Преку глава ми е веќе од тебе. Преку глава ми е на секое карање да ме погодиш таму кај што најмногу ме боли, да го спомнеш тоа што го мразам кај себе, и после како ништо да не било "извини, не мислев така, бесен бев!" Е баш кога сме нервозни го кажуваме тоа што го мислиме. Во нервоза се познава какви сме и што мислиме за другите. Неможам веќе, преку глава ми е да се чувствувам несигурна заради тебе, заради тоа што ти ме навредуваш со цел да се осеќаш подобро за себе. Преку глава ми дојдоа твоите мочани извинувања после секое вреѓање. НЕ ТИ Е ОПРОСТЕНО!!!! Незнам ни дали некогаш ќе ти биде опростено. Ќе дојде денот кога ќе чукне часот па и ти ќе видиш како болело. А до тогаш, моли го Тој горе за прошка а не мене!
Само што те запознав ама полека, полека ми стануваш значаен и посебен. Вчера си поминав преубаво со тебе, се чуствував некако заштитена, така, покрај тебе, во твојата топла прегратка. Ќе чекам времето да ми ја открие мистичноста во твоите зелени очи и твојата двосмисленост, што ме остави замислена. Знај дека сакам да те запознаам подобро, да поминуваме повеќе време заедно, сакам да останам со тебе!
"...Чуствував дека тоа го има некоја друга. Тоа што некогаш беше мое, сега припаѓа на друга. Но не целосно, бидејќи еден негов дел остана во мене, крај мене засекогаш. Тој дел е она што ме бодри во оваа борба против времето и сите невојли. Тој дел е она што ми кажува дека ќе дојде времето кое некогаш беше само мое. Тој дел е она што не дозволува жаров во мене да се изгасне. Не нема да се изгасне, не нема да престанам да се надевам, не нема да престанам да се борам, ќе одам до крај. Животот е борба, а јас не знам да бидам губитник, затоа ќе се борам, и ќе победам. Само го молам ветеров вечерва да ги однесе овие мои зборови до ушите за кои се наменети. Нека снегулките ја пренесат мојата желба за враќање на времето... " [url=http://ljubovnicitati.wordpre...ubovnicitati.wordpress.com/201 ... %B8%D0%BA/[/url]
незнам... измешани чуства...нз шо се случува со мене.. стварно нз.. бтв пиши ми ајдее нема шанси јас прва да ти пишам хихи..
Сакам да си сега до мене, да те гушкам така убаво како во петокот и секој ден да ни е таков. Многу те сакам, маченце мое
Пред некое време не си ни помислував дека ќе се најде некој кој ќе ме држи будна да речеме 20 од 24 часа дневно.Будна сум затоа што кога спијам, не знам дали ќе те сонувам тебе, вака кога сум будна цело време ми шеташ низ мислите и знаеш, ти се восхитувам како успеа да ме натераш да се зацапам до толку во тебе. Сериозно,немаш појма колку те сакам. И сликава ми е фејврит. Срциња фрчат на сите страни.
Еј...обврските и работата ни се буткаат во моментите за нежности и тоа ме нервира. Ама и секундите со тебе ми се важни. Неколку погледи и на јасно сме кој на каков бран е. Верувај ми, не престанато. Со останатото ќе се избориме.
Мојата љубов и омраза кон тебе се бесконечни. Одам од крајност до крајност, од преголема љубов до преголема омраза за тебе. И за сè си ти виновен.
Се чувствувам лошо и виновно што денес остави се за да бидеш со мене и тоа час, два на скајп. Ризикуваме многу, можеме многу да изгубиме, ова е забрането и слатко. Го сакам погледот со кој ме провоцираш додека муабетиме и оној сладок потсмев под мустаќ. Сакам кога си играме со зборови и веруваш дека ученикот ќе биде подобар од учителот. Но, вечерва кнедла ми застана во грлото, дали е ова исправно?