Не знам што направив за да се однесуваш така кон мене ама стварно ме изненади негативно многу .Не знам зошто секогаш кога ќе кажам нешто тебе те нервира и ми повишуваш тон.Ме боли тоа и за тоа преѓе ти кажав ко ќе се смириш да ми ѕвониш.Не сакам кога е вака,не сакам кога е тишината меѓу нас како резултат на претходна караница.Сакам кога е тишината меѓу нас, а се слушаат само нашите бакнежи и воздишки.Зошто не можи секогаш да е така,зошто? Не е фер
Едвај чекам да се стуткам во твојата прегратка, да ја потпрам главата на твоето рамо и да побарам од тебе да го милуваш моето лице дури не заспијам.
Нема што да ти кажувам, веќе знаеш се. Не е некоја комплицирана работа, да се сака и да се биде сакан. Јас и ти сме жив пример за тоа.
вчера сакав да те бакнам... но останав да живеам со твојот поглед кој што можеби и го посакуваше тоа. само знам дека еден ден ќе ги имам тие усни...
Ми фалиш бе будалче, вчера малце ме извади од такт ама ми фалиш.. Сакам јас и ти пред вакво каминче гушнати
Се сеќаваш ли злато, кога ми рече дека не сакаш да се караме бидејќи не сакаш да ме гледаш нервозна? Се сеќаваш ли, кога ми рече дека ме сакаш толку, што би го дал и животот за мене? Се сеќаваш ли, кога ми рече дека многумина ти велат дека се восхитуваат на тоа каква врска имаме и како ја градиме? Знаеш, мене не ми пречат кавгите, напротив, ми годат. По секоја кавга те сакам се повеќе и повеќе, бидејќи ме поттикнува да се борам за тебе, секоја пребродена кавга претставува пречка која сме поминале само за да бидеме заедно и без проблеми, да го достигнеме она што ни претставува совршенство. Знаеш, јас и не би го дала животот, никому. Ти си ми животот, а јас секогаш себично ќе те чувам само за себе. Да можам би ти ја подарила вечноста, да сме засекогаш заедно, заљубени и насмеани, да ти се потпирам на рамото до века, без да имам страв дека некогаш ќе те загубам. Знаеш, сепак мислам дека никој не се восхитува на тоа што го имаме и постојано го градиме, туку на она што го немаме. Оние детски раскинувања и смирувања по милионити пат, оние неверства, оние груби и ладни односи во јавност, она непочитување, оние разменувања погледи со други, онаа љубомора кон пријатели... Знаеш, никој немал и нема да има љубов како нашата, толку силна, длабока, чувстуветла, зрела, издржана, рамноправна, исполнета само со среќа...
Би му ја пуштил песнава..не знаев дека толку ќе ми фалиш... http://www.youtube.com/watch?v=fSqs0V3VtOM
Точно ли е дека овие неколку дена ќе се будам покрај тебе и ќе ти го гледам поспаното лице и тие нај слатки очиња кога наутро ги отвараш така слатко, полека? Навистина го сакаш тоа? Јеееј
Ми требаш, како никогаш досега.. Мечтаам по тебе како да си на другиот крај на светот. Те сакам тука, да го пиеме нашето чајче, да се гушнеме, да се стоплиме и да заспиеме гледајќи некој добар филм... Да ме чуваш цела вечер, да се разбудам покрај тебе... Разбрав, разбрав каде ми беа грешките. Прости ми.... Секогаш кога ќе разберам колку сум те повредила прави уште повеќе те сакам...
http://www.youtube.com/watch?v=nRg-STydm4o Веќе знаеш дека твоето отсуство ненормално боли,ме пече како стара рана. Ме боли и тоа што излегуваш со други,како да не било ништо помеѓу нас. Врати ми се,ми недостасуваат твоите лаги. Кога ќе ми кажеше дека имало многу девојки,но само јас сум го имала твоето срце. Кога ми беше ладно,ќе ме прегрнеше и ќе ми ја посветеше „Тамара’’ од Бајага.
Оф леле пак пропуштен повик од тебе ...ветувам ова последно што не кревам на време,ама јебига имав body building time Многу сум задишена сега ќе почекаш барем 10 мин да си дојдам присебе
Е многу ми се свиѓа твојава нова финта, секогаш кога ќе те прашам „Што правиш?“, да одговориш со „Еве, те сакам“ Знам дека не е твое, знам дека си го „собрал“ од некаде, ама прекрасно е Многу е убаво чувството Вицкасто мое сонце Just keep sayin' it, baby
На мене доволни би ми биле и само 5 мин.за да си ги исполнам сите желби со тебе.Би те гушкала со цела сила,би ти се умилкувала на градите и би те галела по вратчето.Колку ли само јас те сакам тебе љубави моја. А на 31.12 во 00:00 нашата годишнина - со многу љубов во почетокот на Новата...