Те запознав баш онаков каков што и си. Беше целосно искрен. Затоа бев и јас со тебе. И целосно ти се отворив... За прв пат во мојот живот. Таков и те засакав. И не сакав да се промениш. Бев со тебе и не те оставив ни тогаш кога беше најлош. Пробав да ти ги отворам очите, да воочиш каде грешиш и дека тоа што го правиш е погрешно... Не успеав, но сепак останав. Ти бев најдобра ??? Па секако дека ти бев. И ниедна нема да го прави тоа што го правев јас. И не, не ти го вадам тоа низ нос. Не се каам и да се врати времето јас пак би го направила истото без размислување ! Многу лошо глумиш миличок, мнооогу ! Не ми е јасно кого се обидуваш да излажеш, мене или сам себе ?! Како демек готово, ме замени... Како демек го заборави за една вечер она што го создававме 9 месеци... Како демек ја сакаш неа, а буквално пред само неколку недели ја запозна... Хахахах, ма дај бре не ме смеј ! Одма почнаа да постираат кај тебе и нејзините другарки... Ти не сакаш така, всушност го мразиш тоа и се чувствуваш врзан. Ги правеше оние фаци кога ги пишуваше коментарите, нели ??? Не може ни една да ме замени, затоа што НИ ЕДНА не е ЈАС ! Затоа што ЈАС ти бев НАЈДОБРА и НАЈДОБРА ќе останам па ти прави што сакаш и со која сакаш. Само ќе се измачуваш себеси и ќе сфатиш колку ти недостигам. Колку ти недостигаат дури и моите маани... Само касно ќе сфатиш. И да те прашам, кога ја испраќаш и се враќаш дома, легнуваш да спиеш... НА КОГО МИСЛИШ ???
Sи се прасувам себеси како љубовта на мојов живот може исто времено да биде мојот уништувач??? Zарем не можеме да бидеме срекни? Kога од моја страна се е направено... Mа што ти е бре ајде малце биди маж што сака немам усте 1000 години живот... Aман жити се
Се сеќаваш кога ми велеше: "Не знам зошто, ама со тебе ми е најубаво од било која до сега што сум бил. Јас не сум ист со тебе, јас сум поинаков. Поинаку се однесувам, не можам да се препознаам, прашај ги другариве, не личам на себе! Ми носиш и среќа..". Да ти кажам, тогаш растев како квасец! И сеуште растам што барем до сега, тоа си го почувствувал само со мене
Не те знам како ваков, да останеме и да продолживе вака,не ми треба ништо повеќе. Многу ми е мило што не донесов погрешна одлука.И покрај сите грешки ти си пак тука и знам дека секогаш ќе бидеш,без разлика на се. Те сакам баш ваков каков што си,тоа го бараф од тебе! Фала ти.
Аман бе! Што ти е, што сакаш,до каде со оваа болна љубомора??? До когаа??? Неее, треба очигледно нешто да направам, па да има за што да збориш, па да не ми биде ни криво.......... Господее дај ми само трпение........,,,,,, полудев веќе.
Ме уби. Ме скрши на половина. Уште повеќе ме уби тоа што, верувам, истото ти се случи и тебе. Животот не е фер. Грешните ги мава по носот односно онаму кадешто се најслаби. Многу време ќе ми треба повторно да застанам на нозете. Екстремно многу. Не знаеш како ми е. Не знаеш. А, можеби и знаеш доколку и тебе ти е исто како и на мене. Лоша сум, ама среќна би била да ти е исто како и мене. И после се`, те љубам најмногу на светот. Сонце мое си ти. Моја надеж, среќа, иднина!
Преку глава ми е од твоето сомневање? НЕ знам со што го заслужив тоа постојано да ме обвинуваш и како се ти знаеш за нешто.. Не знам што сакаш да се увериш и кого сакаш да казнуваш? мене или себеси? Свесна сум што правам и нема потреба од непотребна љубомора и испрашувања? Мислиш ако сакам не можам? Постојано ти пишувам, никого веќе не сака ни да седи со мене само заради тоа што цело време зборам за тебе.. да за тебе будало една..не би те напуштила за ништо на светот, а ти понашај се како ништо да не сум направила за нас..
Зошто повеќе неможеме да функционираме на далечина. И дали можам да го наречам далечина. Ти во Скопје си учиш, јас овде. Па луѓе има кои се разделени со месеци и се во различни држави. Некако повеќе не си толерантен. Абе што се случува? Да не избрав јас погрешен човек? Или ова е само период...
Изгледа сум била далековида. Ги гледам работите во целата своја јаснотија само кога не ми се пред носот.
Редно беше онака да ми се истуриш,веќе долго време го собираше во себе... Се прашувам како ме трпиш,да бев јас ти досега ќе си раскинев.
Животе мој.Ме исполнуваш Покрај тебе се чувствувам сигурно.Покрај тебе и ништото е се. Единствената личност која успева да ме држи насмеана цел ден.Единствената личност која успеа да го направи тоа што никој друг не успеа.Да ми помогне да преболам една личност.Единствената личност која во секое време можам да ја побарам и без себичност ке ми помогне и ислуша. Личност која ме прифака таква каква што сум. Ке биде супер ако испадне се по планот.Сакам да те гушнам и да застане времето и никогаш да не ме пуштиш да заминам.Те сакам среко моја.
Кога ќе дојдеш, ќе те душкам. Душ, душ, како мачка кога со носот се пика во кутија. Полека, сите врвчиња од прстите, кожата, тетоважите, носот, делот позади вратот кај што се ежиш, сите ќошиња и заоблувања, за да им се вратам. Те љубам скроз. Сакам да си ја средиме кујничката и да ти правам лудории. Ем готвачки, ем сензуални . Да си одмараме во дневна со пивце и Duran Duran и да ми го грицкаш ресичето на увото. А ја да се ежам и да ти викам, Немој, а уствари Мој Ти личи градон, ко војвода некој дебармаалски си. Цуфец. Едвај чекам да се гушнеме, ќе си потонам во Нас.
Каааааааај си бе брат,леле без зафрканции,вчера сама си се смеев,абе стварно кога те видов,се осеќав ко да сум видела некој другар ,шо одамна го немав видено,а не ко некој шо ми ветуваше ваму ќе одиме,наму ќе одиме,ми пишуваше,се гледавме, а за сето тоа време пробувал да се смири со бившата...јас и на другарките им кажував додека се гледавме,пишувавме дека не осеќам ни пеперутки (викаат дека тоа требало да чувствувам ) и дека не ме интересираш како порано,ама па не сум знаела дека дотолку не ме интересираш,арно шо те видов вчера,иначе уште ќе си мислев дека ме интересираш барем малку....и јас дубоко се испричавам ако вчера ме примети (а сигурна сум дека ме примети ) дека флертував со другар ти,ама шо да правам сеа,симпатичен е ај како на стар другар ти викам,ќе ми го местиш ли ? ии ако сакаш пиши некогаш,да видиме до кај сме стасале во животот
Најпрвен многу ми е жал , се надевав дека се ќе биди во ред, ама не испадна така Сакам да те гушнам, и вечно да останам со тебе, да ти дам подршка, знајш дека секогаш ја имаш од мене, и ќе ја имаш, жал ми е оти испадна така, многу, ама премногу ми е жал Не можам да се соземам Јас тебе не те оставам, со тебе ги поминав најубајте моменти, со тебе поминав се, со мене беше и во добро и лошо, сакале поминале 1, 2 години, тука сум, јас ќе те чекам, истата Ади со сјајот во очите, Ади која умира да те гушни еднаш силно и никогаш да не те пушти Тешко ми е, ама многу ми тешко И Не тие лесно знам, мислиш светот се распаднал. Но секое лошо за добро е, што и да е ќе помине. Ме имаш мене и гушни ме, што и да е ќе помине. ТЕ САКАМ !