Ако продолжиш вака, нема повеќе да можеш да ме погледнеш! Се надевам дека си свесен за тоа, па сеа види си ти што правиш..
Ми недостига она секојдневно "Те сакам" и возвраќање на "И јас тебе". Фалат и "Убаво да спиеш" ; "Одвај чекам да те видам"... Најмногу што ми е потребно е да ми залупа срцето на звукот од звончето. Не дека не ми лупа секој ден, ама на другата страна од вратата не си ти. Претерано многу се плашам и сакам да те гушнам кога ќе чујам некоја лоша вест. Нечиј живот згаснал, го уништила злоба, љубомора и сите можни лошотии на светов од кои ми се ежи кожата. Тогаш посакувам да кренам телефон, да те прашам дали си добар, да се радувам што љубовта сеуште ни опстои, што сме живи, здрави и се имаме еден со друг. Не сум ти кажала колку пати се случило кога сум во друштво на повозрасни луѓе, често во брачна заедница, слушајќи ги нивните муабети, колку и да ми е жал за она што ми го кажуваат, во срцето сум среќна за нас. Си велам - види ги, наполниле половина век од животот, а ништо не научиле. И сакам да им кажам колку си ти мудар и како знаеш да премолчиш зборови за да се одржи хармонијата, како умееш да попуштиш и да се повлечеш кога си во право, како успеваш да смириш тензија, како се грижиш да не завладее монотонија во врската, како правиш ситни и големи работи за мое задоволство, како се бориш, трудиш, успеваш и како нечии злонамерни зборови и дела кон тебе, ги тргаш на страна, забораваш и простуваш. Ако имаш некоја икс причина да бидеш нервозен, не дозволуваш да патат недолжни личности. Да, сакам да те повикам и да им кажам - Еве го човекот кој ќе ве научи се` што е потребно за да бидете среќни во животот. Но, знам дека ќе ми се изнасмеат кога ќе го здогледат твојот млад лик, а оние пак кои те познаваат само површно, и понатаму ќе ме убедуваат дека имам грешна претстава за тебе. Многу далеку размислувам, но ... ги чекам оние години кои јас и ти веќе нема да бидеме само дечко и девојка, кога околностите ќе направат да моите мора почесто да те гледаат, а со тоа и подобро да те запознаат. Ќе видат како ме третираш, како ме чуваш и сакаш и во јавност, како и да слушнеш критики од нив, ќе им простиш и нема да ги замразиш и ќе дознаат колку пати кога јас сум била разочарана од нив, ти си ми велел да ги сакам своите родители. Ете, со душа го чекам тоа време кога ќе ми пружат рака за изборот и ќе бидат презадоволни што некој може толку да ја сака ќерка им и да се грижи за неа. И колку сум јас среќна што ти си ме избрал мене, а не обратно. Не знам зошто но, јас не верувам дека ти некогаш ќе се промениш. Дека ќе се опуштиш, нема да се трудиш толку... Бидејќи се случило и да си презафатен, уморен, да ти се качам на глава, а пак ќе најдеш и време за мене и смиреност, трпение и ќе ми ги исполниш желбите. Верен си на своите принципи. И да се смениле сите околности, ќе го одржиш ветувањето. Сакав само да љубам добар и скромен човек. Редок да се најде, вреден да се задржи. Секој ден ќе откриваш некоја нова причина да го сакаш. И таквата љубов никогаш нема да биде нешто минливо. Бесмртна е.
Се реши да и‘ се посереш на новава година од старт? И така фино да го замачкаш гомцето, за да ми биде потешко да го истријам после, м? Епа, нема да ти дозволам. Шанкот, коктелите ќе бидат со мене. А ти лапај мачиња и гледај пак облечи ја црвената кошула. Не ти ја сакам веќе
Медо знам дека се набубрив како солнеките на мама у рерна, ама после празници договорот наш стапува во сила, заеднички спојуваме сили и здрав режим и многу вежбање И да ти кажам дека не е битно шо утре нема да си со мене, исто како и лани, да сме си живи и здрави, јас и така немав посебни возбуди и очекувања за големата ноќ, НГ, нашето мало патување во Маврово се помести за едно 20 дена, ама уште понестрпливо си го очекувам. А исто и пресреќна сум, и едвај чекам да си го дочекаме Божиќ заедно на маса со најблиските у најдобрата и единствената атмосфера на цел цел универзум. Те љубам бескрајно.
Знам дека во моментов посакуваш да бидам со тебе, исто колку јас шо посакувам да бидам со тебе. Не си свесен колку ми значи се ова шо го прајш, свесен не си. Сега само сакам да сум до тебе, да те гушнам и да ти шепнам само дека се ќе биди во ред.
Те сакам затоа што не ми ветуваш работи, ами секогаш нештата ги правиш над моите очекувања, и те сакам затоа што знаеш да ме изненадиш у 1ипол по полноќ така безвеза, лагано, да ме направиш срекна. Фала ти што не ми ветуваш се, а правиш многу
Не се наметнувам. Ниту имам намера да ти вршам притисок некаков, ниту емотивен, ниту временски, ниту просторен. Така се погодија околоностите и комплетно ќе те разберам ако не излзеземе наредниве денови иако би биле блиску. Те разбирам и те подржувам. Секако дека нема да одам контра тебе и контра тоа што ти го сакаш. Ти посакувам да си поминуваш најубаво што можеш во секоја минутка од животот.
Веројатно никој не размислува на вакви работи во последниот ден од годината, мириса како да се приближува последниот ден и на приказната 'ти и јас'.
Добро е, се свести на време Ме бараше секаде само за да си ја поправиш грешката.Мило ми е што сега се е во ред.А од сега па понатаму нема ниту една кавга да имаме,ветувам.
Аи, пак ја претерав...Во моментот кога ти кажувам нешто ми личи дека тоа е нормално и дека нема ништо претерано во тоа што го зборувам, а отпосле сфаќам дека сум ја преминала границата и дека гордоста пак ми отиде у п.м.Никако да ми дојде памет, ќе ме полудиш
Не е страшното јас што правам, страшното е колку сум незаинтересирана околу тебе и колку не ми е гајле. Добро малку ми е незгодно само, ама дека се каам, па не баш... Ова не е добра работа. Некако мислам дека ќе се буткам со сила цело време околу тебе, као добар е, фин е, ваков е, таков е, дрн дрн јариња. Ама па сам си направи вака, што да ти кажам.