иако правам се за да не згресам нисто на твоите родители па сто ти си во право ние за нас живееме не за нив те сакам
Се надевам ќе ти се исполни сонот. И мило ми е што денеска си поминавме убаво заедно. Ти си само мој бе
Не е фер, и не знам што да кажам?! Што ако кажам? ке смени нешто? Знам дека нема, ама што? Ке се помирам, ке помине.. со што ја заслужив оваа казна? немој да бидеш себичен и да забораваш на се, на целата моја љубов што ти ја дадов.. Ама излишно е. кога и да застанам пред тебе, морам да ти дозволам и ти дозволувам да биде по твое.,. Немам гордост, имав пред тебе, но више немам.. Среќен си?! Не сум патетична, депресивна ... мене едноставно ми е тешко.. И да ме боли, уште не знам што правам?! А не сакам да се помирам, знам дека не треба да биде вака, знам дека не сакам засекогаш да те изгубам.. А ти, се откажа.. А јас, го гледам целиот мој живот со тебе.. Ама... Ама?! http://www.youtube.com/watch?v=hMMnQbfQRCw Сакам само да ми кажеш дека се ке биде во ред.. само тоа
Не мислиш дека си зимаш малку преголема слобода??И не,не можеш да ми кажеш дека нема потреба такво нешто да ме повредува.Се повеќе и повеќе се прашувам дали ти си правиот избор или само уште една грешка за која сум се решила во период на измешани чувства.Имам чувство дека веќе не сме тоа што бевме.Доста ми е веќе од нервози со тебе...
Знаеш, понекогаш ми е страв од оваа претерана блискост што ја имам со тебе. За кратко време толку многу се зближивме. Меѓу нас постои нешто што со никој друг го немам доживеано. И знам дека се трудеш околу мене, гледаш мене да ми е убаво, јас да сум задоволна. Понекогаш мислам дека се’ ова е некаков си сон, од кој ќе морам да се разбудам. А, не сакам. Не сакам.
Со тебе немам потреба за страв. Не морам да тупам мозок дали толку се трудиш само да ме освоиш, а потоа ќе се смениш, дали ќе најдеш друга, дали сериозните муабети и планови со тек на време ќе се изменат... Сите четири години се покажа како најдобар другар за мене. Заедно седевме во паркот и молчевме, доаѓаше кај мене кога се чувствував лошо, не изговараше ништо кога те повредував, беше трпелив и упорен, иако често се наметнуваше. Но, едно е сигурно. Така како што ти светеа очите кога прв пат се сретнавме и ми кажа дека не ти е потребна друга до крајот на животот, таков сјај имаат и сега. И во оние моменти кога ќе ти кажев да прекинеме бидејќи не сум сигурна во твојата љубов и дали сме еден за друг, ти само возвраќаше - А за што се борев јас со години? Истиот си. Можеби само малку повеќе крут од што те повредија многу луѓе во периодот додека не бевме еден покрај друг, но истото мое детенце си. Кое мрзне додека ме чека и намерно ме закача за да се разгневам, бидејќи ми ја обожава таа налутена фаца. Постојаност. Ете тоа ми фалеше во животецов. А постабилен човек од тебе нема ни да сретнам. Те љубам.
Синоќа што заспав, заспав. Но, само да знаеш колку е убаво чувството - секој пат кога ќе се подразбудам, и ќе речам Ало, ти си таму. Секој пат кога ќе се разбудам, те слушам како дишиш. Иако знаеш дека спијам, сепак не спушташ. Сеуште чекаш, слушаш.
Не ми кажувај дека никој не те сакал како јас, клише е, а башка и Ноне тоа го пее у една песна. Не размислувам никогаш за мерка. Сакам или не сакам. Тоа е. Ама ти си маж, мора рационално тоа да си го доловиш. Ах, брее... Дојди си, да си ја гужваме постелата!
виде се сто правис е за твоите и на крај пак не им одговра стварно никакви се си се Чудам онолку години имат а не знат сто треба а сто не.
Ајде и уште еден во листата на блокирани.Според мене остана повеќе одколку што треба.Кога незнаеш што сакаш,незнаеш да комуницираш,и страшно ме нервираш со твоето пуштање на некој чуден начин,што да правам. Туку еден е веќе долго долго присутен онлајн.Чисто пријателски. Слушај знам дека многу ти се допаѓам,сам си го кажуваш тоа.Јас тебе те гледам како пријател,и знам дека кога ќе се сретнеме на улица едвај издржуваш да не ме бакнеш.Но никогаш не сум имала нешто со тебе ниту планирам.Извини но мислам дека тоа нема да го дочекаш јас јасна си бев.Само едно нешто премногу ми се допаѓа кај тебе.Тоа што си премногу упорен без оглед на се,што знаеш да одбереш прави зборови,едноставно не се откажуваш од мене бре.Незнам дали за тоа да се радувам или да се плашам.Ама мило ми е,ретки се таквите како тебе во мојот живот.Едноставно не можат да се справат со мене.Тој што ќе успее секоја чест,ќе му признаам секако. Биди ми поздравен и најди си некоја девојка која ќе те сака.А јас и понатаму ќе гледам да не те сретнам,за да не те повредувам.Сам се си знаеш,се ти е кажано.Значи без лажна надеж!
Не знам за доста кога сум со тебе. Не можам да се контролирам. A, оној муабет што го правевме денес.. Што ќе правам без тебе три месеци? Толку кратко се знаеме, а веќе успеа да ми влезеш под кожа. Што ќе правам кога сум волку приврзана за тебе.
Ми се раѓа таква желба да те малтретирам, што верувај не би можел да поднесеш. Тоа малтретирање знаеш како би завршило? Знаеш, знаеш.. Лижам прст и таааак, право во твоето увце! Те замислувам со слатко-кисела фаца, како пола саат си го бришеш увото.. Уфф.. Имаш среќа што нема да се видиме денеска, верувај ми! :geek: