Сакам да ти се заблагодарам за секој миг што си ми го подарил. За возбудата и радоста што ја почувствував првиот пат кога ми пиша, за среќата и скаменетоста што ги чувствував кога за прв пат излеговме, за срамежливоста што ја чувствував првиот пат кога ми дојде на гости, за треперењето кое го чувствував на секоја нова твоја пратена порака, за тагата која ја почувствував првиот пат кога се каравме, за депресијата во која паднав кога долго време не зборевме, за повторната среќа која ја почувствував кога ми честиташе роденден и повторно ми збореше, за нервозата која ми ја предизвикуваше при секоја караница и секое водење на инает. А да, благодарам и за секоја возбуда и насмевка што ја будеше кај мене секој пат кога ќе те видев низ училишните ходници, или пак оној пат кога на преставата ми прозборе (тогаш како мало детенце во облаци летав затоа што симпатијата ми прозборела, затоа што тогаш сè уште не се знаевме). Сакам да ти се заблагодарам за секое водење на инает, за секој бакнеж, за секој допир, за твојата единствена и најубава прегратка, за подарокот кој ми го даде во февруари и до ден денешен стои веднаш до мојата перница, за трагите од твојот мирис на мојата облека и во мојата соба, за сите убави пораки, за сите навредливи муабети, за сите нови бендови кои ми ги покажа, за сите пијани пораки пратени во ниедно време, за сите твои мрчења, за сите испиени чаеви, за секое трудење да ме научиш математика кое беше неуспешно, за сите насмевки кои си ми ги предизвикал, а и за солзите. Сакам да ти се заблагодарам што се појави и што беше дел од мојот живот 344 дена. Сакам да ти се заблагодарам што постоиш. И да ти посакам наредниве 365 дена да бидеш среќен со кого и да си, да бидеш сто пати посреќен од тоа што бев јас (поради тебе) изминатава година. Ќе ти посакам да си сакан и да бираш кого ќе сакаш. Ти посакувам сè најдобро во животот, затоа што и покрај сите лоши работи кои сум ги проживеала заради тебе, ти тоа го заслужуваш. И ништо материјално нема да ти подарам, само многу љубов и почит. Ми ја обележа оваа година, оваа година само по тебе ќе ја паметам. Биди ми добар.
Си фатив дечко! ЗНАЧИ СИ ФАТИВ ДЕЧКО !!!! Фин е, другар на мој близок другар-по препорака дека е добар за мене. Што значи изчезни од мојот живот ! Ти објаснив се во пораката и држи се до тоа што го вети-дека во 2013 нема воопшто да ме побараш. Слаба сум на тебе зашто си ИЗОПАЧЕН ДЕБИЛ и јасно ми е дека тоа е тоа што ме пали кај тебе. Мазохист сум, јбг. Си признавам. Но разумно гледано ти велам -гони се у к*рац и остај ме да уживам во новата врска. Крај е со нас.
ТЕ сакам бе ѓубре едно,што да правам,против срцево не можам. Гледај да ги поправиме работите пошто ако прекиниме,да не си посмеал да ме бараш повеќе. Вечер ако не се јавиш да честиташ,готово,ќе си ја решам дилемата.
Сакав да бидеш со мене ова вечер многу. Ама што да се прави работа си е работа Spoiler Тоа што се лутам, се карам е резултат на тоа што ми недостигаш , сакам да сум со тебе
Ете пак заедно ќе ја дочекаме новата година... Јас не сум инаетот во врската... разбери. Те сакам повеќе од се. Те сакам најискрено, сакам да го знаеш тоа. Понатаму се зависи од тебе...
Од сите прослави на Нова Година кои сум ги поминала сама, оваа е единствена каде се чувствувам осамено. Те имам, а вусшност те немам.
Те сакам најмногу злато мое.. Посакувам да бев со тебе сега да те гушнам силноооооооо Аххх ми потекоа солзиии.. Ми недостигаш многуу. Те сакааааам
Ти благодарам многу душичке многу.Најдобриот пречек до сега. Подарокот иначе доби и обезбедување-јас. Благодарам за твоето присуство х100000000000000000000000.....
Ти благодарам што ја почитуваше мојата одлука досега. Често преземаше сам чекори да бидеме заедно, неретко ја погазуваше гордоста и не ги земаше во предвид моите зборови, бидејќи скоро секогаш немаа смисла, беа избрзани и без никаква добра цел за двајцата. Благодарам што овојпат веруваше во разумноста на она што го кажав. На некој чуден начин, знаеш кога што треба да преземеш, а кога не. Толку сакав да чујам дека единствено што ти недостига сум јас. И во оваа празна ноќ, кога алкохолот зборува од устите на двајцата, ништо поубаво и поискрено не можеше да се случи. Лажам. Можевме да бидеме заедно, гушнати, со посакување на најубави желби и искажување љубов без збор. Но, се научив да се задоволувам со малку. Секое внимание од тебе, на било кој начин изразено, ми е повеќе од доста. Те љубам. Сега и засекогаш.
Во новата година сакам што е можно повеќе моменти со тебе. И колку и да ги има мене ќе ми бидат малку. Затоа што ти си ми најголемата љубов. И затоа што се будам и заспивам со мислејќи на тебе. И после толку време. Не знам дали е љубов или страст. А не е ни важно. Знам дека е вистинското. Јас и ти. Заедно.
З, не глуми лудило дека е љубовта не ти оди поседуваш фино возило, имаш добра плата и не си можел да си најдеш девојка каква што сакаш - како да не-или можеби си се заљубил во некоја недопирлива е што имаш потекло од Порече тоа е веке нешто друго(се верува дека сте многу терсене луге)
Значи по толку години поминати заедно ја сега сфатив дека сум била грешка Сега сфатив дека јас сум проблемот за нашите караници за мене Ти си си таман, јас не чинам Се надевам дека не е касно, нема да ти кажам ништо, ќе направам да го почувствуваш моето извинување преку дела. Извини Те сакам
Измешани чуства, страв и неверување дека ништо не е како порано . Како да несакам да верувам дека то што е скршено неможе да се состави и да функционира како порано. Не сакам да сум старата јас ..Си се допаѓам ваква нова...нов почеток со тебе