Мило ми е што пак сме на старо,што пак гори нашата љубов,што се брлајме како мачи дечиња и што не ни е гајле дали некој не гледа и што мисли за нас.Кога те тепкав со снежни топки се чувствував како мало девојче,се вратив назад во детството.Сеуште во мене постои и живее тоа мало девојче,а ти го заживеа пак и ме натера повторно да се радувам на малите нешта кои што се огромни заедно со тебе.Секој миг е свет со тебе,сакам да имаме се заедно и како што ми кажа секогаш ќе бидиме матуфи,па и нашите делиња ќе се матуфи ко нас .Убаво ми е кога после секоја караница чим се видиме забораваме на се и бакнежите се постратсни и поврели,потребно е само еден наш поглед за да се заборави на се.Како што ми кажа ти,и јас не сакам никогаш да се караме и да ни биди лошо.Сакам да имаме само убави моменти,а ќе се потрудам да е така,знам дека и ти.Те Сакам Најбескрајно мило мое .
Се мислам дали да ти ја купам книгата која стално ја ловиш со поглед низ полиците, или поголемо количество гумички за да ни се најдат. Арно би било и двете, едното по секако ќе го користиме, книгата по секако ќе ми дадеш да ја прочитам откако ти ќе ја прочиташ, така да ... Дедо Мраз не штеди на тебе, беше добро момче годинава.
Одсекогаш си се восхитувал на мојата способност да те гледам во дирекно во очи и без да изустам збор да ми признаеш се.Така се случи и вечерва,воопшто не сум ти крива.Ти благодарам што се си кажа.Можам само едно да ти одговорам на тоа...ми се гадиш!
Знам бре љубави, дека ти мене неможеш да ми се лутиш , те сакам најмногу и сакам да ме заедно секоја секунда минута, знам дека овие денови ја искомплицирав али потруди се и ти да ме сватиш. И синоќа толку ми се допадна твојот говор бидејќи имаше дози на хумор . Те сакам и знам дека секогаш ќе бидеш тука до мене те најсилно те онака знаеш по нашки страствено, и се разбира да не се повторувам по којзнаа кој пат ти тоа го знаеш и те најмногууууууу !!!!!!!!!!
Кој би рекол дека сме на почеток? Кој би рекол дека после се мојот мозок ке даде зелено светло во врска со тебе? Јас те сакам, и колку сум опуштена, колку сум опуштена од секаков страв и колку сум сигурна, не си свесен.. И колку ми е најубаво спиењето, будењето со тебе, и постојано сум насмеана, постојано мислам на тебе.. Те гледам како да си ми принц од бајките И за крај не можам да ти го опишам незаборавното чуство на апсолутно блаженство по водењето љубов
мило мое.. можеби на моменти не можам никако да те разберам, но мојата љубов кон тебе расте се повеќе и повеќе .. единствен си!!
Солзи ми доаѓаат во очите што помислам на тоа дека ќе заминеш уште малку. Ќе не делат илјадници километри, скоро 3 месеци. А, се навикнав на тебе. Ќе биде тешко, ама оди, за твое добро. Јас ќе те чекам.
Убаво ми е кога те прашувам дали годинава ќе ја меморираш како среќна или повеќе исполнета со негативни случувања, и покрај тоа што знам дека ја доби првата плата и првата принова во семејството, ти ми велиш - Па, прво те добив тебе. Сакам да ме научиш како успеваш кога ќе ти се соопшти лоша вест, да ја задржиш насмевката и претходното расположение. Велиш - Тоа што не ми се допаѓа, не го примам, си ги чувам само убавите моменти. Ако ти кажам дека чувствата ми се менуваат, како е можно да не ти влијае? Ако ти кажам дека немам иста желба и исти размислувања за тебе, како тоа само ме гушкаш и си убеден (а не се тешиш) дека е минливо? Како успеваш и реалното да го претвориш во невистинито, тагата во среќа и на крајот тоа реалното, поткрепено со милион факти и докази и неможност за промена, да испадне по твое и да заврши со среќен крај? Ти се восхитувам, живееш далеку поедноставен и живот со помалку нервози и негативизам.
Намерно те критикувам, за да иако ја немаш таа особина, никогаш да не ти се пројави. Јас те обожавам тебе смотан, и престани да го тегнеш Том за бркови, да не те оптегнам јас тебе.
Се запрепастив кога видов дека си ја сменил нашата профила слика Знам дека ја претерувам и те разбирам,понекогаш секој човек има потреба да биде сам иа да расчисти со своите мисли,ништо лично верувај не сакам да те загубам !
Не сум среќна... А сакам да бидам ! СО ТЕБЕ ! Не знам што ти се случува...нека заврши побргу. Те молам биди тој што беше. Ужасно ми недостасуваш Нека не те зачуди моето ладно однесување. Се надевам ќе сфатиш на време и ќе се подобриш, во спротивно ќе биде подобро да не се измачуваме. Ми недостасуваш ! Те сакам ! https://www.youtube.com/watch?v=dh6JSLgGo1Q
Знаеш не си прв што тоа ми го вели,ама го кажа со некој посебен тон. Ахх сите сте исти,а сепак различни... Додека еден ме повредува,а притоа не се ни извинува,друг пак гледа на секој можен начин да ми се приближи...
Знаеш дека секогаш ќе сум крај тебе и ќе ја имаш мојата поддршка во се мило мое.Ужасно ми е бидејќи не можам да ти помогнам на друг начин,но сакам да знаеш дека поради тоа што се случи може да ја одложиме веридбата јас ќе те разберам,и самата ти го предложив тоа.Доколку тоа е еинствениот начин да се исплива нагоре ќе им објасниме на моите,ќе разберат верувај ми како што те разбирам и јас.Се би жртвувала за тебе само да си ми среќен и да немаш ниту една грижа.Иако си далеку од мене верувај дека сум до тебе и со тебе цело време,секој миг сум во мислите,кога си ти тажен и јас сум тажна,а кога си среќен јас сум уште посреќна.Заедно до крај,без разлика на се засекогаш,се сеќаваш на овие зборови?Епа сега сум уште поуверена дека тоа ќе е така вечно.