Ќе ти кажам тајно, една вистина Ништо не е трајно, па ни љубовта.. Знаеш, додека ги слушам овие стихови на Тоше наш, се прашувам, можно ли е?
„Ветерoт дува, сливите паѓаат, свињите ги јадат за да не пропаѓаат, а мене твоите очи многу ми се допаѓаат. Иако светат како фарови од џип ти си навистина прекрасен тип.“ Отсекогаш сум била многу романтична
Три работи се потребни за добра врска: очи кои нема да плачат, усни кои нема да лажат, и љубов која нема да умре ...
Искрено да ти кажам сакам кога си имаме слобода во врската без притисоци и без кавги. Сваќам дека сакаш да излезеш и без мене како и јас . Какви парови има што знам , многу сум си горда на нас! Се сакаме , си веруваме и си даваме простор еден на друг без загушувања и такви работи. Искрено душо најубаво да си поминеш денес на забавата , го заслужуваш тоа после толку работа и само работа. И не заборавај ТЕ САКАМ!
Кога ќе помислам на нас сите молитви ги изговорам на глас во еден здив и и само така си до мене засекогаш.
Не е важно што морав да одам скоро 3 километри за да те видам, не е важно што надвор е мразарница, не е важно тоа. Јас морав да те видам. Морав. Знаеш како ми е кога имам потреба од некого, од само една единствена гушка. Знаеше, и сега пак знаеш, дека за да те гушам и светот ќе го пешачам, по тренерки и патики, на - 10 или повеќе. И да, се смУзнав. Ама тоа не е важно. Важно јас и ти се изнагушкавме, пред сите, пред моите, пред твоите.
Чудно е како откако почнав да те игнорирам ти започна сè почесто да ми пишуваш. Колку што ми е убаво, толку и не ми е затоа што на некој начин целиот труд што го вложив во тоа да те заборавам и да почнам да уживам со оној кој верувам дека го мразиш, сега ми паѓа во вода и не ми вреди ништо. Не вреди ништо затоа што сега повторно мислам на тебе, повторно нè пронаоѓам во песни, повторно добивам пораки од тебе и повторно треперам кога ќе го видам твоето име на екранот. Пораките од тебе повторно ми значат нешто повеќе од оние кои ги добивам од другите. Ги сакам пораките кои ми ги праќаш без разлика за што имаш пишувано во нив. И да е нешто глупаво и да е нешто асално, јас повторно ги сакам. Посебно оние кои ми ги праќаш во ниедно време, во четири/пет сабајле. Без разлика колку е саатот и која е причината што си помислил на мене, барем си помислил. Секоја порака си ја чувам, веќе меморија немам на телефонот поради твоите пораки. Ама немам срце да ги избришам, макар и оние глупавите пораки или оние со две-три точки во нив. Секоја порака има посебно значење за мене, затоа си ги чувам и одвреме навреме си ги препрочитувам. И се смеам... или заплакувам и не ретко се навраќам на денот или вечерта кога си ми пратил одредена порака и се присетувам на тоа како сум се чувствувала во моментот кога сум ја читала. Ко за чудо успевам да се присетам на секој проклет детаљ. Се сеќавам на тоа како сум се чувствувала, што сум мислела, каде сум била, со кого сум била, што сум правела, на кого сум ја покажала пораката... ете затоа не можам да се одделам од пораките, а и од тебе.
Посветено до целиот машки род : - Ма не се менувам бре ! Сум и ке останам такво копиле ко што сум. Take it or leave it Spoiler .!,
Хмм ти господине близнак се послужи со мал трик само за да ме видиш? Јас тука се мрзнам по ладното мислам со кој ли треба да се сретнам,кој ли е тој,на кого треба да предадам нешто...а тоа си бил ти. Добро знам дека ти се допаѓам,нема некој што не примети.Ама да знаев дека ќе бидеш ти немаше да доаѓам Туку тој колегата твој како ме гледа под око,чиниш ќе ме изеде со поглед. Која привлечност ја има меѓу нас...ама од мене чекор не се очекува. Јас ќе чекам кога сам ќе си признае.
Одлучив, да останам во Скопје овие викенди пред Нова Година, и сега сто пати се премислувам. Те слушам и сфаќам дека ти недостигам. Сакам да сум со тебе, сакам, ама обврските ме напаѓаат од сите страни. Понекогаш е тешко вака, ама ако. Ќе издржиме ние, многу работи сме издржале заедно. Знам, чувствувам дека од јануари пак ќе можам да те гушкам, секоја вечер... Се надевам... Ме правиш среќна, ме исполнуваш, не ми даваш за ништо да се грижам. Што да посакам повеќе? А!