Овој пат јас ќе бидам таа што ќе стави крај на некои работи, ете така, се ми е испомешано, ништо не е исто како порано, ама баш ништо и незнам колку само ти тоа го приметуваш. Сеедно ми е, оотрпнаф, повеќе не ми е ништо толку битно. Можеби некои работи понатаму ќе ги сфатиш, ама.. Ти не си виновен овој пат, јас сум таа што така одлучува.
Значи на мене кога ќе ми кажеш тогаш ќе си идам, тогаш дојди си дома. А не јас да те потсеќам дека поминале 3 саати
Навистина не си свесен колку сум затрескана во тебе или се правиш будала?? Само да знаеш колку правиш да се чувстувавам посебно,но и колку правиш да се чувствувам многу лошо кога се однесуваш како кретен
Ти кажав дека ќе се сменам,ќе бидам друга личност со тебе,овој пат јас ќе ставам крај на сите твои глупости а не ти, успеав ти докажав дека ЛЕСНО МОЖАМ ДА СЕ СМЕНАМ ......
Ние двата сме создадени еден за друг,секој кој што ќе ни види ни вели дека сме складен пар,а и да знаеш сме .Ние си сме грнче и капаче и знам дека секогаш ќе се согласуваме и ќе ни биди најбескрајно најубаво како што ни е и сега.Секогаш ќе останиме вака матуфи како што сме и ќе се брлајме еден со друг .Рече дека и нашите деца ќе бидат вакви како нас па сигурна сум дека нашата куќа ќе биде луда куќа .Спремај се физички и психички за тоа .
И вие машките имате ПМС моменти. Потпис со лева и десна, ма и печат! Можеби од страна навистина изгледа дека сè ни е пуно-рамно, а како ни е - ние си знаеме. Посебно во ваквите шекнати моменти, во кои ниту се препознавам, ниту те препознавам. И нема да ти кажам ништо, ќе молчам. Не за да си ги ставам нештата во моја корист и да изгледа дека ти си тој што сака да се р'чка, а јас само сакам да смирам ситуација, ами онака, сакам да молчам. Зашто многумина ми имаат речено дека сум крута и дека некогаш не одбирам зборови и во моментот, без размислување можам да кажам толку многу работи, што после ќе ми биде тешко. А знаеш, не сакам некој да се чувствува лошо заради мене, посебно не ти. Зашто, како ми викаше ти - „ти си моето архе“. И ти си моето, и архе и сè и знаеш дека те љубам. Многу, најмногу.
Ќе играм како што ќе свириш да, да видиш како можам да бидам иста ко тебе, како што се однесуваш ти, така се однесувам и јас, што сакаш повеќе?
Знаеш, не дека свињата ми е омилено животно, ама кога ти ме викаш Прасенце многу убаво се чувствувам Ти: Се најаде прасенце? Јас: Чекај уште благово.. Секогаш иста приказна Е тогаш си ми интересен
Спојлер Еве сме и ние лично и персонално. Туку вечерва, за разлика од вчера, беше толку волшебна што за момент ги заборавив сите проблеми кои ме мачат во последно време. И понекогаш посакувам ваквите вечери што подолго да траат, да не завршат, зошто единствено тогаш мирно заспивам во твојата прегратка. Сакам да те гледам додека спиеш,сакам да те гледам и кога како некое тромаво прасе се превртуваш во креветот толку многу пати, што на крај потсеќаш на сарма. Па те тапкам по рамо да се свестиш и одмоташ и пак повторно да ме прегрнеш. Еехх, љубов.