што е бе З нешто си нервозен знам дека постот на ф.б. дека сакаш под наводници да им се извиниш на оние што те гледаат мафијашки беше за мене, сватив ама не ми е јасно како сакаш да те гледам бе со ли многу сакаш да се тепаш а со насилство ништо не се решава убавецу
Мислам дека ова не ми требаше. Докажи ми дека грешам и те молам, немоој да направиш да се покајам ! Биди добар и те сакам, знаеш
Не знам дали животот намерно ми приредува разни искушенија, не знам зошто се случија толку нешта кои ми отежнуваат да бидам подобра личност - пред се` поради тебе. Јас кога се менувам, ги менувам сите особини кои претходно ми пречеле. Ако си поладен кон мене, ако не ме чувствуваш исто, ако немаш иста потреба за мене, нема да бегам повеќе. Не ќе те оставам сам. Полесниот пат не ми го дава задоволството од порано. Ќе се борам и за твоето внимание, ќе се грижам за тебе, ќе ти пристапувам прва, нема да се лутам што те нема. Ако немаш што да ми кажеш, не ми е гајле. Ќе измислам било каква причина да те слушнам и ќе ги направам сите обиди да те развеселам. Ако брзо го прекинуваш разговорот, нема да се разочарувам и лутам што од некоја причина си променет, не ме нарекуваш со мили зборови, ниту пак како порано, не можеш да ги контролираш чувствата и ми кажуваш колку ти недостигам. Не ме интересира што се случи. Не ми е битно ниту дали твојот поладен однос ме повредува. Бидејќи смачено ми е да бидам слабак. Во никој случај нема да ти станам досадна, напорна и сл. Само почесто ќе ја преземам иницијативата.Тоа недостигаше, а ако ни тоа не помогне сега, дури тогаш ќе размислам посериозно. Те сакам, без оглед каква иднина не` чека.
Криво ми е што се што изградивме се сруши, секој ден се рушеше но ти не ни даде време. И двајцата не си дадовме време..Знам дека не сум лоша личност, знаеш и ти, но за тебе се трудев, и тоа премногу се трудев да бидам најдобра! Сега се ме потсеќа на тебе, но сватив дека тебе ти беше сеедно, секогаш ти било. Инаку не би оставил се што градеше за нас, и за една ситница немаше да заборавиш низ се што поминавме.. Бесна сум, и повредена во исто време.. заради тоа што многу верував, верував дека јас и ти ке бидеме НИЕ! Верував дека и ти веруваш во истото, верував дека и двајцата целиме кон едно, и дека и двајцата се движиме во иста насока, фатени за рака.. А последен спомен ке ми биде јас и ти, легнати, јас иако ми е страшно неудобно сеуште спијам во истата позиција, иако знам дека утре вратот ке ме боли, не сакам да се помрднам, не ми е битна удобноста се додека те гушкам.. За мене сето тоа беше реалност, а за тебе воопшто не ни постоевме НИЕ.. Постојано јас бев таа што грешеше, постојано јас бев таа глупавата, само јас треба да молам, само јас треба да се борам, да плачам..Уживаше да ме гледаш како плачам..А колку само бев глупа, мислев дека ме сакаш, мислев дека безусловно ме сакаш.. Многу ме повреди, толку многу работи кажа што ме повредија, многу повише имаше вакви моменти отколку убави, но јас пак те сакам! Да знам дека цел живот ке ми префрлаш пак јас таа глупавата ке те сакав.. Можда сето тоа нашето било само лага, но најмалку што требаше да направиме е да оставиме да тече.. Сигурна сум дека ке имаше подобри денови за нас, бидејки нема друга што може да те сака на овој начин.. https://www.youtube.com/watch?v=57o99hRRGSc Al' ja ti oprostim na svoju stetu kad kazes mi onu najstariju na svetu laz: "Izvini nece se ponoviti!" Znam ne valjam sto ti kroz prste uvek progledam i sto sam manja od makovog zrna i sto pred tobom drhtim ko srna! Znam ne valjam sto te na kolenima uvek cekam i crven tepih bacim ispred tebe! Znam ne valjam, al' po sebe!
Сакам да си седиме на нашата лулашка, да си пиеме цедевита и турско кафе. Да не пече сонце и да си кроиме планови каде ќе се гушкаме.
знаеш ми недостигаш многу.би сакала работите меѓу нас да беа поинакви.посакувам да беше подобар човек,да постапеше поинаку,да успееше да ме задржиш.а не вака.види што направи.само ме оддалечи од себе.те прашав тогаш,но тебе ти беше сеедно и ме остави. и покрај се те сакам и сакам сега да си до мене,но тоа е невозможно.
Па ако си со мене цел живот тебе никогаш нема да ти затреба да се напиеш апче за смирување. Како те смирувам за 2 минути ни ти не си свесен. Браво за мене што оваа вечер таква нервоза ја излечив само со една моја насмевка. Што да ти правам кога си слаб на мене??
Одлучивме да бидеме пријатели.... Пријатели кои никогаш нема да пишуваат , никогаш нема да телефонираат и никогаш повеќе нема да се видат
Во принцип јас не издржував повеќе од 1 месец со некој, со тебе сум 4 месеци и воопшто не ми здосадува, напротив,секој ден ми е се поинтересно. На твоите пораки реагирам ко да сум добила на лото, а кога ќе ти го чујам гласот на небо сум.. Најкратко, а најконкретно - Те сакам!
Знам дека ти го сакаш најдоброто за мене, али верувај дека и јас го сакам истото за тебе... Вечерва ми кажа нешто што сакам секогаш да го слушам. Ептен те сакам
Знаеш, имам толку многу измешани чувства во моментов, кои заедно со главоболката даваат страшен ефект. Ми се плаче, ми се вриска, толку очајно сакам да ја тргнам тежинава од гради, но не верувам дека солзите ќе ја измијат. Не е ова тоа што го очекував. Требаше да биде подобро, паметиш? Се трудам да не ми ја почувствуваш болката во гласот, за да престанат милион прашања и за да не се враќаме на старо. Се обидувам да не треперам, кога секоја непријатна тишина се обидувам да ја прекинувам со било каков муабет, за да не ми се лутиш дека сум ќутела. Но - ефект нула. И немој после сиот бол кој ми го нанесе со тоа чудно однесување да ми кажуваш дека ме сакаш. Зашто добиваш тишина, немам што да одговорам, кога деновиве не чувствувам дека е така. Не сакам да го слушам кога со ништо не ми го покажа на дело. И токму поради таа молчаливост, кога очекувам да се заинтересираш, ти се помируваш и го оставаш така. Ќе се обидам да ги тргнам сите лоши мисли, но верувај ако врскава продолжи да биде ваква, ако ме третираш како странец, ќе го извадам срцето и ќе ти го вратам. Не ми е гајле колку ќе патам, не живеам само за да љубам, сакам и да ме љубат, и да се интересираат за моите проблеми, заедно да ги решиме и твоите, заедно да плачеме...а не заедно да молчиме бидејќи немаме што да си кажеме. Т.е. јас имам, ама ти си уморен, па време ти е за легнување, па време ти е да поиграш, па време ти е да прошеташ, па време ти е да читаш мејлови додека јас го гасам телевизорот за да направам муабет со тебе, зашто ТИ ми се јави. Едно сфатив деновиве. Јасно ми е дека имам лоша меморија, тоа одамна. Но, не сум воопшто лоша личност. Се` што сум ти правела било само моја реакција на она кое ти си го направил. Знам страшно да бидам самокритична и да си ги барам грешките, колку и да се оправдани. И потоа ќе се чувствувам како ужас од личност, а тебе ќе те величам. Ако нешто згрешив, кажи ми. Ако нешто од порано не можеш да заборавиш, кажи ми што да направам. Само не ме казнувај на овој начин, кога правам се` да бидеш среќен. Зашто ќе се трудам и трудам и трудам, но мојата трпеливост не оди до бесконечност. И тој ден, да не даде Господ да дојде, кога ќе видам дека во врскава се споиле двајца, од кои едниот ја чувствува како рутина, а другиот од петни жили се труди да ја одржи, ќе си заминам без објаснување. Знам за што сум способна, а верувај двајцата не сакаме да заврши така. Можеби не се однесував најсјајно кон тебе, но кога и да бевме заедно, можеше да почувствуваш како ми бие срцето забрзано, како ми светат очите, како не сакам да ме пуштиш. Да, можеше во очите да ми ја видиш љубовта. А ако јас не можам кај тебе, се колнам во себеси, и да не најдам никој посличен во животот, никогаш нема да ти се вратам. А да, и премногу внимание ти е посветено. Тука и секаде. Ми мириса на промена на приоритетите.
Всушност, бараш промена на моето однесување нели, да престане тоа лутење за ништо и т.н. но секогаш кога ете ќе се обидам јас да почнам од почеток, да не се однесувам така, ти се однесуваш глупаво и ме враќаш на старо. Мислам, има ли логика? Ете ти зборам тивко (нели обично се дерам), моментално сум нај милата личност на светов, а ти баш тогаш знаеш да се однесуваш ладно и дебилно, баш кога јас сум одлучила да те послушам. И после нормално, јас повторно се враќам на старо а ти тек тогаш си онаков каков што треба да бидеш. Не е за џабе тоа што рекле дека треба да си ладен со некој за да трча, да те моли. Кога ти иде човек по газот, тешко него. Ајде ако не ќе трчаме во круг, додека имаме кондиција, кој е помалку спремен ќе папса, а чувствувам тоа сум јас!
Сето ова време се баравме, се надевавме дека постоиме еден за друг таму некаде. Да ги запишував некаде сите мои желби каков сакав да бидеш, да те нацртав на лист немаше да те посакам толку совршен. Се најдовме на толку чуден, неочекуван начин. Кога се откажав дека некаде постои некој за мене, се појави ти. Ме усреќуваш целосно, блескам, насмевката не ми се симнува. Ме изненади што ме запозна со за тебе најбитните личности. Јас сеуште љубоморно те чувам само за мене. Среќа си ми, биди ми уште долго. Крои планчиња, ми годи. Знам дека се што посакуваш се исполнува. СВЕ сакам со тебе