Чувствувам како сме поблиску сега,но се оддалечуваме Нешто во душата не ми дава мир. И ти,мислев во друго ќе ме убедиш...Ама,можеби јас залудно се трудам,можеби несакам да си признаам она што го мислам. А ти,еднаш кажуваш едно,друг пат друго,ни самиот не си најасно со себе. Одлучи се веќе еднаш,оваа состојба нема да трае вечно.
на број 1 . Mногу сакам да те видааааам , ама не ми се појавувај уште долгоо долгоо , најдолго што може , додека не ми стане сеедно .. на број 2 . доста инспиративни ствари знаеш да ми праиш, , ама нешо не ми дава да ти дадам D на број 3 . не знам зошто уопште некако изреагирав кога посумњав на некои работи , и двајцата не сме чисти , ама ти како да играш прљаво
Aaa, господине, не може тоа така. Ако веќе идеш, иди до крај Нема така до пола, оставена недовршена работата Или ако биде нека биде како што треба, или не почнувај нешто што не знаеш дали сакаш или можеш да го довршиш
Why?? На мојот: Неможи така,ако ме сакаш кажи ми,направи нешто,не да ме оставаш на пола пат и да ми зборуваш глупости...Не,ова вака на никаде не оди.Ако не оди,знаеш што следува нели? Не,неможам повеќе вака Пошто чувствувам.Знам дека веќе не си оној што ме сакаше...Не ме сакаш...Иначе ќе ми покажеше дека не е така.Ама ти со постапките само ме убедуваш дека е така...
Оти си толку гордо копиле стварно не ми е јасно? Убаво ни е заедно,али не сакаш да си признаеш,па си бараш изговори за кавга.Те заебала една,не значи дека јас ќе те заебам.Будало една,да знаеш колку те сакам и се грижам за тебе...
Се плашам колку можам да те сакам. Ти си луд и предизвикуваш, ризикуваш и добиваш и имаш его до небото и стоиш цврсто на земја и имаш принципи кои не ги погазуваш и мој си. А јас се топам и дишам и се туткам во тебе зошто пред се ме чуваш. Искрите од судирање на нашите карактери се повеќе ме прават да сфатам зошто сум со тебе. И кога ти реков: Имаш огромно его. Ми рече: Сакаш да го намалиш? -Не, твоето его ми е предизвик.
Синоќа, шампањско, две чаши, милка со лешници, јас и ти и слаба светлина. Премногу добро за да биде вистинско.
Најтопло е во твоја прегратка С. Ти ме правеш најсреќна Фала што ме прифати таква каква што сум си и не бараш многу од мене Да си ја повториме саботната вечер м
Колку пати до сега сценава ме опишала, но... денеска го достигнав врвот. http://www.youtube.com/watch?v=iUVgAwLr1GQ Извини.
Дно, дно, дно, дно, дно, излез каде?! Ми отежнуваш страшно, страшно многу! Ти реков немој, немој само тоа. Денес пукнав, устата беше побрза од умот, нервозата, тагата, бесот во мене изби и ги испушти тие отровни зборови... Но, знам, џабе. Твојата индиферентност, себичност, издгинатост до небо и непотребно и неоправдано его до Антартикот и назад, твојата глупава гордост без позадина ме вадат од такт, ме оголуват и вриска се што секогаш лежело длабоко во мене, а сум знаела дека не е на место да се каже, пошо многу работи ќе се сменат, ама нека оде по ѓаволите, жими се, нека оде... Незнам како ти, маж, 30 години скоро, си дозволуваш да кажеш и направиш такви работи кои не му доликуваат ни на еден тинејџер. Толку беше поинаков на самиот почеток, толку надеж, среќа и насмевки очекував засекогаш, каде замина цело тоа, каде замина твојата безусловна љубов?! Каде замина твојата почит која се гледаше од авион?! Каде замина грижата за мене и грижата за моите потреби?! Каде замина мојот љубен? Не сакам ни да се сетам што каѓав пред да заминеш, не сакам, ме боле и ме горе проклето многу, не можам да се сопрам да липам, не можам да се смирам, не сакам да е вака, не го барав ова, не мислев дека ќе биде вакам, незнаев дека знаеш и дека можеш да си таков со мене, не знаев, зошто сега?! Имам предиспозиции да западнав во длабоки депресии и да се исклучам од светот на долго време. Во мене будиш нешто што никој не можел, најдоброто! Но...обратно од тоа, во мене ја будиш и мојата најтемна страна, да врескам и да мавам во ѕид со најтешки зборови и врисоци, а јас упорно лежам и се мислам, како можиш да дозволиш да ми е така, од каде доаѓа целото тоа празно суштество кое се криело во тебе, без трошка емоција, жал, совест и љубов?! Ми велиш се смени многу, не си како на почетокот... А јас велам оди еби се, ти не си човекот кој ќе ме направи најсреќна на цел свет, беше некогаш, и ако мислиш дека готово, си ме добил, и со тоа ги газиш и занемаруваш сите битни фактори кои се потребни за да живее и опстои нашата врска и љубов воедно, се лажиш гадно, најгадно! Ме тераш од себе, како да ми викаш, не те заслужувам, гомно сум оди си, не ме сакаш ти мене! А на глас само знаеш да кажеш: Се што правиш, сама си правиш! Јас ништо не ти правам, ти самата си правиш! Види ја каква е, полуде готово! Секој еден посран човек на овој мизерен свет околу мене е сведок колку се ти дадов, буквално до денар се сум делела со тебе, а да не зборувам за мојата љубов, време, нерви, почит и безусловното разбирање, кое никој друг никогаш нема да го има спрема тебе! Знам, згрешив таму што се ти дадив, никогаш не се дава се на еден човек, зашто ќе дојде момент кога буквално ќе се испосери на тоа без грам грижа на совест. Никој не е крив, освен мене, по милиони пат, премногу давам, се мразам себеси заради таа мана, се проколнувам, но јас сум само еден напатен човек, кој веќе полудува од незнаејќи што е правилно а што греш,а како Господе жити мене, да се однесувам? Зошто си ме направил ваква? Сакам мир, сакам да сум душевно мирна, сакам да запсивам мирно навечер, сакам да сум сакана безусловно, никогаш не сум направила грев против човек, и секогаш сум човек на место, дури и повеќе отколку што треба. Што да направам за да ми се цени тоа, што да направам за да биде и другиот околу мене човек... Нема ништо поболно од тоа да човекот за кој според тебе бил самиот Бог и најмилото нешто. човекот на кој си му го отворил шитум твојот свет и си му ги дал твоите најмили на тацна, да биде дел од се твое, да покаже такви вештини посвоени од самиот ѓавол. И нека не ми бае некоја глупача како љубовта била најбитна! И нека не летат тие што мислат дека неверата е единственото најголемото зло во една врска... Не е, бар да е, без размислување и со брзина на светлината ќе ме снема засекогаш. Ми се повраќа, ми се гаде, имам вртоглавици и главоболки... Сите ли се исти ? Нека ми каже некој, сите ли мажи се исти???????
Ете, го кажав тоа.Ме прашаа како сме НИЕ, а јас кажав дека НАС не нема повеќе.Толку беше.End of story.Знаев дека ова нема да трае долго и знаев дека јас ќе бидам таа што ќе ја прекине оваа врска, ама не мислев дека ќе биде на волку глуп начин.Нешто што беше многу убаво, не смееше да има толку недефиниран крај.Уствари, ние никогаш и не бевме целосно дефинирани, па зошто и крајот да биде таков?Не чувствувам ништо.Ни бес, ни нервоза, ни разочарување, а ни тага.Рамнодушност кон тебе и кон целава ситуација.Добро е тоа.Не би било паметно да се внесат премногу емоции во вакви глупости
Љубомора до болка.. Секогаш ни беше пречка, гледам нема да се промениш на тоа поле, тоа не уништува... тоа не распрачува да знаеш.. Не знам веќе што да ти кажам, ама ова не се трпи..