Последните 2-3 саати пред да дојдеш од работа ми се најтешки. Среќна сум што те имам и што си ги увидуваш грешките навреме. Успат, каква информација сум дознала, ќе паднеш од стол од смеење. Едвај чекам да ја споделам со тебе.
Толку работи има да ти кажам а ги кажувам на погрешно место.. Не знам како би ме сфатил.. Толку спомени има, што се на пола пат.. Не знам, не знам како понатаму. Колку повеќе се наближува денот, повеќе разбирам дека ни се ближи крајот. Не можеме ние со мојата гадна љубомора. Што да правам, те сакам само за мене. Колку себично нели? Толку сум себична што мојата кутија со нашите спомени ја кријам под креветот, на најоддалеченото место, добро скриена за никој да не ја види. Преполна е одамна, знаеш. Почнавме да ја полниме со најубави спомени а ја дополнивме со неубави. Се двоумам, дали да продолжиме како што бевме, шарени и променливи или да почнеме да полниме нова, поголема кутија? Сакам да одиме на местото каде се започна. Добро не баш се, но бар започнавме да постоиме. И тоа сакам да одиме сега, зимово, додека сеуште има снег. Да закопаме погледи во хоризонтот исто како тогаш. Да ти заспијам исплашено во прегратки исто како тогаш.. Морам да се разбудам знам. Живеам во минатото. Но посреќна сум така. Кога никој не ми отвора очи дека ништо не е како што беше.
Па, првото пиво со тебе и не помина толку лошо. Освен фактот што знаеш дека сакам Tuborg, другото е супер. А и гушките ми се допаѓаа. Ми фалеше, а и ќе ми фалиш наредниве 10 дена. Само незнам кога да ти кажам и како да ти кажам. Те сакам.
Среќна сум што конечно си докажав самата на себе дека не си лоша личност. Всушност, многу си добар, многу. И поради таа твојта предобра душа те сакам толку многу. Знаев дека Нова Година со тебе ќе си ја поминам прекрасно и навистина така испадна. И сега бидејќи си ја дочекавме оваа година заедно, нека ни биде најсреќна година и најмногу љубов да има во неа. Те сакам.
Ми треба да бидам со тебе цел ден и цела ноќ . Заедно да се разбудиме заедно да легнеме.. и тоа ништо да не правиме едноставно само да се излежуваме во кревет. Се надевам ќе се оствари ова наскоро
Се сеќаваш ли на нашиот прв разговор? Како срамежливо а сепак одлучно се насмевнав,кога ме праша дали сум зафатена..се сеќаваш ли? Јас да,јас се сеќавам на секој твој збор,на секој твој поглед,на секоја подарена насмевка. Се сеќаваш ли на нашиот прв бакнеж? Кога ми кажа дека само јас знам да те расположам,неколку секунди зјапаше во мене,па посегна во моите усни,жедни по тебе...се сеќаваш ли? Јас да,се сеќавам на секоја твоја воздишка. Се сеќаваш ли на нашата прва караница? Прва караница,после три долги,долги години? Кога ми кажа дека си уморен,дека не ме сакаш како порано,дека ние нема да успееме..се сеќаваш ли? Јас да,се сеќавам на секој твој повишен тон,на секој твој гневен испад. Се сеќаваш ли,кога ме запроси? На тоа сигурно се сеќаваш... сигурно се сеќаваш на моите насолзени очи полни со среќа и недоверба. Се сеќаваш ли,кога мислев дека не те усреќувам? Кога заминав,кога се откажав од се’ за твојата среќа? Но денешниот разговор ми ги отвори очите,јас сум мазохистот тука. Ќе најдам начин да те преболам,верувај ми.
Ти најдобриот крадец што го сретнав досега затоа што Најдобриот крадец што можеш да го сретнеш е оној кој ќе ти го украде срцето..
Дај ми барем некаков знак,не можам веќе да издржам без тебе.И сам не си свесен колку се каам за одлуката која што ја донесов.Зарем толку малку ти значев,па сега се однесуваш волку рамнодушно према мене?Можевме да имаме многу,а сега немаме ништо освен спомените кои премногу ме болат...
Секој ден си викам дека нема више да те сакам и се убедувам дека не те сакам ама кога ќе те видам повторно се враќаат истите чувства.
Не сме како другите, по милион нешта и немаме проблеми како сите и не се караме за истите нешта и не решаваме на ист начин. Со тебе се открив себе си и си се допаѓам. Се сакам себе покрај тебе, а тоа е најважно. И кога после цел ден ќе ме гушнеш и ќе ми шепнеш: Ми недостигаше... You bring out the best of me.
За 10, 9 , 8 секунди ти летам у скут да те гњавам да одиме да си купиме Кит Кат и Кока Кола! 4, 3 ,2, 1 идам!
Знаеш ли ти, додека ме гушкаш кога спијам што ми се случува? Таа топлина од рацете твои ми го гори телово... Стандард, јас завртена со грб, а ти припиен до мене, и покрај тоа што не можам да делам кревет со друг, како да имам фобија од тесно, со тебе би спиела и на столче бе ако треба... Се надевам убаво ти беше бидејќи она што јас го чувствував овие неколку денови и ноќи, со зборови не може да се опише.. Стартот на оваа година ни започна во ист кревет, под ист јорган, гушнати и неколку слатки бакнежи среде ноќ. Нека биде така секоја ноќ, додека дишам!
Уште еднаш од сите мои поклони што ќе ги добиваш,нема ниту еден да го украсам! : Затоа што никој нема да отвориш,како и овој. Te сакам,многу многу !
Бомбонче си Ееј оддамна не ми се свиѓал некој ,ко што ми се свиѓаш сега ти !!! Ама ептен ти го имам меракот да знаеш... ќе видиме што ке биде понатаму