И ова твоево не го бива...Како треба да го сфатам однесувањево? Некогаш си ладен и повлечен, а некогаш љубезен и постојано ме гушкаш. Се нервирам, а не сакам. Сакам да сум спокојна, барем кога се работи за тебе. Се чини дека многу ми значиш. А кој е твојот одговор? КООЈ?!?!
Би те испеала со дрскост на Линда Пери и моќ на Џенис Џоплин, тага на Били Холидеј и грандиозност на Лорина Меккенит!
Си докажувавме многу еден на друг,заклучокот и исходот е поинаков.Си ја убивме љубовта,ни останува само да ракоплескаме и да гледаме како ги живееме „нашите" сни со други луѓе.
шо ми се случува мене со тебе ? неможам да бидам во твоја близина ниту пак можам да поднесам ти да си во моја ... у пм
Гледајќи те како си играш со малото ангелче посакав наскоро да си имаме наше детенце .Можеби тоа ќе се случи по некое време,не веднаш но сакам да е што поскоро .Не замислувам нас двајца,а покрај нас во креветче е нашето дете,плодот на нашата љубов.Замислувам како наутро сите брзински појадуваме те испраќам тебе на работа,детето на училиште,па и јас заминувам.Потоа сите заедно се бериме за ручек ,а нашиот дом е исполнет со топлина,мир и неизмерна љубов која што и двајцата ја имаме многу.Па потоа да дојде уште едно детенце кое што ќе ни ја згрее душата .Тоа ми е единствената желба душле мое ,не ми треба ништо повеќе за да бидам среќна,а и ти да си крај мене .
Се спремив, се налицкав, се дотерав, намирисав, дури и чизми облеков и седнав пред лап топ. Очекувам во секој момент да ми се јавиш дека си долу, па да се симнам и да одиме. И од толку чекање, чекан по глава ме удри! Јас те чекам, а ти си заспал! Е сега само дојди ми, ќе биде весело
Ти си најголема кукавица затоа што Најголема кукавица е маж кој ќе ја и разбуди љубовта на некоја жена, и ќе избега
Само сакав да останам своја кога сум со некого... но те повредувам...во ред, решив, ќе се загушам во твојата претстава за идеалната јас...Се надевам дека тоа што си ти среќен ќе биде доволно за да бидам среќна и јас...која и да сум...
Поубаво готвам од тебе и и и точка. Чекај, само прашање на време е кога и мајка ти ќе го потврди тоа.
Се навикнав на тебе премногу... неможам 5 дена без а како ке издржам кога ке појдеш на работа но ајде се ке помине се ке се издржи само ти да си добро и секако на нас двајца да ни е арно....
Извини за вчерашниот испад, незнам што ми стана. Па ти бе мило не заслужуваш ни настрана да те погледнам. Сега кога замина на пат многу повеќе ми фалиш од предходниот пат, имам грижа на совест. А и покрај се ти ме сакаш и ми кажуваш убави зборови, но ете таква сум. Сакам да се сменам верувај. А најмногу од се тебе те сакам