АМАН дојди си веќе еднаш АМАН. Ти ја мразам работата најмногу на цеееел свет. Ми фалиш бе злато многу, ми недостигаш најмногу во вакви дождливи денови баш како овој, досадни, монотони, мамурни МИ НЕДОСТИГАШ. Еј, ти кажав дека ми недостигаш и сакам да си дојдиш ?! Да. Ама ај уште еднаш. МИ НЕДОСТИГАШ
... ти си моето добро во сите овие зла и моето зло низ оние малку добра кои (понекогаш) талкаат тука некаде. Знаеш, ние двајцата сме си јин и јанг - се претвораме еден во друг, а пак сме две посебни човечиња. Различни сме, толку колку што сме исти и обратно. Едно сме. И те молам, да бидеме уште многу.
Убаво ми е, признавам. Убаво ми е кога на ова преладно време се топлиме гушкајќи се. Убаво ми е кога ме бакнуваш во чело. Убаво ми е кога ми ги земаш дланките во твоите за да ми ги стоплиш. Убаво ми е кога ми дозволуваш да ги ставам моите раце во твоите џебови. Убаво ми е кога за возврат твоите премрзнати раце ќе ми ги пикнеш во грб или ќе ми ги ставиш околу врат. Убаво ми е кога ме гушкаш од позади и ги испреплетуваш твоите прсти со моите. Убаво ми е кога ќе ми седнеш во скут и ме малтретираш. Убаво ми е кога ме гребеш со забите по устата, па макар и да ми е испукана после тоа. Убаво ми е кога ќе ми се пикнеш во врат и ме душкаш затоа што убаво ти мирисам. Убаво ми е кога си ја потпираш брадата на мојата глава. Убаво ми е кога ти го чувствувам биењето на срцето. Убаво ми е дури и кога ми ги правиш работите кои најмногу ги мразам т.е. кога ми ја фаќаш косата и постојано или ми плетеш плетенки или ми ја местиш и кога ме скокоткаш. Чим ти ги дозволувам последниве две работи, мора да ми е убаво. Ама, себично и нефер е од мене што ќе кажам дека не е исто како што беше со него. Се трудам, се трудам да не мислам на него додека се гушкам со тебе, се трудам да не те споредувам со него и се надевам дека ќе ми успее. Не сакам уште едно нешто вредно да изгубам. Ќе се трудам и ќе успеам, ветувам.
Заради тебе сум болна бе глупак ни еден,и што направи со тоа што не ме пушташе да си одам?а?Неможам веке да те поднесувам да не ме пушташ да си одам чекај малку бе брат од кај знаеш зошто си одам? и мора секогаш да преслушкуваш шо правам муабет со мајка ми? Ми се здосади веке сакам да раскинеме!
Не сме се виделе скоро 1 ИПОЛ ден ,а тука е толку празно без тебе... Се чувствувам толку сигурно во твојата топла гушка.. П.С. Одвај го чекам снегот бидејќи сакам да биде како претходната година, тој ден мислам дека ми беше најсреќен ден во мојот живот... Никогаш не сум се смеела така ... П.П.С. Оваа година ЈАС ќе те утепам од снег
Ако треба да бираш помеѓу мене и неа,избери ја неа...Ако ме сакаше вистински, немаше да постои избор...
Знам дека можеби ти е чудно што толку сум среќна што најде некоја.. Ама стварно е така. Да се случеше тоа пред неколку месеци, коси ќе корнев зашто не сум јас на нејзино место. Но, откако се зближивме, т.е. после тој еден муабет .. глупо е да се каже, ама сфатив дека не те гледам повеќе ни ко бивши ни ко некој со кој што сакам да бидам.. сфатив дека не те сакам веќе. И дека те гледам ко добар другар за кој во кое било време се‘ би направила, и чие постоење ми е врежано во срцево. Ти си душа од човек.. иако на прв поглед не си таков, изгледаш како некој деликвент. Имаш добро срце, се трудиш да помогниш секому и се отвораш само пред неколку личности. Никогаш не покажуваш дека страдаш, туку секогаш кога си со некој си насмеан, се шегуваш и правиш сите да се среќни. Најмногу јас.. Ама те гледам.. те знам.. а и самиот знаеш дека од мене поблиска немаш. Знаеш дека тоа што ми го кажуваш мене, си го чувам како најскапоцениот дар, иако е тажен, ама не го давам. Знаеш и дека секогаш ти мислам добро и можеш да ми се отвориш .. иако ите како си свесен дека не си го заслужил тоа. Но таква сум, тоа е.. за милите луѓенца секогаш имам место и време. Радост ми е кога ќе ми се јавиш и ќе те чујам.. знаеш инстантно да ме расположиш. Чудо е какво влијание имаш на мене, просто не верувам. Ти си единственото вакво чоече што го имам во животецов.. а само јас знам колку не сакам да те изгубам како другар. Зашто и двајцата се сложуваме - подобро функционираме вака. Имаме спомени, да.. и можам да речам дека 95% од времето ни беше убаво. Убави моменти, чувства и спомени за извоз. И одредени нешта и зборови кои засекогаш ќе ги носам во срцево. Убаво ни беше, иако имаше неколку неубави нешта.. и искрено сакав да продолжевме, да видиме до каде ќе стигневме. Можевме многу, стварно многу. Само требаше љубов.. толку едноставно е. И.. се надевам дека веќе почнале да се средуваат нештата, зашто посреќен ми си сега. Или можеби тоа е поради неа. Нека те прави среќен.. мноогу среќен - заслужуваш. Се надевам дека е стварно таква каква што се покажува и нека не те разочарува. И ако ја засакаш, љуби ја вистински и труди се. Нека не се врти сега тркалото, јас не сакам да си тажен. Нека те љуби и таа.. нека научи да те цени, нека направи да и‘ веруваш, за да можеш да и‘ се отвориш, па да ти помогне. Само ете.. биди малку себичен околу нашите спомени. Чувај ги.. и не ги заменувај со новите.. вашите. Знаеш дека нашето беше поинакво од се‘ она што си имал со другите, иако е клише. Многу клише, ама знаеш. И знам дека сум заслужила посебно местенце во срцето твое.. онаму каде што секогаш ќе има место и време за силна гушка и бакнеж во челото. Доаѓа зима, миличок.. нашето време, нашите убавини. Ти ќе ја доживееш на друг начин, со друга.. исто и јас. Бар мене ќе ми биде чудно.. ама брзо се прилагодвам. Се надевам ќе успееме.. ти со неа, јас со него.. зашто не успеавме ние двајца заедно. You can take all the old roses with you 'cause I've got new gardens I must grow..
Ќе дојде пак јануари, и пак нема да биде ко првиот оти глава нема да кренам од книга. Ду ју андрстенд уат дет минс?
Сакам да шетам со тебе на снегов ,да се тепаме со топки ,да правиме ангелчиња и целите водени и премрзнати да се вратиме дома ,пред топлата печка ,да бркаме романтики
Те сакам кога ми кажуваш дека бладам nonsense реченици и те засмевам. Така знам дека ме сакаш за се’ што сум. Грицко мој. Те чекам.
Глуп крај, ама важно крај. Ме оставаш сама. Незнам како ќе се навикнам без тебе, ама ќе живеам така. Ќе ме болат спомените, колку и да не сакам да мислам на нив, пак шетаат низ мојата глава. Ќе ме боли секој 21ви во месецот. Ќе боли секој ден. Ќе боли кога ќе те видам со друга, која го земала моето место покрај тебе. Ќе боли. Допрва ќе боли....