Како би сакала сега да ти се пикнам во кревет и да лежиме под ќебиња Да ти ги пикам нозеве во твоите зошто ми студи, а ти со тие лопатите твои да ми ги згрееш Леле човече колкав си значи, многу си голем Покрај тебе како џуџе се осеќам, ама убаво ми е, убав си ти, убави сме заедно Баш ми е убаво така и се чувствувам сигурна и заштитена кога ме држиш за рачево со твојата огромна дланка, или кога со само едната твоја нога префрлена преку мене ми го топлиш пола тело Yo ma man, yo ma big man Јас го сакам мојот маж голем бре, крупен како тебе (не дебел ) - го сакам баш каков што си ти. Тоа е маж бре, да те фати, да те згрее, да те прегрне силно, да те заштити, па дури и во дадени моменти на занес и страст да те грабне и да те фрли на кревет... Ти си мојот човек
аман стани од тоа ПС3, со другар ти се понашате ко да имате 13 а не 31 година. збрлавев веќе од досада а патем речено и ушните тупанчиња ми ги дупнавте дерејки се кој победил во играта....
Can't stop now don't you know I ain't never gonna let you go Don't go! Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=nz6MRCwjwQo
Кога во раните утрински часови ќе сакаш со некого да зборуваш... мене заборави ме. Муабетите во раните утрински часови со тебе ми будат болни спомени кои се обидувам да ги заборавам. Не ми требаат спомените бидејќи пробувам да живеам и да бидам повторно среќна. Без тебе. Со него. Марио, во многу погрешно време се појавуваш. Во време кога се трудам да те заборавам.
Обожавам кога во спиење ќе ме гушнеш од назад, ќе ми го грееш грбот, и ќе ја ставиш твојата глава на моето рамо. Тие мигови ми се најскапоцени, во тие мигови се осеќам најзаштитено и најсигурно. Како да си ме обвиткал во некое меурче направено од некоја непропуслива материја за да не може ништо да допре до мене и да ме повреди. Се чувствувам како да лебдам во тие мигови. Со тебе залепен на мојот грб, твојата топлина која за секунда ми продира во секоја клетка, со сета сигурност на светов, со мирот и спокојството на твојот сон. Знаеш дека обожавам да те гледам додека спиеш.....зашто си како ангел во тие моменти, толку спокојство се гледа на твоето лице, не се опишува. Ги обожавам тие моменти, никогаш нема да ми бидат доволно, колку и да ги има.
Знаеш дека јас и со некој друг повторно ќе одам по сите рибници во земјава и ќе јадам мешана салата и пилешки прсти и ќе уживам во жабите? И знаеш дека ќе се смеам и ќе го терам тој да ми порача нова ракија зошто мене ми е срам? И дека ќе се смеам заразно и лицето ќе ми блеска од среќа? Од каде знам? Па фала Богу знам како беше со тебе не барав да ме гледаш како принцеза, не се лутев кога се шегуваше на моја сметка, зборувавме на секоја тема и пак ке е така Горане, пак се ќе е исто, но не со тебе со некој друг, со некој кој што ќе знае да љуби и цене! Некој кој што нема да се труди да го скроти мојот темперамент туку ќе го искорити и ќе ушива. Не ме гледај така жално Горане, не ме барај, не прашувај за мене, не заборавај ти заеба се!
Ми правиш да се чувствувам како да сум на 19то,не на 7мо небо. Ми докажа дека ќе направиш се за да останеме заедно, дека сакаш да сум со тебе во секакви ситуации, дека се ангажираш,дека ме сакаш. Ценам се. Те сакам таков каков што си. Не се менувај, никогаш. Правиш да се чувствувам гордо,само во позитивна насока, се повеќе и повеќе да се залагам. Те сакам , многу.. премногу.
Не грешев, кога реков дека ми мириса на танцување во снегот, близу полноќ. Зошто само понекогаш ја користиш таа магија? Магијата што ме враќа во сеќавањата, на првиот пат, пеперутките и бестелесната состојба? Онаа што ми го зашеметува умот и ме заслепува? Себично ја чуваш, за да ти остане за паузирање на лошите времиња, како ова.. Повторно ја видов таа совршена насмевка на твоето лице, очи што блескаат од среќа. Повторно ме нарече мајмунче, повторно го припи твоето тело во моето. После незнам колку време ја почувствував таа магија на едното. Среќа кога сложувалка од вкупно 2 парчиња ќе се спои. А ние толку се трудиме да ја растуриме.... Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=lT67liGjZhw
Почна малку да се враќаш во нормала или можеби само така ми се чини.Времето ќе покаже.А до тогаш остани добар,каков што си сега
Убаво ме искараа во врска со тебе. Сите. И во право се. Како успевам некој толку добар, пре, нај, и сите можни префикси за позитива, да го споредувам со некој кој не ти е ни до колена? Со некој кој се истуфка и кој отпосле сфати што има... Добро ми викаат, зарем не знаеш какви идиоти се денешните машки, и ти го најде еден од ретките неидиоти, и си играш мајтапи и го споредуваш со други, што не ни треба да ги гледаш како воопшто негова конкуренција? Со дечко кој никогаш нема да те излаже, остави, изневери, или направи било што лошо на светов? Некој кој ќе те сака кога ќе станеш гурелчеста насабајле, и ќе те сака кога ќе имаш 120кг и ќе те почитува исто како да си најубавата девојка на светот? Некој кој нема да ти биде срам да го запознаеш со твоите дома? За срамови си Дузи, за срамови си ако не се заљубиш до уши и ако не ти го сврте паметот и ако не успее да ти всели јато пеперутки во меот. ЗА СРАМОВИ! И сама ќе сум крива, така да знаете.
Тешко ми е кога те гледам со други, макар и на фотографии. И по којзнае кој пат, доаѓам до истото прашање - зошто толку проклето се приврзувам?! За луѓе, за предмети, за места...всушност заборавив да вметнам за небитни луѓе, предмети, места. Не си мој, само се имавме неколку дена. И само неколку дена беа доволни да се опседнам со тебе, да ги направам сите можни филмови во главава, да им раскажам на сите мои другарки... Да, девојка сум, мило ми е што се запознавме. А ти само ми фрлаш мали ковчиња, ме залажуваш, ми праќаш слатки полу-насмевки, а јас си леткам и си леткам, и кога ќе ме прашаат абе шо стана со тебе и со Охриѓанецот? - Ааа, па ништо бе, шо ние ништо не сме, нека си го тера животецот, си немаме ни пишано, не ни ми е гајле што прави (не дека последен пат ти го проверив профилот пред 5 минути и патем која ти е таа ку*ка со која си тагнат на сликата и си испаднал во саботата?). Патетична сум