Не дека веќе не те сакам, само поретко, односно скоро никогаш не зборувам за тебе. Не дека те заборавам, само се трудам да не те сакам толку многу. Не дека те барам, всушност не знам каде си.. Можеби само малку ми требаш, и можеби само малку ми недостасуваш. Не дека повеќе не плачам за тебе, само научив да ги задржам солзите во себе. Не престанав да те сакам, не. Само се навикнав дека не си тука. Ете толку.
Знаеш она кога очекуваш вечерта да биде катастрофална и цело време безволно чекаш да дојде и да помине? Синоќа не сакав ни да заврши бидејќи толку очекував да биде катастрофално за двајцата што поубаво не можеше да испадне. Сеуште не ми се верува еј, те бива да знаеш! Мило ми е, полека го менувам мислењето за некои работи, ама полека!
Во твојата прегратка ми е најтопло, најсигурно, најубаво. Сакам кога ми праќаш пораки рано наутро или доцна навечер, кога ми кажуваш: те сакам миличко, и кога ме прашуваш колку ме сакаш, кога ме задеваш дека многу се срамам, кога ми попушташ на табла или кога не ми попушташ па ме тепаш, а јас ти се лутам, кога те будам сабајле у 9 и ми се јавуваш таков сонлив да ми посакаш добро утро, кога правиме планови за нас или кога само си лежеме еден до друг. Добро ми е со тебе, го знаеш тоа. Знаеш многу добро дека сум среќна со тебе.
Bice bolje ako budes tu... Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=DsMZrxW9e9w Во последниов период помалку сакав, но знам дека овој убав ден навестува светол период во темни денови. Си ја слушам тивко песнава и посакувам да си до мене... Исто е како што беше и на таа 10 дневна, за мене, болна разделба.. На радио врти оваа тажна песна, јас стуткана, си плачам и зјапам - ту во отсјајот во морето, ту во најголемата полна месечина. И верувај ми, чувствував дека таму се споивме. Во таа голема златна топка на небото. Чувствував дека седиш на нашето место и гледаш во неа.. Не згрешив.. Ми недостасуваат тие денови... Ми недостасува стариот ти.. Старите ние...
не можев ни да помислам дека ти ова ќе го направиш.. само се трудам и ова да го преќутам, да го скријам во мене... понижувачки...
"Ќе дојде момент во твојот живот кога ќе бидеш обземен од една личност. За неа, ќе направиш се` и нема да размислиш два пати, а кога ќе те запрашаат зошто, нема да имаш одговор. Целиот живот ќе се обидуваш да сфатиш како една личност може да има такво дејство врз тебе, но никогаш нема да дознаеш. И колку и да боли, колку и да го мразиш тоа, ќе ја сакаш таа личност до крајот на животот без каење. " Ме сакаш ли и ти толку многу?
Моментите со тебе.. Твоите очи ми дават сигурност,а насмевката ме смирува. Ми даваш потпора,сила, дека можам да го направам и невозможното. Последните 2 месеци љубовта е мојот воздух. Не дозволувај,како што нема ни јас, овие убавини да исчезнат. Те сакам мил мој.
И да могу зар се теби не бих вратила, да ти кажееееем да вече ГАДА нисам љубила ??? Spoiler ...још те волиииииим ! Фала ! После се мислам дека најмалку заслужив вакво нешто !!! Ни сам не знаеш колку ме повреди, колку ме разочара... Вакво нешто од тебе не очекував. Те сакав повеќе од СЕ, за тебе бев спремна на работи за кои порано не ни помислував дека некогаш за некого ќе ги правам... И неможааааам, како ќе продолжаааааам понатака ??? КАКО ??? ( За тебе се будев, за нас двајца постоев ! Се спротиставив на сите, само нашата среќа ми беше важна ! Очигледно, тебе не... Ме уништи... И сега, ништо веќе нема смисла. А ти, не си вреден ни за солзиве !!!
Незнам што ми правиш но секој ден се повеќе и повеќе те сакам но ако ти тоа го заслужуваш...Кога сум со тебе сакам времето да застане толку ми е убаво и се чувстувам најсреќна на свет
Сакам да ти хухнам (ама зборче) во фацулето, а ти да се закашлаш демек се надразнуваш од „димот“ и да ме гушнеш. И да ми кажеш дека сум твоето паметно девојче, зашто ми фали мотивација која ти ми ја даваш на големо. И имам еден предлог - дај да го убрзаме тоа процесот на образование и образување и да си живееме заедно. Зашто дефинитивно не сме за вака. Моментално си моето misssing piece. А знаеш, ако јас сум the big O - лошо е. Зашто не сум никакво биг оу без тебе, ами пита бурек од која фали дел, бабачок. Фалиш, ми фали мојата друга половинка.