Им купив мини подарочиња на сите кај тебе дома. Сакам да знаат дека радоста ни е заедничка, ми е криво кога татко ти воздивнува прашувајќи ме како си, и ме гушка со грч во гласот дека "ќе помине брзо времето". Не знаеш колку им недостасуваш, и нив. Добар си. Знам. Те чувам, како знам и умеам, за кога ќе дојдеш, да бидеме најубави. Те сакам љубов.
Жал ми е што си ги поеба последните парички за моите Сваровски. Немораше да ми купуваш толку скапо за НГ. Сепак благодарам,преубави се ! ТЕ САКАМ !
Kако да немам дечко, туку телохранител!!! Божее...како можеше така да излезеш пред мене. Да не ме следиш бе? Шо си ти некој манијак? Патиш од некои комплекси, болест...што? што е? Неможам да те разберам. Болен си ти..од она како се вели Љ-У-Б-О-М-О-Р-А! И само бадијала се мачиш да ми објасниш дека тоа би се сменило. Тоа нема никогаш да се смени, тоа ти е карактерот мил мој. Нели како рекле старите...Волкот го менува крзното, но не и карактерот! Точна е оваа поговорка, докажано е. Е така маче мое поради тоа....идеме во пропаст! ЗА ЖАЛ....
Зошто косата ти побелува кога ќе речам излегувам сама?! Божем во кафичот или дискотеката-сеедно, само Ричи ја чекаат сите да пристигне, за да и' се пуштаат, да и фрлаат рози пред нозе.. Жити мајкаа...
Сакам да беше по упорен, да не губеше надеж толку брзо и да помислеше повеќе на нас двајца и како би ни било разделени еден од друг толку време,повторно истата приказна,болката од празнината ќе се врати...
Не знам дали ти имам кажано дека немам мирен сон. Не метафорички, буквално. И додека на секого му е потребен домашниот кревет, бидејќи таму најубаво заспива, мене подобар сон ми обезбедуваш ти. Не знам како да објаснам. Имам толку лоши соништа, се вртам, утредента сите покривки се наоѓаат под моите нозе. А кога спијам до тебе, без оглед што ме буткаш, оставаш непокриена, забораваш дека имаш некој па го заземаш цело место, имам некој мир. И толку слатко спијам, чиниш сите грижи исчезнале. Го немам истото чувство на страв додека свеста не ми е будна, спокојна сум. Како мало детенце кое заспива во прегратката на родителите, сеуште недопрено од суровоста на светот, кое нема мисли кои може да го измачуваат ноќе, сакано и заштитено. Тоа е најголемиот подарок кој можеш да ми го дадеш само ти. Мирен сон.
Посакував сега да беше покрај мене,заедно да уживавме во оваа предновогодишна еуфорија.Не знам ни каде си,ни што правиш.Се запрашувам на моменти дали и ти се чувствуваш исто како и јас,или ти успеа много побрзо да го преболиш сето ово.Каде и да си,знај дека јас мислам на тебе со истиот интензитет како и порано и за жал уште не успеав да те избришам ни од мисливе,ни од срцево http://www.youtube.com/watch?v=dPnRB4Wuc9k
Не знам што ми е, ама очајно сакам се да биде како што беше на почетокот.Мислев дека сакам да ја завршам врскава, дека е време пак да бидам сингл и дека јас и ти едноставно не си одговараме.А сега сфаќам дека ништо од тоа не е битно, кога сум со тебе се чувствувам убаво, заштитено и сакано.Не знам што да правам.Од друга страна, на тоа чувство му се противи гордоста што ја имам во големи количини.Дали да ја проголтам и да направам нешто добро за нас или да си останам лојална на сопствените принципи?А кои се всушност моите принципи?Правиш да заборавам што се тие и колку ми беа битни некогаш...
Бреј мајката, ме умре со песниве ! Зашто тоа што сакаш да ми го кажеш преку песна, не ми го кажеш во очи, во лице ? Страв ли ти е, срам ли ти е ? Страв не ти е, срам не ти е. Дојди и кажи ми го тоа. Сакам да го слушнам, а не да го прочитам.
Знаеш,често доаѓам до ситуација,да го побарам твојот број,го зимам мобилниот.. Но,тогаш како за инат низ главата ми поминуваат сите тие слики.. И сваќам дека не можам да си допуштам уште едно понижување. НЕ!