Сакам да ти кажам, а ќе ти кажам кога ќе дојде време дека знам како мислиш дека го поминувам времето. И дека мислиш дека повторно сум себична и си земам паузи од нас како ќе ми текне, за да уживам во самотијата. А мене ме боли што ти ќе се повредуваш со таквите помисли. Да можам нешто да променам, тоа би биле твоите реакции. Кога ти реков да ме прегрнеш за последен пат со солзи во очите, посакувам да не ме бараше потоа. Да не простуваш толку лесно. Да ме оставиш да патам заслужено. Да не дојдеше кај мене за да разговараме. Вообичаено, луѓето кои ги прават грешките се тие кои треба да се потрудат да ги исправат. Да не го пропуштеше роденденот и да не ми покажуваш со тоа дека јас сум побитна, и покрај се`. Да не ми се јавеше наредниот ден, откако убаво те замолив да не се гледаме и слушаме. Колку и да ме нервира што не ми ги поставуваш границите и што сам ми го дозволи ова разуздано однесување, те сакам ради таа мекост. А ако би променила нешто кај мене, тоа би било прилично се`. Оној пат, кога сакаше да и` купиш вазна на мајка ти за денот на жената, бидејќи ти е традиција ... требаше да те оставам. Колку и да беше кичеста, твојот подарок беше одбран со срце. Почетокот на една нова година, немаше да дозволам да го поминеме разделени, само зашто мразам кафеани. И покрај тоа што никогаш не побара да одиме некаде, требаше да согледам дека имаш потреба да се забавуваш. На твој начин. А јас да се прилагодам. Кога ти беше потребен одмор на вода, требаше да ги надминам моите комплекси. Било кој пат кога бевме заедно, требаше да ги тргнам сите лоши мисли кои ми создаваа тажна фаца, замислен поглед, а ти се обидуваше безуспешно да дознаеш што ми е. Ќе соберев повеќе сила да зборувам. Немаше да ти се лутам, ниту да ти го расипам денот само зашто мене нешто не ми е во ред. Најмалку ќе ти се лутев, кога на барањето да дојдеш трет пат по ред, ќе ме одбиеше поради важни обврски, а немаше да ми преречеш дека не сум го поместила јас газот да се видиме и немам никакво право за лутина. Немаше да барам да ме оставиш сама кога ќе ми текнеше. Немаше да бегам од проблемите. Немаше да очекувам секогаш ти да се јавиш, со изговор дека имаш бесплатни, па уште и да префлам ако те немало цел ден. Немаше да ти ги префрлувам истите грешки кои си ги направил во минатото, пред мене, кои очајно се трудиш да ги заборавиш. Ќе имав повеќе доверба. Има многу "требаше" и "немаше". Да се промени е невозможно, но да се подобри не е доцна. Ужасна сум, зошто ли ме сакаш толку? Ти ме казни за една грешка, а верувај мене совеста ми е доволна за сама да се казнам за сите грешки набројани погоре. Можеби ти премногу дозволуваш и се правиш дека не гледаш, но овојпат јас ќе ги отворам очите. И верувај дека толку ми е лошо, што веќе нема да си дозволам да те повредам. Без оглед што го толерираш тоа.
зошто мораше да ти ја видам колата и да застанам за да ми дојдеш ти ЗОШТО е кога се загледа во мене ме докрајчи зошто бе Господе, зошто вака ми се случува после 3 месеци да не можам да те заборавам а ни ти мене која проклета судбина мене ме следи а ова од градиве да си го извадам најдобро наутро те мислев, ама ни на крај памет дека попладне ке те видам оф леле човеку како да те заборавам, како да те преболам тоа што имавме јас и ти беше само минлива авантура, ништо повеке ми се крши кога ке помислам на тебе, во очиве ми доагаат си ветив ке бидам силна ама не можам ме фати неподготвена а требаше да ти кажам дека сум срекна да земам да испијам отров најдобро, да ме нема
На крај од сите планови нисто за мене и за тебе.Не се планира срцка за нова година 5до12.Ќе си останиме дома.Добро знам дека тебе не ти се оди ама барем не се зафркавај сега одиме сега не одиме
Убаво ми е кога ми велиш сериозно знаеш што?И јас уплашена што,а ти на тоа ми одговараш те сакам најбескрајно и ја слушам најслатката насмевка на цел свет.И после толку години секој ден успеваш да ме уплашиш,а потоа да направиш да ми затрепери срцето и да сум најсреќна на свет.
Баш убаво си поминавме вчера во град.Се гушкавме ,се смеевме сите мислеа дека сме пар. Денес пак може да се вратиме на старото и да се игонираме.
Тоа што си го ветил, исполни го. Некои работи неможат да поминат сами од себе. И немој да мислиш дека јас ќе заборавам за ова, едноствано несакам и неможам
Уште само четири дена,ти се верува ли? Уште само четири дена. Зарем толку брзо помина оваа година? Верувај,јас вечно ќе ја паметам. Ова беше нашата година,овој период целосно ти се предадов. Ти,ќе ја паметиш ли? Или и јас вечно ќе потонам во заборав? Снегот бргу не израдува,но уште побргу се стопи,уште побргу си замина. Знаеш ли колку ме болеше кога на него ги немаше отпечатоците од нашите чекори? Веќе ги нема ни нашите патичиња,ни паркови,ни неколкуте бакнежи нежно спуштени на смрзнатите,ладни образи. Ми велеше да те побарам,тврдеше дека сеуште можам да ги скријам своите раце во твојот џеб за да ги стоплам. А сега,грееш туѓи раце. Исто ли затреперуваат кога ќе те видат,исто ли сакаат да се одмараат на твоите? Јас секогаш ги посакувам твоите раце околу мојот врат кога ќе ме допрат туѓи. Многу ми недостасуваат тие раце од кои некогаш судбината си ја читав.. Зарем имаш толку сила во себе? Јас немам. Секогаш со восхит ми зборуваше колку сум силна,а погледни ме сега? Ме препознаваш ли? Кога си отиде ми ги украде и последните сили. Ме препознаваш ли сега? 2013. Во новата година,ете,одам без тебе. Што ќе биде,дали ќе ме повика алкохолот или ти? Дали ќе го слушнам твојот глас кога сказалките на часовникот ќе дојдат до 00:00? Можеби 2014 ќе ја дочекаме заедно,позрели и спремни за нова љубов. И не заборавај,му недостасуваш на секој мој атом. Морам ли да те имам,за толку да те посакувам?
Ох либе мое, низ смогов можам фигурки од тага да обликувам. Врати ми се во нашата Дома, да си китиме срца со радост! Те чекам, ти си мој змејко. Те љубам и ќе ти купам кантичка еурокрем за кога ќе си дојдеш.
Никогаш нема да можам да имам 100 % доверба во тебе. Всушност,во никого немам. А и подобро, не се разочарувам лесно.
Боли! Многу, кога знам дека ќе ти го уништам животот со мојот карактер. Ти кажав и на почетокот од врската дека сум тежок случај, а ти незнам колку ми поверува. Сега сигурен си во тоа, а сеуште не ме пушташ. Главата ќе ми експлодира целата како презрела лубеница.
Премногу ми е удобно кога си лежиме гушнати едно во едно и кога ке го наведнеш главчето врз моите гради..и наеднаш ке ми заспиеш.Да можам цел живот така би останала..Треба да се најде вистинскиот за да се почувстува таа хармонија, по тоа заклучив дека сме вистински...и засекогаш ке останеме... Многу добро сфатив дека и најголемата пречка за нас е ништо...ако се тоа сме го преживеале, за останатото е лесно.. Те сакам мило И да до ТОА ке да е хихихи
Само си викам - Леле, ај нека не завее силен снег! Има да те натерам да направиме џиновски снешко за Гинис!