Само да знаеш колку многу те сакам. Колку многу ми фалиш. Колкава е само мојата желба пак да бидам со тебе. Се изгубив во времето и просторот. Ми беше чудно кога ќе ми кажеа дека на некој му било вака како на мене сега, мислев дека не е толку тешко. Мислев се занесуваат. Ама не било така. Со никој до сега не ми било така. Со никој не сум била толку среќна и одеднаш се се скрши. Како? Што се случи? Нели си ја планиравме иднината? Ми викаш сакам да те гледам. Зошто ме остави? Ми викаш ќе помине, нема да биде тешко, не мисли на тоа. Од кај знаеш ти колку е тешко. Се ми зема и ме остави сама. А незнаеш како е да си сам. И кога нешто ќе тргне наопаку, се повлекува, како домино. Ете така ми е сега. Скршена, на факултет никаква (барем додека бев со тебе се полагав на време), а сега се оди подолу и подолу. Баш кога ми требаат сите, никаде ги нема и ти баш тогаш ме остави. Што направив? Што ти згрешив? Сакам да те гушнам. Знам дека имам нереални желби и само господ знае на кого мислиш и кај си во моментов. И со кого си. И знам дека ме сакаше многу. Само незнам кај отиде љубовта. Мило ми е барем што се појави во мојот живот и направи да бидам среќна 30 месеци. Да дознаам како е да сум сакана. Биди среќен, тоа го сакам. Заслужуваш многу. Се надевам некоја друга ќе ти даде повеќе од мене. А јас ќе те чувам во срцето.
Велеа ако сакаш некого вистински, не можеш да ги објасниш причините за таквата љубов. А јас пак си говорев, го сакам и можам десет книги да напишам за нас. И сега, кога останав без тебе, сакам да кажам толку многу. Сакам да кажам зошто те сакам и чувствувам дека во мене има толку што не знам од каде да почнам, а сепак не можам да смислам една реченица. Зошто со збор чувствата не можам да ги доловам? Ко да пишувам напразно. И се нервирам што не можам да објаснам, да ги одберам вистинските реченици и да излезе на хартија онака како што се одвива во мојата глава. Се нервирам што на зборовите не можам да им дадам душа. Глупа сум, нели? Веројатно така и треба да биде. Убаво ми рече - Остави ги зборовите, книгите, пишувањето. Живеј, диши, чувствувај!
Не сакам да се чувствуваш дека тебе те обвинувам кога мене ми е тешко.Тоа не ми е целта ниту пак некогаш сум сакала да се чувствуваш така иако денес ми даде до знаење за жал.Знаеш дека си ми се,ама денеска не ми беше до мајтап,можи и јас ја претерав знам ам не мораше сето тоа да кулминира на таков начин.Мило ми е што успеавме да се разбереме и што пак ни е убаво.Само уште 4 дена и ако се биде како што треба цели 20 дена ќе си бидеме заедно.Одвај го чекам тоа време само за нас,за прегратки,будења крај тебе ,твоите бакнежи и мирис,да те почувствувам крај мене и дека си само мој .
Љубави те молам да одиме некаде далеку само јас и ти некаде каде што го нема овој свето од неправда ,лицемерие , болни вистини ,итн знам дека ме разбираш но те молам и само 5 дена би ми биле доволни.
Сакам да пијам чај со тебе. Во топла соба. Да го слушам крцкањето на гранчињата во огнот и да ме галиш по лицето. Тоа е тој мир.
знаеш дека те сакам најмногу... веќе 6 години. те сакам уште од првиот ден кога те видов. така и почна се нели? сега те сакам уште повеќе веќе сме едно. твоето тело го чувствувам како мое. го сакам како мое. малку ми паѓа тешко поради сето ова... ништо не испаѓа како што сакаме јас и ти. понекогаш мислам дека не ни е судено да сме заедно секогаш излегува нешто што не попречува се нервирам зошто е така. зошто не можеме да се заедно сега во моментов? имам потреба од тебе. ужасно ми требаш... да ме гушнеш и да ми кажеш да не се нервирам дека се ќе биде во ред а и кога ме гушкаш и ми викаш дека се ќе се среди сакам да ти кажам дека се повеќе и повеќе не верувам во тоа. се е против нас а јас само сакам да бидеме среќни. не сакам ни свадби ни злато ни ништо друго. те сакам само тебе топол дом и нашето бебенце покрај нас. само едноставно немам храброст да се спротиставам на моите а и ќе се исполни желбата на твоите. тогаш не ќе можам да ги слушам зборовите на моите дека правам се како што вас ви одговара т.е на твоите а не е така. правам се за да сме јас и ти заедно и среќни. не ме топли златото, ниту ќе ме прави среќна свадбата... едноставно сакам топол дом и тебе во него... само јас ти и нашето бебе. тогаш ќе бидам најсреќна.
Бескрајно многу ми е топло на душичкава кога ќе ми речеш - денес те мислев многу... и ќутиме... јас се смешкам,зошто не можам да си дозволам да се стопам во слушалка... И јас те мислам тебе, многу... наутро, навечер, смисла, размисла, помисла... една целина. Ти си мое прекрасно СЕ. Ама страв ми е да не попатно барајќи ги смислите и бесмислите, ја изгубам убавината некогашна. Се плашам да не го сронам... времето ќе го промени некако нештото,мене засега наречи ме кукавица. Навистина имам нешта кои ми се поголем чемер од ти... ти растеш, ти си поинаков,попрекрасен од што те паметам како сета блискост... Позрел,сменет и свој човек... немаш поим колку ми носи тоа топлина и идеја... Оние промени за кои малку зборувам,зошто ме знаеш... малку зборувам за битни нешта,а за небитни се смејам,пљампам, се кикотам и тресам... не можам да ги зборувам ни со тебе,ни со никого, па дури и со себе сум во тешки дијалози. Иднината е чудесен калеидоскоп... ја гледам секаква и шарена. Не можам површно да ги смислувам нештата и неа...ја сакам убава и ја сакам таму каде што ќе речам дома сум... Биди ми добричок. Бескрајно многу ми недостигаш... и посакувам на секоја девојка по еден како тебе, затоа што во твоето време,јас бев принцеза на зрно грашок поголемо од планетата земја...
И неможам кога гледам некој филм а да не те прнајдам во некоја ситуација.Неможам а да не се насмевнам кога те пронаоѓам во некој цитат. Терминот пред спиење,веќе многу години наназад е резервиран за мене и за тебе.Кога ти би знаел колку совршено изгледаме во моите фаназии и во моите соништа. Но,од соновите не се живее. Што ќе ми се сонови и фантазии кога реалноста ни малку не ни наликува на тоа. Веројатно за да се залажувам и да посакувам не реални нешта.Но,јас веќе одамна не го правам тоа,веќе одамна ги гледам реално работите,и баш поради тоа сум ваква каква што сум сега. И не,не сум ладна.Имам чувства човеку. И убаво ми е во твојата прегратка. И пак треперам бре. Еве ти ги одговорите на кои ти уствари не доби вакви одговори.Ама треба да ги знаеш. Ќе пијам кафе,како што последниот пат пиевме заедно.Со тивка музика,легната во кревет... Добро..Сама ќе го пијам. Спојлер Кој знае каде пиеш кафе сеа,кретену кретенски . Баш како вo реалноста.Не се лутиш за епитетите нели,навикнати сме на тоа.
Не требаше вчера да се појавиш таму бе.Не требаше. Уште ми правиш ерупции во стомак,и треперење на нозете.Еј после се ,исто се чувстувам. И после сите кажани работи од нивна страна за тоа како си бил многу лошо и незнам што,јас неможам да простам.Разбираш? Јас го љубев тој Алек што ме смееше толку лесно,што сите успеси ги делеше со мене. Оној со кој се радував и гледав во неговите очи како најчисто нешто што ќе видам во животот. А сега што гледам во твооите очи? Те гледам тебе со неа.Не се гледам самата себе.Или се гледам ама не она што сум јас. Ова што станав оној момент кога ми сруши се. Онаа девојка што покрај се го зграпчуваше денот и лошото го трансформираше во добро ,затоа што бев борбена,сакав и мислев дека можев се.Таа девојка ја нема.Немам карта да ја вратам назад пак.Ми ја зема. Можевме се знаеш? И ме боли сјајот во твоите очи кога ме виде вчера.Ме сече некаде длабоко и имам таква болка што неможам да опишам. Јас ти реков тогаш дека јас ќе бидам силната Алек,јас ќе те мразам,јас ќе избришам се. Ние си припаѓаме еден на друг.Со никој нема да бидам она што бев со тебе.Никој не ме познава толку добро .Никој. И вчера сакав да ти се фрлам во прегратка и таму полека да потонам.Затоа што мене реалноста ми е сурова.И сум осамена.Затоа што ни милион обврски навечер не ми помагаат,за да не ми дојдеш на сон,и да се разбудам со солзи. А болното е што ова не е крајот.Можеби љубовта простува во име на сето она што сме проживеале. Ама ти нема да си истиот .А уште помалку јас.Меѓу нас секогаш ќе стои некоја што била твоја грешка,а мене ми ја причинила најголемата болка.Кога еднаш нештото е скршено Алек,и да го составиш пак како што било,секогаш ќе ги има оние линии кои покажуваат дека нештото е скршено. Ти скрши се мил мој.Уништи и спомени и толкава љубов.И да сакаш пак да составиш нешто немој. Остави да продолжиме таму од кај што треба.Јас на една страна,ти на друга. И ако спомените навечер те мачат спомни си за солзите што ми ги предизвика.И таа болка. Затоа што јас не заборавам.
Сигурно неспиеш 11 саати. Не, не. Сакам да дојдам некад и чисто од сеир да ти истурам бокал вода дури спиеш Спојлер Ок де може топла да биде демек тоа е половина зло Абе ова од милост према тебе.
Лајков не е за твојата болка, туку за прекрасните зборови. Девојко ме расплака затоа што потполно се пронајдов во се што имаш напишано За тебе
Би сакала да ти кажам дека дури сега потполно можам да разберам како правеше се` да не ме изгубиш. Како и да се скаравме, и да ти погрешев, и да ти раскинев, се враќаше назад и наоѓаше решение. Сега сфаќам како наоѓаше сила да се бориш да не се изгубиме еден со друг, зашто колку и да е голема болката кога некој ќе ти згреши или навреди, полесно е да се проголтаат инаетот и егото и полесно е да го направиш првиот чекор, дури и да не си ти кривиот, а тешко е да останеш сам. Беше долги години без мене и веројатно од тоа горчливо искуство, научи да го вреднуваш секој миг кога сме заедно. Еднаш и јас направив нешто добро. Времето ми покажува многу поучни лекции.
Секогаш се борев за моите љубови но за тебе нема...Не е дека несакам туку гледам незаинтересираност од твоја страна.Страшно,но морам да се откажам на време и да почнам да те гледам како од самиот почеток.Како другар.Да не останеме повредени и двајцата а посебно јас.Знам дека не ми ја возвракаш љубовта но ке бидам добро. Не знам како ке продолжам да се однесувам со тебе...дали како и сега,да покажувам искри или ладно и незаинтересирано.Дали да исчезнам од секаде без да знаеш.Дали да останам бидејки знам дека ке ме бараш. Нека покаже времето де.Штом можев да се откажам од бившиот ке можам и од тебе.