Мече мое ,да видиш што ти купив само .Ахх со душа чекам да видам колку многу ќе се израдуваш на тоа.Ми се наполна душата бидејќи ти купив нешто што знам дека многу ќе ти значи и ќе му се радуваш како на мало детенце.Те копка што е тоа што ти го купив знам,ама ќе те држам во неизвесност се додека не го видиш со свои очи .Лоша сум знам, ама нема да е ист афектот ако ти кажам што е тоа Само уште за другото нешто што го смислив да соберам пари за да ти го купам и се ќе биде во најдобар ред.
Кога би можел да дознае... Ме сакаше.. Нели ме сакаше? Премногу.. Така ли е? Секој ден ми повторуваше „Те сакам“, а јас, ахам, да, и јас тебе, додека не дознав што всушност значело „така“ да сакаш. Јас се заљубив. И самата се чудам на таа помисла, се заљубив, а во кого?! Во момчето со блескаво сини очи, во чии очи можев да се видам вистинската јас. Тоа делче од мене што знае да сака. А ти? Што ти гледаше во мене? Предмет! Предмет што после некое време станува бескорисен и го фрлаш, го фрлаш некаде далеку од тебе. Знаеш, те засакав таков каков што беше и никогаш од тебе не побарав да се промениш, секој дел од тебе ми кажуваше по нешто посебно. Слепо ме натера да те сакам. Ми рече, спремен сум на се со тебе, без разлика на тоа што толку сме различни. Ми требаше време, и јас бев спремна, конечно бев спремна на се со тебе. Да го оставам тој што најмногу ме сакаше, да го повредам него и сите други што ми значеа за да бидам со тебе! Среќна, тој ден ти пишав што правиш, сакав да ти кажам, да ти речам Ќе бидам со тебе! Но што? Ти ми рече дека на плажа уживаш со неа, дека ти е многу убаво. Се пресеков. –Добро, реков, а воопшто не се чувствував добро. Што сега си помислив, дали е крај? Знаев дека беше. До мене имаше едно ранливо суштество, а и јас бев ранета, чувствата, душата. Се ми се распара. Го искористив тоа, го искористив моментот. Наеднаш двајцата се најдовме еден спроти друг и се се случи така ненајдено, неочекувано. Си реков, ќе го засакам, зашто знаев дека тој ме сакаше. Но не успеав, Никогаш повторно не успеав да те исфрлам од мисливе. Во секој нов ги барам само твоите очи, тој поглед во нив. Пробувам да се пронајдам самата себеси. Предметот што ти го фрли во корпата го најде друг што мислеше дека ќе му користи. Во ниедни очи не сум иста, во секои нови гледам празнина, ништо повеќе, не како во твоите. Помогнете ми, повеќе пати побарав помош да те заборавам, но неможам. Не успевам. Си мислев, дали ако се оддвојам од овој свет, дали тогаш ќе те заборавам, но со секој нов ден гледајќи те од небото се повеќе ќе се заљубувам и умирам во себе. Што со тоа што сега те гледам секој ден? Секој ден во мислите. Знам дека ништо не е како порано, знам дека неможе ништо да се смени, знам дека повеќе никогаш неможеш да бидеш повторно мој, но едно знам со сигурност, ЈАС СЕУШТЕ ТЕ САКАМ!
секогаш некој друг КРИВ за све!! никогашбратче за ништо не си крив се чудам како може да имам раб со светец?!
Те имав. Се со тебе ми беше малку. Барав уште, уште и уште... Сега кога те изгубив сфатив дека и тоа малку ми било сосем доволно ! И да, те сакам назад. Потребен си ми повеќе од кога и да е !!! Знам, згрешив. Нема да ти го признаам ова, ама... Врати ми се Сакам се да биде како порано. Сакам да си бидеме истите. А јас, ќе се променам и нема да ги правам истите грешки. Мислам дека ја научив лекцијата овој пат, немора волку да ме измачуваш...
Како можеш да кажеш такво нешто, знаеш ли колку ме повреди? Ништо не барам, ниту барав од тебе, за едно мочано прашање, ова го добив како одговор од тебе? Ова не е нож, секира ми збоде, доволно ми кажа. Ако со такви очи ме гледаш, нека ти остане спомен од мене.
Премногу нервоза има денес во мене .. за тоа ти си заслужен Алал да ти е! Срце си Како не ти е страм какооо? После ќе се скараме ама јас мора ти го кажам ова што е во мене мора... И еве ваква сум сега без емоции , без чуства , без осет за ништо
Знам дека сум "многу" интересна кога сум нервозна,ама кога ќе решиш да ме нервираш само за да ти биде тебе интересно-мисли малку и на мене!Нека има некаква граница ова твоево,за друг пат да не заврши како денеска
Сакам ниоќва јас и ти да сме сами некаде каде што е мртва тишина и онака те немам видено една недела конечно денес се видовме но барем подари ми ја и оваа ноќ
Најверојатно ќе помислиш дека е уште една значајна одлука донесена набрзина, без размислување. Се повлекувам. Бидејќи ако останеме заедно, целосно ќе ја убијам твојата љубов кон мене. Не знам да те ценам. Се обидов. Се навикнав да се карам кога ќе ми текне, да кажувам зборови тешки само јас да се испразнам, а потоа да ти се извинам и да го прифатиш тоа. Да доаѓаш да ги средуваш моите срања. И со целата таа злоупотреба, не сакаш да признаеш, но знам дека ти се намалуваше љубовта. Нема да се променам. А не сакам ни врска во која ти ќе ми го вртиш грбот ко сега, ќе ме оставаш сама без да провериш како сум, за да научам како треба да те третирам. Не мора да се мачиш со игнорирање. Нема да прифатам дека само така знам да функционирам во врска. Нема тој да е единствениот начин да ме добиеш. Те оставам. Или ти мене. Како и да е. Биди среќен. Си ги сакам солзите, знаеш? Бидејќи значат дека имам за што да жалам. Сеуште ми значиш, иако на моменти се сомневав. Не се каам за ништо. Нема да кажам дека ќе се смени се` само да бидеш истиот од порано. Бидејќи кога пак ќе ја покажеш добрата страна, ќе бидам истата кучка. Немам образ да те молам за прошка. Имам само разум кој ми вели да бегам подалеку, да те оставам да бидеш среќен, а јас да си патам сама во својата несреќа. Никогаш не сум се жалела, ако нешто свесно сум направила. Имам срам да те оставам на мира. А ти, те молам не се враќај по мене.
душо моја,единствен мој...ти си ми се во животот...ти благодарам што си секогаш тука за мене,што ме сакаш...за сите прекрасни моменти...добра ноќ,те сакам најмногу!