Не барав ништо повеќе од доверба и почит. Нивниот недостатокот не` уби. Уште едно болно збогум, по незнам кој пат.. Но само еднаш може да биде последен...
Ми ги преокупира соновите. Само за тебе сонувам. Само тебе те сонувам. Која сила ја имаш што толку длабоко навлезе и почна да делува врз мене. Но ми годи. Одамна не сум се чувствувала вака.
да ми кажеше вакво нешто додека се гледавме имаше во фаца да ти се изнасмеам жими се сега свакам дека ти имаш сериозен проблем-иако топ изгледаш ама нешто не е во ред со твојот мозок боже со каков кретен сум се гледала јас и крај ке беше на мојот живот ако го прифатев твојот предлог за брак-имаше од мака и солзи вени да сечам а јас уште мислев да ти отидам на врата и да ти кажам дека си го живеам својот живот и дека не ми е гајле за тебе будалче дури сега свакам ЗОШТО не си со женати-и си во потрага по забава со помлади девојки од тебе -тек сега ми е јасно
Мил мој,во љубовта не губи оној кој повеќе љуби. Да љубиш значи да живееш,да постоиш. Ти веројатно си го побркал тоа. И да,срцево да ми беше езеро,ти ќе беше ајкула. Дека не припаѓаш таму веќе,ха
Те чекам. Да го слушаме Раде Шербеџија, да пиеме ефтино вино и скапо виски. Да пушиме иста цигара и да ја носам твојата кошула. Карирана се разбира. Те чекам.
Епа браво. И она мало интересирање што го имав за тебе успеа да го уништиш. Секоја чест. Тебе не ти е гајле за мене, уште помалце за нас. Ако уопште постоевме некогаш.
Не знам што ми е и како брзо ми здосади се` и ми дојдоа нагоните за карање, лутење и така натаму. Не знам ни како не ти е мака да ме прашуваш по милион пати што ми е и откако нема да добиеш одговор, да ме прегрнеш и да се правиш дека се` е во ред со нас. Навистина не знам како имаш живци да ме истрпиш, ни сама не се поднесувам. Ако има нешто вредно во мојот живот, тоа си ти. Не сакам да те изгубам, не сакам! Баш и не знам што би ти кажала...
Кога и покрај тоа што знаеш што ме повредува не покажуваш ни најмал знак за иницијатива дека ќе промениш нешто, туку упорно си го тераш своето, кога сите околу мене ми зборуваат колкава пречка си ми во животов, кога јас самата свесно се укопувам подлабоко во некоја празнина, дупка, заради тебе, мислам дека е време да се прекине оваа глупава игра, додека имаме мислење еден за друг ко за луѓе. Јас и ти не одиме, ние тапкаме во место. Ко на попатна станица се чувствувам, го чекам возот да дојде за да заминам - чекам да дојде моментот на разделување, наместо да уживам во нашава врска. Дочекав некој што не те ни познава да ме освести колку ти мене ме кочиш. И немаше толку да верувам колку што ти ми олеснуваш. Успеав да те сакам, успеав да ти го кажам тоа, но тоа не е доволно. Да сакаш не е доволно. И јас немам сила веќе да те туркам ко тркало за да функционираме. Секогаш ќе се сеќавам на тебе ко на нешто убаво, ништо нема да го измени тоа бидејќи и беше убаво, во тој одреден момент, на тоа одредено место, во тоа одредено време. Но, јас не можам да живеам од моменти, јас сакам континуум.
Ми фалиш премногу и баш денеска сакав да си до мене и со мене барем да те слушнам.Ајде во ред е помина некако и овај ден и мило ми е што успеа барем за миг да ме насмееш и што иако си далеку од мене јас те осетив блиску.Ако не беше ти јас не би била јас и оваа среќа што ја имам би била тага.Фала ти што знаеш да ме ислушаш,што ја познаваш мојата тага и правиш се за да ја снема.
До денес за солзи радосници имав самио слушнато, благодарение на тебе и јас денес плачев од среќа за прв пат!! Те сакам сонце повеќе од се !
Е лошко голем си. Имам херпес на устава или по твое на муцето, и пак ме смееш. Пак ми се јавуваш секој пат кога ќе наидеш на нешто смешно, а денеска тоа е премногу. Па ме боли па, знаеш ти тоа. А знам дека сакаш да ти кенкам. Кенкало едно.
Помина една година... Точно. Да те потсетам дека јас не заборавив... Ама издржав..... Не беше лесно. Не си заслужил да ти кажам... Ама зашто би го криела очигледното... Те сакам. Исто како и лани на овој ден. Со иста јачина, ако не и појако. И не ми фалиш се помалце, туку повеќе од ден на ден. Научив да го скријам тоа... Дури и од сама себе... На овој ден, смеам да признаам, дека сеуште те сакам... Те сакам така будалесто, детско, наивно, безусловно ... исто како тогаш кога ти го кажував лично... кога ми возвраќаше... Сеуште се грижам за тебе... Сеуште срцето ми прескокнува едно тупање кога ќе се запрашам дали е се во ред со тебе. Сеуште очите ми ја испуштаат онаа искра кога ќе го чујам твоето име. Сеуште лично ме заболуваат лошите работи што ги слушам за тебе... На овој ден си земам за право да го кажам ова барем овде... Барем пред себе... Заслужувам искреност, иако не ја добив од тебе ... Биди среќен, само така ќе ми биде полесно да живеам со оваа болка... Бори се за себе, не дозволувај да те газат... Ќе успееш во животот, сеуште верувам... Бори се... Те молам... Не е лесно... А јас сум покрај тебе... Иако ти не го знаеш тоа и никогаш нема да го дознаеш, јас секогаш ќе бидам твој најголем поддржувач, па дури и во најлошите одлуки што ги носиш... Сега ти е време да мрднеш од место... Помина една година... Те сакам. Засекогаш.