Се изнаслушавме доста невистини. Твојот лик секојдневно се појавува пред мене. Те љубам,и преку тебе ја љубам и твојата алчност. И твојата дволичност. И твоите лаги. Не можам да се жалам на ништо. Можеби навистина имам убав живот. Не се жалам,само посакувам. Замислувам како би било да си покрај мене,во ваквите прекрасни моменти. http://www.youtube.com/watch?v=IaB9QywNCNc
фала ти што ке одвоиш време да ми правиш друштво за разговорот што следува за некој ден-ке имаш улога на телохранител гледам дека навистина си ме сакал, и дека стварно беше врска тоа што беше ама ете беше што беше.
Знаеш, имам очи, имам и уши, фала богу сум и доволно паметна да сфатам некои работи. Знаеш колку ми е смешно кога некои работи ке ги кажеш гласно за да чујам јас, и кога се правам на Тошо демек не сум чула и видела. И тој твојот израз на лицето кога се објаснуваш за нешто што знам дека не е вистина. Изненадена сум од тоа колку високо ниво на толеранција имам. Љубовта е слепа, нашата нема никогаш да прогледа. ...и сепак, траам се, секоја твоја постапка која ми пречи ја потиснувам во себе и ја носам онаа лажна насмевка а кога не ме гледа никој дома, е тогаш тоа е друга приказна. Не сум јас цвеке за мирисење ама да можеше само за момент да ѕирнеш во кратко во мене и да видиш каков хаос владее. Јас и ти нкогаш не сме имале длабоки разговори за НАС. НИКОГАШ! а треба. Бидејки, сум имала такви разговори, и знам колку многу зближуваат, дават чувство на сигурност, ја зголемуваат довербата. Ама ти си теле за тие работи, ти не знаеш да зборуваш за ништо друго освен за она што не не опфаќа нас. За глупости, за мачката, за казал-рекол муабети си прв. Ама она за што навистина треба, не знаеш да зборуваш. Уште потрагично е и што не ни пробуваш. Ти никогаш не си рекол из чиста мира Те сакам. Секогаш јас прва кажувам, или ако веќе ти кажуваш прв, тоа е кога се испраќаме накај дома и кога после бакнежот за добра ноќ настапува awkward silence па мора со некое тивко те сакам да разбиеш. Го мразам тоа. Од ден на ден се повеќе ти ги мразам недостатоците. Затоа што живеам за прости работи како оваа кажани од твоја страна а овие години се ретки како парите во мојот паричник. А, да. И ти недостигаат и сакаш да ги имаш сите оние работи кои ги нарекуваш глупости. Фејсбук, пијанчење, и зборување муабети без смисла а.к.а. флертување. Ти драги мој не си зрел за ваква врска, по која луѓето се во потрага цел живот. И немој да седиш на ФБ од кај братучетка ти и секој кој ке го остави отворен “случајно“, ако си машко направи си сопствен. Мене не ми треба, одамна не сум имала не сум јас онаа која правеше лажни профили... Уште да имав храброст да ти го кажам сето ова во лице и се ќе беше океј. Всушност немаше да биде океј, фино лепо по ова би дошло крај, а тоа е тоа што најмалку го сакам, но не значи дека нема да преживеам.
Со утринското гушкање си ме стопил ко сладолед на жежок асфалт. И сеа сум пак ко девојчуле, онакво збунето...најверојатно пак ќе ти се сокријам во прегратка за да не ме приметиш колку сум збунета
Те видов те засакав но во срцето ми е сеуште бившиот...Сакав да го заборавам но не можам ..тоа е срцето не слуша наредби..Ти си ми во мислите, а тој ми е во срцето..
Не, значи, не. Јесте дека си добар, ама брате мили, малку и забегуваш на моменти. Не, не и не, јас сум оупен мајндед, со сите дружам, поштувам секакви алишта, стилови, мислења, ама твоиве... Не и не. Премногу ми се да ги голтнам, жими мене. Идиот сум, знам, обрнувам внимание на се, посебно на надворешно нешто, може и повеќе отколку што треба, ама зошто бе? ЗОШТО? Е од вакви екцеси не знам што сакам со тебе и не знам што да мислам за тебе. Зошто на моменти ме тераш да се засрамам од тебе? Не правиш ништо лошо, знам, ама некои работи, едноставно... не се прават така. И точка. Ама врвот некна го достигна, па толку па... Тееееј.
Убаво беше денес нели? Јас и ти за рака во големиот град, уживаме. Така некако си го замислувам целиот наш живот. Знаеш ли што ми е многу убаво? Кога се држиме за раце и ти наеднаш ми ја стегнеш силно раката како да сакаш да почувствуваш дека сум тука, ете тоа ми е убаво. И вечер пак ќе си се гушкаме под ќебенцето. Те сакам.
ти манипулативен лажго да си до мене има да те снема не се викаш така како што ми кажа си сакал да ми кажеш ама не си знаел како што се лутиш што јас малку си го продолжив името ама не го сменив ко ТИ и што се лутиш што не можам да те аднам на ф.б-имам право на моја интима и + од партија се гледаат со кој како што комуницираш и најверојатно се мегу себе си раскажуваат е извини богами.
Голем човек си ти. Со огромно срце и душа. Широко отворени за мене, и дадени на тацна. Не можеш да замислиш колку ми значиш, каква поддршка гледам во тебе.....да барав, немаше да најдам човечиште како тебе. Сонце мое најмило
Неможеш ни да замислиш колку тоа ти можеш да бидеш прекрасен, романтичен, сладок... уфф не можам веќе да набројувам.. Синоќа се почуствував најсакано, најзаштитено...најубавоо ТЕ САКАММ!!! Остани таков, нежен,,,,,,,,
Никогаш нема да заборавам во каков сон бев кога го здогледав прстенот. Не дека незнаев за твојата љубов и не очекував дека некогаш ќе ме побараш , ама моментот беше сцена оф нем филм додека чекаш да одговорам , а јас чекам да видам дали сонувам.
А а а а,чекааааааааааааааааај,чекај,чекај,до тука ли стаса,абе ташак ни еден,леле,не ми солзат очиве поради тоа шо си заедно со неа,туку оти испаднав глупачка,ете поради тоа,а за тебе утре по сабајле.Абе добро бе дете,шо кур сакаше да ми пишуваш ако си се смирил со женската бе,мислам за шо ми пишуваше,за да тепаш време ли,за да си го ладиш ли,или????? А шо ќе беше еве вечер ако се погодевме на исто место,шо ќе направеше,како ќе изреагираше,а богами и јас незнам како ќе изреагирав,не дека ќе седнам сеа и ќе плачам,него ќе стоев пред вас и ќе се мислев можам ли да бидам поглупа???? И арно шо сестра ми не дозна за нас,сега којзнае какви предавања ќе ми држеше,а и баш затоа го скрив тоа од неа,и секој пат кога ќе подотворев уста да и кажам,си викав во памет не, овој пат сакам сама да наебам,без некој да заштити пред време,како што беше минатиот пат,и еве сега стварно се заебав самата шо мислев дека ќе бидеш барем малце по фер,дека нема да испаднеш некој идиот.....оф,оф,толку работи сакам да ти ги кажам,ама најважно дека можеш слободно да се ебеш во газ,и се надевам дека брзо ќе се скараш со женскава,оти баш ме интересира и тогаш дали ќе ми пишеш ја оплескав јас работата,сега сакам да го поправам тоа и сакам да ти ја видам ебената фаца,кога ќе ве видам заедно,ама мнооогу многу сакам,и да ти кажам право дури криво ми паѓа бе шо вечерва не ве видов,ту бе,иако сигурно во моментот оноа стомакот ќе ми се пресечел,ама твојата фаца бе сакам да ја видам,дали малце ќе се потресеш дека женска ти ќе дознае за мене...и не се секирај,ако те видам низ град ќе те одминам,без разлика дали си сам или со неа... и фала на сите понуди заедно да одиме на кино,во дискотека,на викенд,да ме шеташ во друг град,фала фала,шетај си ја нејзе...па и без срам ми рече бе да одиме наредниот викенд,значи еден викенд со неа,еден со мене цццццц,не ми се верува дека до толку си бил посран.... аа да да,и сакам да си кажам самата дека сум глупа,глупа,глупа,глупа,има ли поглупа од мене ?!? бравооо
Во кутијата каде ги чувам спомените одамна нема ништо ново. Веројатно зашто не сакав да ги помнам болните спомени од последниот период. Време е да отвориме нова, нели? Старата е преполна... Можеме старите да ги ставиме во поголема, па таму да се таложат и новите.. Се надевам дека оваа ’13ка ќе ни донесе среќа. И многу нови убави спомени во уште поголема, преполна кутија. http://www.youtube.com/watch?v=Nh1NlXky9D0