I could stay awake just to hear you breathing .. Чудно е, знам, фактот што сакам да слушам некој кога диши на телефон, во ниедна доба во ноќта. Уште почудно, што тебе не ти е чудно тоа. hihihih Најчудно, најчудно, чувството што го имам додека те слушам. Силно чувство, што не изчезнува така лесно. П.С : Ако можеш ова да го читаш .. а сакам да можеш. * trep trep *
И понатаму беше толку сигурен во себе и во тоа дека можеш да добиеш се што сакаш. Баш како и првиот ден кога ми рече дека ќе бидам твоја. Двајцата знаевме дека тоа е вистина, но мислев дека малку подолго ќе издржам во таа игра мачка и глувче. И..ни до ден денес не сватив што бев,мачка или глувче..
Не ми е гајле ако никогаш не погледнеме претстава заедно. Не ми е гајле што кога гледаме филмови, мора да правиме компромис. Не ми е гајле ако до крај на животот употребуваш "дотолку" наместо "доколку". Не ми е гајле ако понекогаш морам да одам во кафана за да ти удоволам. Не ми е гајле ни ако пцуеш додека возиш. Не ми е гајле ако никогаш не прочиташ книга. Ништо не е битно, се` додека си до мене. Се` додека нашата љубов е на врвот. Над се`!
За тебе цели фермани зборови кенкам на Твитерон бе... И ич не ми е гајле. Ми недостигаш, до бол, ко рана и на неа сол, едноставно. Дојди си.
Боли.. Знаеш, многу боли. Не знам зошто сеуште очекувам дека нешто ќе направиш, кога досега ништо не направи. Не знам зошто очекувам во иднина да си со мене во тешките моменти, кога сега не беше. Не беше со мене кога најмногу ми требаше. Не беше со мене кога се разбудив, не ја држеше мојата рака. Не беше со мене кога ја гледав пониженоста во очите на моите родители. Не беше.. Не знам зошто очекувам дека во иднина ќе бидеш, кога знам дека нема. Не знам зошто сеуште чекам некој знак дека не сум во право.. Не знам зошто се лажам самата себеси. Ти одсекогаш беше себичен,па не знам зошто и сега не би бил. Секогаш гледаш работите да ги одиграш така како што тебе ќе ти одговара. Не знам.. навистина не знам. И тоа толку многу проклето боли. Мене само ми требаше рака која ќе ме држи.. Која ќе ме држи толку силно што нема да ја чувствувам болката во душата. Толку ли многу барав? ...
Само ти од секогаш си ме разбирал,од секогаш си бил крај мене,си ми подал рака без да бараш нешто за возврат.И покрај тоа што некогаш се караме,сепак ти си бил единствениот на кој што можам да се потпрам без да кажеш ни збор и само си ме прегрнувал силно.Доволно е тоа за да заборавам на се,само ти да си овде крај мене засекогаш.Знам дека заедно ќе успееме да направиме се,знам дека ќе се поддржуваме еден со друг и само така цел свет ќе е наш и ќе стигнеме многу далеку.Среќна сум што имам човек како тебе крај себе,верувај цел живот ќе се трудам за да секој миг те правам најсреќен на свет.
аааа неможам повеќе да ќутам..!! ќе си добиеш се што си заслуши!! за секоја моја солзаа ќе платиш! ВЕТУВАМ!
Па, да, начинот на кој Ким го гледа Џони во Chalet girl, прилично ме потсети на мене. Прилично начинот на кој јас те гледам тебе или сакам да те гледам, неможам да разграничам. Како и да е, на тебе оставам да го гледаш и да сфатиш нешто. А пораката .. Незнам од каде ја собрав храброста. Ама добро, за се има прв пат. И последен.
https://www.youtube.com/watch?v=TdN5GyTl8K0 абе цел свет да се сруши нема да се откажам..Знам дека тука треба да бидам,со тебе, и да ти ја дадам целата моја љубов.. За се што ке се деси, ке се трудам, и двајцата имаме уште многу да научиме, но знам дека вреди.. И немој да мислиш дека ке се откажам, зошто нема, нема да си заминам толку лесно.. Нашите разлики не прават да учиме повеќе, знам дека си комплициран.. ама не ми е битно, битно ми е само да си покрај мене.. И јас имам многу да учам, ке биде, сакам да биде и ке биде.. Цврста сум, знам дека сеуште не го знаеш тоа но верувај цврста сум.. Верувам во нас..
Ха еве не пак јас и ти т.е ТИ со обид да влезеш во мојов Живот после 2 години никаков контакт . Добро бе да му *бам мајката како си помислуваш да ми се вратиш дали јас ти изгледам ко створение што простува ? А ? Што си мислиш дека ќе се појавиш од никаде ќе ја раскинеш врската од не знам зошто со онаа истата со која ме извара пред повеќе од 2 години и остави поради неа и јас наеднаш ќе ја заебам мојава ми врска што не е розова , ама е далеку постабилна од нашата . И сеа као демек ќе треба да му кажам чао на дечково и да ти се препуштам во прегратки зошто ти се сети дека постојам ? Море марш у пич*у матер !!! Доволно се зезнав со тебе , дозволно загубив Гордост за тебе , доволно нервози , главоболки порази и удари ми нанесе . Предавството не го заборавам ни во нареден живот . Не осеќам ништо спрема тебе само одбивност и желба за одмазда . Ми ги промени малку плановите , ќе лажам ако кажам дека моментално не ми се полни душичкава што ми падна во раце . Моментов не верував дека ќе дојде помислив јас и ти завршивме засекогаш . Не се чуди што не те познавам ти така сакаше ти текнува ? Ме изгуби нема назад ...
Не ме боли тоа што си најде друга, ни малку не ме боли затоа што се водам од помислата дека никоја нема да биде како мене... секој човек е единствен и не може да биде заменет од друг.. можеби ке имаш повеќе, ќе најдеш нова љубов, некоја подобра од мене.. но сепак... нема да биде јас. И не ме боли ништо друго освен тоа што еднаш јас бев таа која ти беше се, ме боли тоа што лесно успеа да ме замениш.. и на моето место сега е некоја која знам дека не е подобра од мене.. и знам дека со неа никогаш нема да го имаш она што го имаше со мене. Продолжи си со животот, живејси го така како што го замислуваш... јас и онака не бев дел од твојот чуден свет, и никогаш нема да можам да бидам.. Ти продолжи продолжувам и јас... и кога ке ти здосади и од неа немој да ме бараш... поштеди ме едноставно, како воопшто да не ме познаваш. Сигурна сум дека ме имаш во многу убаво сеќавање, зошто знам дека уште од почетокот ме имаше со некое посебно чувство од другите... Не, ти никогаш не ме засака на тој начин на кој те сакав јас.. ама барем и двата имавме едни многу убави мигови заедно.. затоа те молам не го уништувај тоа.. нека остане запаметено така... Знам дека не ја сакаш... ти досега не си сакал никоја... и самиот го потврдуваш тоа... ама вервај за се има прв пат, па ке го дочекаш и денот кога и твоето срце ке биде скршено.. е тогаш мил мој ке сватиш како ми било мене. Искрено.. живеам за тоа... не за да почувствувам одмазда, туку да сватиш ти дека не може ви животот секогаш да биде како што ти сакаш. Тоа е од мене... се збогувам со тебе за последен пат! Овој пат.. сакам да е последно... и те молам, не враќај се!
ќе те чекам, ќе те чекам ако треба уште 1000 години.. те чекав долго и повторно ќе чекам !! не можам до тебе да се откажам!