Се се ама не верував дека некогаш ќе ги слушнам овие зборови од тебе... Истите зборови кои ми ги кажа личноста која најмногу ја мразам... Што се замислуваш па ти незнам идиоту еден,сети се кој беше до вчера,сети се кој те извлече од калта и кој ти подаде рака за да излезеш од дното.Како не ти е срам неблагодарен еден.Ова беше последното нешто што би го дозволила...последното.До сега за се с воздржував,за се преќутував и гледав никако да не те навредам,а ти тоа го стори при првата прилика и тоа со многу грди зборови.Уште не можам да си поверувам на тоа што слушнав.Не дај Боже јас да почнам да те навредувам со реалноста твоја нема да сакаш очите да ми ги видиш верувај.Знам добро кој беше и кој си,уште си оној стариот џабе се занесуваш. Не бе не можам ова да го сварам.НЕ!
Толку далеку,а толку блиску.Те чувствувам,исто како да си тука,до мене.Но,на моменти се будам од тој сон и сваќам дека не си до мене.Ќе те чекам мил мој.Само со тебе можам да бидам среќна.Можеби,да беше сега тука ќе имав причина да бидам среќна и барем за момент ќе заборавев на сите грижи.
Те заборавив, не ми недостигаш повеќе...сепак со тебе ми беше најубаво знаеш...сакам во животот некогаш пак да бидеме заедно како и ова лето! Би сакала повторно да танцувам со тебе, да се смеам до зори, да се тепаме на улица, да пиеме пиво во парк и да комуницираме преку погледи во цела толпа луѓе...
Лелеее се пронајдов во ова што си го напишала...дури и солзи ми потекоа. Како и да е,прекрасно е. И извинете на оф топиков.
Денес година од врска ќе правевме. Ах,не мислев дека вака ќе се заврши. Никогаш не помислив дека ќе ме заборавиш. Седам сама и плачам,се сеќавам на сите моменти поминати со тебе,а ти најверојатно си негде со друга и на крај памет не ти паѓа дека пред точно една година се запознавме. Не се ни сеќаваш на деновите кои ги поминавме заедно. Зошто и покрај се што ми направи никако не можам да те заборавам,зоштоо? Знам дека никој друг нема да сакам како што те сакав тебе.
Знаеш, и не мора да ги слушаш моите песни за да знам дека ти е тешко. Не се твој стил, иако почна да засакуваш се` што мене ми се допаѓа, а и не си од оние кои паѓаат во депресии слушајќи романтични песни. Ти не си ме изгубил, што забегуваш? Ќе бидеме наскоро заедно, само не ми покажувај слабост, ти си ми синоним за сила и издржливост. Те љубам повеќе од најмногу.
Се надевам дека после ова го немаш променето мислењето за мене. Сепак не сум јас виновна за тоа што се случило пред повеќе од 20 години. Тогаш сигурни не сум била ни во план... Ти благодарам што и во вакви шокантни моменти си покрај мене и извини што се испонашав толку дебилски.
Всушност, сега сфатив. Секогаш кога мислев дека сум крива, дека уништувам се, сето тоа било само твоја маска да не се чувствуваш виновен..така бегаше, тоа го правиш сеуште гледам... И не знам зошто, но сеедно ми е...
Затоа што сите се такви,ако не сите, 98%. Ме интересира што си смислил сега. КАко тоа толку брзо си размислил што сакаш? Ај да видам баш што ќе ми кажиш.Да знаеш ако не решиме се сега,баш ќе ми е гајле за се.Се уморив од глупости.Ова на ништо не личи!
Додека сите лажеа, ТИ беше сурово искрен... Додека сите ми одеа по кејф, ми се извинуваа и кога не бев во право, ТИ ми се спротиставуваше и ми кажуваше ако некаде грешам и се обидуваше да ми ги отвориш очите... Додека сите ми симнуваа ѕвезди, ТИ ми го покажа небото... Вака би пишувала до утре, ама знам колку не сакаш такви ствари. Затоа, ќе бидам кратка... Ме сакаш, те сакам ! Додека е тоа така никој ништо не ни може !!! И ме прашуваат ЗОШТО ГО САКАШ ??? ШТО ВИДЕ ВО НЕГО ??? - Во него го гледам се она што вие не можете ни да замислите дека тој го поседува ! А го сакам затоа што е единствен, посебен !!! Добра ноќ миличок