Ѓавол да го земе тој што те викна на работа ,па уште и прекувремено Жал ми е да те гледам таков умрен и отепан за добар сон.
Со душа чекам да дојде викендов ,да те видам гушнам и бакнам.Ако ме викнат да почнам да работам планчињата ќе ни се пореметат малку и нема да можам да издржам 8 часа да знам дека си тука ,а да не можам да те видам .Ајде битно ќе си бидиме заедно и ќе уживаме заедно стуткани под ќебенце покрај каминчето со романтични филмчиња .Ќе ти кажам дека сум само твоја секогаш со душа и тело,како што си ти само мој единствен сега и засекогаш.
Не бе сега и на коленици да ме молиш нема да излезам на студов ... и мислам дека е доволно да се гледаме преку еден ден ни малку ни многу баш таман незнам што си запнал секој ден секој ден
Еј, ај ако ме читаш ( а се сомневам, ќе треба да го променам расположението за да прочепкаш тука што се случува со мене), купи ми за празнициве книга. Да не треба "суптилно" да ти нагласувам . Сепак скромно од моја страна, наспроти желбата за новогодишно пакетче.
Ме оптоваруваш, ме замараш, ме напнуваш, ме полниш со негативна енергија, досаден си ми. Не ме ни нервираш веќе Фак оф
Не знам какви филмови имаш во главата, не знам зошто не сваќаш дека едноставно не ми прави разлика дали моите бивши ке ми бидат пријатели на фб или не, не сум дете па да му докажувам на него/ или тебе колку не ми значи со тоа што ке го избришам?! На крај на краиштата зошто го сваќаш фб толку сериозно? Не знам што сакаш да постигнеш..Не дека и ке постигнам нешто ако го имам.. Ми рече дека ти смета, го избришав, не игра никаков фактор во мојот живот, само што меѓу нас имаше толку многу почит за време на тие 3 години и и послем тоа остана трошка почит, така да глупо е. Ама ај.. Воопшто не ме тангира дали он или јас ке го избришам, исто како што не ми е важно што не ми е или ми е во пријатели.. Јас и он бевме на чисто и бевме разумни, немаше простор да не оставиме простор. Јас мислам дека ова е ниско, љубомора и слично. Нема поубаво од тоа да имаш многу пријатели, секогаш ке ти требаат во животот, ме разочаруваш, зошто ова го покажува твоето сваќање и зрелоста твоја..
Да видиш колку твојата љубов под ова небо, ме грее иако сум сама на снегот http://www.youtube.com/watch?v=CqNsgQa88j4 Уште малку, само уште малку.....
се надевам дека мислиш на мене во моментов.. нема да покажам никаков знак на љубомора овај пат.. ќе се контролирам ветувам
На крајот знам дека таквите како тебе, сами ќе останат на овој или на оној начин, бидејќи незнаеш да сакаш...
Незнам зашто сеуште мислиш дека сето ова е бледа игра, дека повторно ќе се вратам, т.е секој што не познава го мисли истото, ама не е така овој пат, прв пат донесувам одлука која ми менува многу работи во животот, и ќе биде така како што сум кажала, ниту збор не би сменила. Јас и ти не сме повеќе еден за друг, па ти како сакаш сфати го тоа, но не ме барај повеќе,не прашувај за мене, никогаш нема да се вратиме на она што бефме, затоа што ти уништи многу а јас несакам повторно да се враќам на едно исто, болно и бедно. Вака ми е поубаво ама навистина поубаво ми е, па ти колку сакаш не верувај во тоа, не ме засега! Имам љубов која ќе ја дадам на човекот што ме почитува и цени а и ми посветува внимание. Тој не си ти повеќе.