Точка......па три точки......па точка на трите точки......пак точка........и се' така во круг, а сепак до недоглед, а ќе си рече човек па круг е ограничена површина, значи мора да е на видик крајот, ама не е.... и тогаш пак одново.........точка......па три точки......па точка на трите точки......пак точка........ Точка кога застана едно време и кога и покрај погубната болка си викаш „секој крај-нов почеток“ и тогаш три точки.....исчекување на почетокот......трагање на почетокот.....илјада зошто, илјада затоа........а почеток никаде, ни за лек.....и ставаш точка на тоа размислување и викаш од утре нова јас......нови три точки......за цело време да си го залажуваш мозокот дека тоа се нови шанси, некогаш вистински, а некогаш имагинарни.......на крај сфаќаш дека пак си на почетокот на крајот........застануваш дишеш длабоко и тргнуваш во нов поход на истиот тој круг......Сизиф, пфффф, вода може да ми носи! И не е дека ми фалиш до бол, но не е и дека чувствата кон тебе исчезнале, истите се од секогаш што биле.......долго време потиснувани да состојба на индиферентност ама не кон тебе, туку кон самите чувства за тебе......демек полесно е така.....шипки! И не е дека сакам да те видам......ма не сакам ни случајно да те сретнам......и не е дека сакам да те слушнам......твојот број на екранот од мојот мобилен нема да предизвика ама баш никаква реакција, иако се' уште го знам напамет, ко да немам попаметни работи за памтење......... И не е до празниците........до празниците без некој кој ќе вреди доволно за да ги исфрли тие чувства што ме тераат да сум индиферентна е.........тикви варени е до тоа.......до празниците без тебе, без нас е! . ... . ... . ... - тоа е моето ЕКГ веќе подолго време на кое за жал не му се гледа крајот оти завршува со три точки......а по нив точка......па три точки.......па............. ______________________
Знаеш ли каква замисла имам? Ќе ја испразнам касичката, ќе ја земам цела заштеда која патем не е многу, ќе побарам нешто плус. Џемперите, фармерките, козметиката, новогодишните подароци ќе почекаат годинава. Ќе купам две карти. Ќе и` кажам на мајка ти да ти го спреми куферот. Ќе го прославиш почетокот на годината сам, но наредните три дена нема да те пуштам. Ќе се гушкаме во автобувчето, ќе фатиме такси до хотелот, ќе легнеме на истата црвена постелнина, ќе се потсетам на истата онаа ноќ кога го прослави роденденот со мене, далеку од сите. Ќе ти дозволам пак да ми готвиш, да измислуваш специјалитети. Ќе го гледаме езерото од балконот, ќе шетаме низ зимзелената шума, јас ќе смрзнувам, а ти ќе ме грееш. Ќе јадеме палачинки, и пица и се` што ни душа сака. Исто како летото, само во зимско издание. Christmas movies, неодоливо смешни и пријатни само во твојата прегратка. Мирис на свеќи од ванила, какао со цимет, твоите прсти испреплетени со моите, безболна тишина... И да не оствари, убаво е да се сонува, зар не?
Првпат не сум дел од твоите планови. Нема да бидам дел од твоите гости на роденденот, ниту пак ќе бидеме заедно за Нова година. Првпат после толку време. Сите други ќе бидат со тебе, само јас не. Ми викаш пробај да се навикнеш. Како сонце, како? А мојот роденден е една недела по твојот. И ти нема да бидеш покрај мене тогаш. Полнам 21. Ист број како нашиот. 21. Мислев ќе бидеме среќни исто како ти кога имаше 21. Колку само боли. Кога ќе престане?
http://www.youtube.com/watch?v=-ruVGWdBAyE Денеска се сетив на моментот кога ми кажа дека оваа песна ми ја посветуваш ти.Се сеќавам бевме подскарани,ти таму далеку,јас овде и не знаев што ќе биди со нас.Ти само ми ја пуште и ми кажа слушај ја.Знаеш што си помислив кога ми го кажа тоа?Знаев дека си засекогаш мој и дека јас ќе бидам твоја.Знаев дека без разлика колку и да сме оддалечени еден од друг ние сепак ќе сме заедно,ќе сме блиску и никој и ништо нема да не раздели.Така секогаш кога иди до несакани ситуации јас се потсеќам на тој момент и знам дека ние сме создадени еден за друг сега и засекогаш.
Како ни тргна неделава само деца чуваме вчера братичед ми денес братучедка ти утере кој /а е на ред можеби мојата најмила ќе ја земеме и во золошка да ја носи ме ............ таман да се извежбаме на време .......
Збунета сум, засегната, исплашена, несигурна...теми за иднина, а јас сум неспремна. Сакам да побегнам, не сакам одговорности. Чувствувам тежина, притисок..многу несредени мисли, поглед кон тешко остварливи цели. Обично вие од посилниот пол сте тие што не сакаат врзување, а во моментов тоа сум јас...се плашам од големи чекори. Не сум храбра, немам сила ни да се борам. Ние сме изгубени души, на непознат пат, тргнати во непознат правец, ни на небо, ни на земја.
Би кренала слушалка и би ти се јавила, ама премногу е доцна. Наместо тоа, нервозно куцам врз тастатурава, обидувајќи се правилно да ги изнесам моиве емоции, за да можам полесно да заспијам. Тешка сум на зборови, знам. А можам да бидам и напорна, па едни исти работи постојано да ги вртам во круг, се додека не попуштиш. И не, не уживам да се карам. Само мразам кога работите не течат по мојот замислен тек и кога ништо не одат според мојот замислен план. Така го губам чувството дека имам контрола над работите и дека конците ги држам во своја рака.
http://www.youtube.com/watch?v=zdgZZ06jyAc Pokazacu ti sta znam, Da, jos sam najbolja kad te osvajam♥ Da, jos sam najlepsa kad se doteram♥ Da, jos sam najludja kada ti usne dam♥ Pokazacu ti sta znam, Da jos sam carica, da kazes, Vidi je to je moja curica♥ I sebi nadimak najgori da podelis, Ako ikad drugu pozelis! Спојлер Преземено од коментар на песнава на youtube
Ахх бе злато, знаев дека пак ќе се појавиш... Ама искрено, ова беше побрзо од колку што мислев И ај да не се праам јака, барем не тука. Кога видов дека пишуваш и кога почнаа едно по едно да стигаат, почнав цела да треперам... Солзи од среќа ми надојдоа. Сеуште неможам да поверувам и хаос ми е, али ќе биде ОК... Сигурна сум во тоа, затоа што верувам во себе, тебе... Во нашата ЉУБОВ !!! Само овој пат - без избрзувања. Сега знам како НЕ треба и ќе дадам се од себе да успееме!
Само да знам зошто те мислам толку и зошто се надевам уште на тебе. Глупава! Не вредиш веќе, не ми требаш. Оди си. Не ми се појавувај веќе во животот. Збогум!
Види сега, реков дека менувам тактика и сменив. Ама на глава ако сакаш почни да одиш, овој пат, се надевам прв и последен , ќе издржам до крај, ќе пукнам, ама ќе ти одржам таква лекција што има паметот одма на место да ти дојде. Он на мене бе, ха.
Си велев, ако можам да го вратам минатото, не би била толку остра. Би била попопустлива, не би го чекала првиот чекор секогаш од тебе, не би се лутела за глупости, не би си дозволила тажна фаца кога си до мене, не би те оставала толку да се прилагодуваш. И сега знам, дека благодарение на моите најневозможни моменти, кога секој ама баш секој би ми раскинал, можам да согледам дека дури и ако утре ни се случи нешто лошо, ти пак би издржал. Не ти направив никаков тест, ти го причинив најлошото, а не се тргна. Не живеев во никаква љубовна идила со тебе, т.е. ти со мене, за да утре кога нешто нема да се одвива според планот го видам твоето друго лице. Ете, тоа ми дава сигурност. Што деведесет посто од времето заедно, те имам онерасположувано, а тоа не било причина да ми налутиш, истуриш, одржиш лекција, кренеш раце. Овој пат ќе биде поинаку. Ветувам.
Мнооооогу подло.Искалкулирано повредување. Со цел. Намерно и во најтешко време. И сега се треба да пројде и без извини, као сам сум си крив. Нема каење, само лажење. Као ова е "problem containment".