Знаеш, после милион секунди оддалеченост, сакам со тебе да ја поделам близината и тишината. Да ги испреплетам прстите со твоите, да ти ја доближам насмевката и да го впијам мирисот на твојот парфем. И да те бакнувам. Долго. Се додека со бакнежите не ти раскажам колку ми недостигаш кога си одиш.
Вечерва се искаравме многу.. Ме заболе срцето.Ги пуштив најтешките солзи досега.. За тебе беа. Од каде да знам дека веќе нема да го направиш тоа како денес.. Ми вети, знам паметен си и разумен ама тоа денес што го направи баш и не е толку разумност... И... знаеш зошто секогаш после караници те сакам... ? Си ја сваќаш грешката,се каеш и се извинуваш. Биди таков секогаш. Сакаше да те сакам секогаш, без разлика што ќе се случи.... Ќе те сакам... Засекогаш.
Глупак, селанец, смрден, клошар, ѓубре никакво. Како можиш бе во секунда да ме изнервираш? Ааааа ќе си го добиете сите вие еден ден! И не ме интересира дали си скокал и си се тепал за мене, не ти верувам. Глупав! Како можи онакви луѓе да почитуваш? Па нив од дома не ги сакаат ти ќе ги сакаш. Просто дете бре! Ми ја расипа цела убава вечер, кретен! Уф СЕЉААААААААААААААКККККККККК ТЕ МРАЗАМ !!!!! Створење никакво сега најде да ме нервираш? *смајлиштопокажувасреденпрститоанекојподолгиподебел* НА .!. Дебил! Spoiler Ми олесна
Јас и после се ТЕ САКАМ! Абе тоа е,ајде кажи му на срцево да заборави се,џабе ќе е. Уште од денот како овој пред шест години,кога прв пат те гушнав,сеуште сакам да те гушкам и да сум со тебе. САкам таа прегратка вечно да трае. Таа прегратка од 2-3 минути ми го сврте целиот мој свет,како никој д анемаше околу нас,како да не спои засекогаш...Памтам колку беше ладно,а ние горевме од љубов,во очите имавме искрички што светеа повеќе од сите украсни сијалички наоколу And when you kissed me,a magic happened! А таа магија трае сеуште. Ти самиот ќе ми кажиш дали е тоа така и за тебе. Јас верувам дека е. И после ќе речат не е така,вие сте луди,не веруваат...Ама не ми е гајле,јас верувам. Колку кавги и да има,колку и да сме лути,колку и да се нервираме,секогаш се бараме. Знаеме да претераме,ама да не би била далечинава,не би било тоа така. Ама,можеби и немаше да издржиме толку да бевме еден покрај друг,вака повеќе си недостигавме. И сеуште ми недостигаш.А кога ќе сме заедно,е тогаш ќе сум најсреќна.Се надевам да го дочекаме и тој ден ТЕ САКАМ!
Луди сме двајцата бре, луди ама од љубов. Леле колку само сум зависна од тебе неможам сама да си поверувам. Можно е бе ?! Ах не требаше да те пуштам да си одиш. Требаше да останеш на спиење. Уфф колку те сакам не си свесен бре Тупафко мој. Те сакам сега и во вечни векови АМИН !!!
сакам да те мразам после што ми направи,но ја се уште те сакам,не можам да те заборавам,не ми се верува дека уште мислам за тебе,секоја секунда во денот,никогаш порано не ми било вака, оди си веке,остави ме,каква е таа порака што ми ја прати сабајле,добра нок Те мразам да знаеш ке те заборавам еден ден и ќе бидам МНОГУ СРЕЌНА !
Пред некој период мојата глава мислите ми беа испреплетени!Ми докажа дека ме сакаш,прифатив без никакви чувства.Подоцна сватив дека ти си ми се!Кога го сватив тоа?!Го сватив откога помислив на тоа дека животот ке не раздели на две различни страни.Нема да се разделиме дека ние тоа го сакаме,туку животот тоа го сака!Од тој момент помислувајќи дека немаме иднина секој ден те сакам се повеќе и повеќе.Сношти кога конечно после кизнај колку време паднав во твојата прегратка посакував никогаш да не се оделам од тебе! Ти си тој за мене,ти си најдобрата личност која некогаш сум ја сретнала,најискрената,најмилата! Никогаш не сакам да се одделам од тебе!Те сакам најмил мој!
Иако постојано мислам на тебе,иако повторно се би наппавила за тебе...не би ти кажала. Можеби грешно постапувам,можеби премногу сум самоуверена дека таа твоја љубов кон мене нема да престане,но неможам да прозборам.Знаеш дека искажувањето на емоции кон тебе ми била најслаба страна.Секогаш преку ситуации си го сфаќал тоа.Никогаш преку зборови.Никогаш... Можеби овде сум погрешила најмногу.Но и тебе тоа не ти беше некоја јака страна.Освен кога и двајцата сме биле пијани,па неможеме да се искажеме бидејќи има премногу работи кои никогаш не сме си ги кажале. И додека ми летаат пеперутки во стомакот од песните,не превземам ништо.Само знам дека од следната година 2013,ќе пробам да се оттргнам конечно од тебе.Знам пробав многу пати..Ама неможам бре,неможам. Знаеме дека таа љубов не престанува,а никој не превзема ништо за некои работи да си дојдат конечно на свое место.. Секогаш гордоста не водела.Гордоста и не уништи.
Добро, не мора да ми се извинуваш. Знам дека несвесно го правеш тоа. Сепак, 4 години со неа не се малку, а напротив. И знам дека не сакаш да ме повредиш, ама ме боли сепак. Ме боли кога ќе речеш: Јас кога одеше со.. Толку спомени си имал со неа, но се’ тоа завршило пред 2 години. Самиот кажа да го оставиме минатото зад нас. Ти значам, ме сакаш, го чувствувам тоа, ама сепак нешто внатре не ми дава мир. И понекогаш си мислам дека џабе се оптеретувам со ова. Можеби и навистина џабе се оптеретувам. Не сакам да ја спомнуваш, не го спомнувам ни јас него. Така се договоривме, да го оставиме минатото зад нас, да ја гледаме сегашноста и иднината. Тие не се таму, нели.
Утрово ме разбуди со најубавата порака на цел свет.. и once again you made me feel like the luckiest woman in the world.. Знам дека се ке биде во ред,и знам дека те сакам многу.. и би те гушкала, бацувала непрестано, долго, толку долго само за да сватиш колку ми недостигаш кога не си тука
Па пироман сум, па што ?! Пироманче, како што ме викаш ти. Сапрајс беше синоќа, не ме очекуваше до толку бесна. Богами, се вцрве и се исплаши, ама гушката моја те смири, знам. Ти го почувствував срценцето и како се смири неговото биење. Беше бум-бум-бум-бум, а потоа бум-бум, бум-бум..