Толку ми требаш во моментов, да ме погледнеш во очи, да ми кажеш - Ќе помине, не се нервирај, не им се лути, што и да направат тие секогаш ќе ти бидат родители и ќе те сакаат. Не си сама. Така ќе ме утешиш, а јас пак ќе се заљубам во таа твоја добрина. И ќе омекнам и ќе престанам да се лутам што нервозата ја истураат на мене, што кога сакам да помогнам, а сум го направила нештото погрешно, не ја гледаат добрата страна. Дека некој потрошил дел од своето време кое треба да му е посветено за други обврски, а немало кој да го посоветува како треба да се направи. И не разбираат дека откако штетата е направена е доцна за викање, карање и само може да ги влошат работите. И тогаш ќе се појавиш ти да ме насмееш, да ми забраниш да капне солза, да ми ја исправиш главата и да ми повториш - И сите да те напуштат, јас нема. И да те прогласат за луда, нема да те оставам. И после цела недела, ќе ја спуштам главата на перница, со цело спокојство на светот зашто ми се вратила највредната личност. Но, нема да се случи.
Од оваа кожа во друга не се може. Прекрасен си, сонце си, тактичен си. Се` фатило удолница. Трпение никој за никого нема. Те сакам најмногу на светот, ама морам да се сакам и заштитам и себе кога веќе ти не ме заштитуваш. Знам, изморен си и премногу ти е од многу нешта. Знаеш, исто и јас. Те сакам Сонце. Биди успешен, биди свој, биди среќен!
Добро, прави што сакаш, оди каде сакаш. Ништо нема да ти преречам, ништо нема да ти речам. Но тој момент кога ќе ми преречеш мене за истата работа, е ќе биде интересно. Ти можеш да седиш и да испаѓаш со твоите досадни другарки секоја вечер, а јас неможам да отидам на кафе со братучед ми, само зашто мислиш дека ми е нешто друго ? Сакаш ДНК тест ? Кажи ако сакаш.
Душо моја...утре ни е годишнина...Те сакам - остани така - Spoiler дај Боже до година и со нешто повеќе
Имаш среќа што мајка ми застана пред врата и не ме пушти да излезам...зошто знаеше дека ако дојдам до кај тебе имаше ем да те осакатам ем ќе ти ја запалев куќата со тебе внатре.Разбра!!! А мама запнала ќути де сега за празнициве...абе како да ќутам на неправда?Не можам да се смислам со тебе веќе!
Кажи што да правам,кажи како да се однесувам.Еден ден е се супер а веке останатите се караме како мачка и глушец.Не можам повеке да издржам.Разбери ме те сакам премногу и те сакам во мојот живот.Толку ли е тешко?премногу ли барам што сакам да те направам срекен бидејки заслужуваш. До кога вака ке тераме не знам.Не знам.Само знам дека ме повредуваш со твоето однесување а јас нема да толерирам премногу.
не си во право, и ако ти велам дека си во право и јас сум крива така ти велам за да не се расправаме. Секогаш јас ја превземам вината и ако ми е, ако ми се дешаваат сеа вакви ствари
Пред една недела бевме заедно. Само пред една недела раскинавме, а уште те сакам. Тешко ми е да помислам дека сега ти славиш роденден и сите се со тебе, а само јас не сум. Јас седам дома и плачам ко будала. А ни утре нема да бидеме заедно. Ах да можам да сменам се. Да бидам со тебе. Зошто уште те мислам и се повеќе те сакам??
Ако тебе не ти е денот и си нерасположен, немораш тогаш и на мене да ми го уништуваш денот. Не сум ти крива јас за ништо, сам си си крив...
Навистина не си се променил. Но мис е допаѓа што ја знаеше мојата омилена поезија на памет. Ми се допаѓа што си искрен. Ми се допаѓа што само ти знаеш така да ме гушнеш. Ми се допаѓа што кога сум потресена или исплашена знаеш да ме насемееш за да ми помине.
Зошто неможам да пронајдам ниту една грешка? Зошто неможам да пронајдам ниту едно нешто што не го сакам кај него? Зошто е толку добар? Зошто се однесува толку убаво со мене? Зошто ги прави сите оние нешта што ги посакувам? Зошто никогаш не направил да се чувствувам лошо? Зошто никогаш со ништо не ме повредил? И.. зошто сето ова е само проклето размислување со умот. Зошто моето срце не трепери, зошто не ја чувствува убавината, зошто го отфрла совршенството?