Тешко е да си одолееме еден на друг, но подобро е вака. Се чувствува онаа напнатост како пред бакнеж, па гушкање и лежење во скут. Си се наоѓаме еден на друг како добро друштво. Па што биде нека биде, само бакнеж пребрз да не расипе се.
Како да одолеам и да не ти направам од онаа моја тортица со цреши, макар и во 1 по полноќ? Како да одолеам на трошките кои ги збираш додека мрмориш и даваш издишки на сласт? Наздравје, ама да знаеш, знам и јас да барам мали слатки задоволства,онака ненадејни, така најслатки се
Телефонов е многу паметна работа. Само треба да знаеш да ја користиш. Мајку му, не ме барај, ама една порака прати ми да знам дека ти сум на ум. Море само едно прати, мене ми е доволно. Знаеш дека јас нема да те побарам, не ја играј оваа игра со мене.
Ќе ќутам и ќе се давам во солзи дур не заспијам,и онака второто ми е ритуал секоја вечер.Кога кажувам што не чини јас правам да се караме и секојдневно те нервирам,ајде отсега па натаму ќе ќутам може ќе е подобро,зошто полошо не ни може да биде.Цела болка ќе ја носам сама,само ти биди среќен.Убаво е да кривиш некој друг за тоа што ти го правиш,знам.Не,не плаќаш ни малку за тоа што го направи,не ни сакам да ти вратам.Бар да покажеш дека се каеш,да покажеш малку разбирање.Не е лесно,знаеш? Знам дека не знаеш,нема ни да дознаеш,не од мене.Ама кога слепо веруваш на некој и кога тоа што најмалце го очекуваш ќе го добиеш од него,тешко е да замижиш и пак да веруваш.И нема да заборавам,секој ден боли повеќе.Да можам би заспала и никогаш не би станала,будна го живеам тој лош сон.Биди среќен само,да не биде залудно тоа што ќе го носам товарот со мене,а она како сенка ќе оди каде и да тргнам. Проклета да е оваа љубов за тебе,проклета да е она, и ти,и јас.Ме разочаруваш се повеќе со секој нов ден.Само не знам зошто се мачиме,и онака кога тогаш ќе кажеш дека сум ти преку к*р,ќе потрчаш кај друга,можеби пак кај неа..и пак јас ќе бидам причината за тоа.И мене ми е дојдено преку глава,а уште сум ти верна.Кога ти се тешеше со неа,јас се сеќавав на нас..џабе е се,таков е животот,такви сме ние,кажано е се и упорно премотуваме од почеток.Отсекогаш верував дека после се има нас,верувам пак и уште те сакам како некогаш..само се прашувам што вреди тоа..
Епа незнам што уште да ти кажам. Преку 10 пораки ти пишав денеска. Едвај чекам да се раздени да си дојдеш и гласот да ти го слушнам. Те сакам мило мое, абе не мило НАЈМИЛО си ми да знаеш. Те сакам што знаеш да направиш да се чувствувам прекрасно како во облаци. Сакам кога ќе ме гушнеш пресилно и ќе ми кажеш „Еве вака сакам цел живот да те држам в раце и никогаш да не те пуштам“. Сакам кога ме масираш, кога ми купуваш чоколада, кога јадиме заедно, кога гледаме филм стуткани под кебе, кога се тегниме за даљинското, кога ме чешкаш по косата и јас полека заспивам. Сакам дури и кога се караме. И тогаш паралелно те сакам. Абе секако те сакам бе злато мое. Леле кога ќе ми те видат очиве има 30 минути да те гушкам и збор да не ти зборнам...
Би живеела со тебе само за да пиеме кафе пред да одиш на работа, да ти ги закопчувам копчињата од кошулата и да бидеш почетокот на мојот ден. Многу сакам што сме патетични заедно на моменти. Се плашев дека нешто се сменило додека не бев тука. Сега сум мирна. Истиот си, истите сме, исти се и воздишките. Само сега сме со едно ќебе повеќе Е, ваква сум кога ме оставаш
Сношти кога си легнав се потсетив на тебе како ме галеше во косата додека да заспијам на сите изненадувања кои ми ги приредуваше , му го завртив грботи и почнав да се давам во солзи, што зарем ги заборавив лошите моменти додека бев со тебе зошто по толку време јас се расплакав за тебе до мене спие најубавиот маж на светот и од него имам прекрасно бебенце , зошто ме растревожуваш кога те немам видено 2 години знам дека те повредив на крајот ама ти ме повредуваше 4 години. Прости ми уште еднаш ,потајно сакам да те гушнам и да те мириснам .
не ми глуми лудило дека си фин и толератен оти те знам како дишеш неможеш ти со мене-колку и да се обидуваш, нема да ме предомислиш и точка. а што не сакаш да си бараш моја замена тоа е твој проблем не мој
знам дека денеска се слуЧува несто тажна сум сто не ми кажа кога се планирало ова,знаес дека сакам се заедно да делиме а ти вака направи знам дека има несто тука да знаес дека ме растажи иако веке стом го направи тоа може не тие важно
Би сакала да имаме вакви шолјички. Не` симболизираат нас. Целина се само кога се споени. Некој би рекол дека многу те сакам. Јас заклучив едно - јас само ја сакам љубовта. И да постоел некој друг во мојот живот, ќе ги имав истите мечти, истата креативност кога се работи за нас, бидејќи постои само еден начин на кој јас знам да љубам - со цело срце!
Ооо ѓубре едно, ќе ми спушташ. Ти можеш во 2 саат навечер ноќни сеанси да ми држиш и да ме будиш, па уште ко дете мало ќе го тегнеш муабетот на долго и широко, гледаш дека сум сонлива. Ќе видиш вечер на кого телефонот на сајлент ќе му биде, па биди и романтичен на Вип секретарката. What a jerk.
Синока сфатив колку многу ти значам,колку многу ти беше тешко што ти бев налутена. Не се откажа додека не ти вратив на сите тие повици и пораки. Ме радува што се трудиш толку околу мене. Но,големината на мојата љубов кон тебе ми помогна да ти простам. Се надевам дека во иднина нема да ги има тие недоразбирања.