Апсолутно ништо не ме интересира, што сум ти јас па ти на мене да ми се правдаш не ми е јасно? Фала, вака ми е поубаво
јас тебе не те свакам си правиш екскурзиички Скопје-Црна Гора, и секогаш кога си тука на мене ми пишуваш ај да се видиме да си ме стоплел,да сме пиеле кафе-мафе, чајче-мајче-што е бе фраерче не најде моја замена во ниедна со која си бил незнаев дека сум толку незаменлива и еденствена во твоето срце
Не требало да се откажувам толку лесно... разбрав дека како што треба да се трпиме во убавите периоди така треба и во неубавите... Не те пуштам... Иако многу уништивме... Како и да е, во животот нема пат за назад, само ми останува да уживам додека трае, но ќе внимавам да не запре... Убаво ми е. Ги обожавам тие мали борби во кревет, бркања низ стан, бакнежи во чело...обожавам кога ми приоѓаш како да ќе ме гушнеш, а ме дигаш, и како да сум над облаци.... најмногу од се ги сакам моментите кога ти спремам нешто за јадење и кркаме како гудиња заедно... гуденце... Те сакам... Да, те сакам !!!! http://www.youtube.com/watch?v=SOtd0_tSwMA
Отсекогаш ме разнежнуваа романтични филмови. Често ги гледав сама, за да можам да си плачам без некој да ме тормози за тоа. И сонував за среќен крај, кога главните ликови по низа перипетии, завршуваат заедно. Прегратки, бакнежи, солзи, лигави реченици кои делуваат толку реално. Хепи евр афтр, рајт? Сеуште има нешто магично во тоа бегање од реалноста. Си замислуваш дека ти се случува тебе и дека постои некој што те сака толку силно, дури и по цена на животот. Но, има нешто помагично, а сепак реално. Кога ќе се откажеш од саканиот за негова среќа, а тој нема да направи ни чекор подалеку од тебе. Не е како другите кои ги почитуваат туѓите одлуки. Не се помирува лесно и не се залажува дека брзо ќе те преболи. Најдобро, дури е толку сигурен дека и во вечноста те сака токму тебе, што ниту твојата несериозност, груби зборови, напати рамнодушност и потреба да бидеш сам, не го предомислуваат. Денот кога ќе му кажеш - Остави ме на мира, ќе те остави. Но наредниот ден, без да го повикаш, ќе дојде со чоколадо и ќе проба да те развесели. И најважно, ќе ти каже дека колку и да ти е конечна одлуката, ќе се враќа пак, ќе се труди, макар му бил потребен еден век. И што ме разнежнува сега? Ете токму борењето за она што го сакаш. Лесно е да се тргнеш кога некој те одбива, лесно е да се плашиш да не се наметнуваш, лесно е ако некој мисли дека те отсакал да не пробаш да го разубедиш и повторно да го освоиш... Тешко е да се остане и да се бори. Тоа ако не е вредно за восхит, не знам што е. Те почитувам како личност. Енормно многу. Во комбинација со љубовта која ја чувствувам, даваат извонреден резултат.
Какво лизганје направивте со другарти човек просто да ве гледа и да се смее , важно јас си фаќав сеир а за вас незнам дали баш најдобро се чуствувате, поздрав и се гледаме утре или можеби нареден викенд знаеш од понеделник почнуваат мојте колоквиуми но ај ќе издржиш една недела без мене. Те сакам највеќе
Јас те частам лесковачка ( и тоа голема со помфрит) а ти викаш не фала на диета сум Меѓу нас е готово (Не ни имало почеток , ама толку , готово е )
Дека ме нервирааааааааааа Две минутки почека додека мочкав и не сум респондирала на чат не ми се правело муабет и говедото се исклучи.
алохаааааа,не те барам бе,не се криј,ојјј кутриот сеа офф на чат колку време ќе бидеш,пред да сфатиш дека уствари не сум ни сакала да ти пишам
http://www.youtube.com/watch?v=AsYbYwKSvGw&feature=share Малку е катастрофа ама битно тоа е тоа што сакам да го кажам...рефренот!
И пак се случи.. Не ни очекував друг развој на настаните. Многу ни беше убаво.Многу. Утрово кога се разбудив и кога те видов дека спиеш до мене,си помислив добро зошто повторно... Имам многу прашалници над главата.Искрено едвај чекав да си отидеш и затоа упорно ти повторував дали планираш да си одиш.Не дека мене ми беше лошо,напротив ова беше најубавата ноќ во нашата историска врска,туку со секој момент поминат со тебе мене ми се создаваат нови работи кои уште утре ќе преминат во спомени и ќе болат. За се во животот најдов решение бре,само не за тебе. Против сите работи успеав да се изборам но не и против тебе.
Не знам чива е вината, дали моја или твоја или пак заедничка. А дали е тоа сега важно? Дали и ти кога размислуваш за мене можеш да ме обвиниш за нешто? Јас не можам. Не можам да те обвинувам ни тебе, а ни себе. Па го обвинувам времето, животот, судбината ако постои, некоја виша сила.. само за да не оправдам нас двајца..