе...Те сакам...Уште неколку дена нашата годишнина среќна сум љубов моја.
You've carried on so long You couldn't stop if you tried it You've built your wall so high That no one could climb it But I'm gonna try Would you let me see beneath your beautiful Would you let me see beneath your perfect Take it off now boy, take it off now boy I wanna see inside Would you let me see beneath your beautiful tonight Oh, tonight
Не е вистина дека немаме караници. Имаме, и тоа многу. Често не се разбираме како што треба. Изгледа ко да зборуваме на различен јазик и едниот никако да сфати што сака да каже другиот. Но, она што е битно е колку работиш на тоа. Да ја смириш тензијата, да се концентрираш на суштината на проблемот, тргајќи го бесот настрана и чувството на повреденост. Ќе почнеш од почеток, ќе ме замолиш ако сакам да не повторувам некои зборови кои те повредуваат, а за возврат ветуваш дека и ти ќе го тргнеш она кое довело да се создаде проблем. Ќе ми кажеш дека е битно да ги решиме малите кавги од корен, бидејќи некогаш за големите ќе е предоцна. И тогаш јас нема да престанам да зборувам, а кога ќе си ја сфатам грешката, ќе ми простиш во рок од секунда. И ќе посакаш да си во моментот со мене. Да ме гушнеш и бакнеш. Иако тоа не го заслужувам. Ќе чујам колку сум посебна и како ти светкаат очињата кога си со мене. Како правиш се` од срце, а не за да бидам јас среќна, како што правиш за другите. "Те сакам" го мислиш, а не е само збор. Всушност, веројатно ти се допаѓа што пред мене можеш да бидеш ТИ. Да си ја соголиш душата. А јас, да откријам богатство. Убаво велат - Понекогаш работите не се совршени. И тоа е добро. За да те потсети дека е реално. Ќе направам честитка. За тебе, љубов.
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 7778_n.jpg Еве една ваква фраерка сакам, од тебе! Да да, од тебе Прекрасно ми беше, секој ден ми е се поубав и се поубав со тебе.. Те сакам
Вчера крвнички се тепаме а денес ме викаш на пица и филм како ништо да не се случило. Не ти е лесно тебе...
Затоа што, кога се откажуваш, што и да направиш никогаш не е доволно, и кога ќе сфатиш дека никогаш не мислеше дека ќе стане волку тешко, дури тогаш ќе почувствуваш како љубев јас... И немој да прашуваш дали моето срце бие само за тебе.. Тоа бие само за тебе.. Spoiler Текстов е преведен од песна, не се зборовите лично мои, ама моментално исто како да се Не, тој не замина, јас заминав со паметот и со овие грозни чувства во мене
Дека си го сакам многу! Најмногу на цел свет, мило мое Не можам ни еден ден вака без тебе :/ Доста љутиш