Не знам како успеа да се вериш а до вчера немаше девојка и мене ми досаѓаше. Сва среќа што не раскинав ради тебе.
Љубов, спомени, надежи, навика, болка и зависност... Се во едно. Чуствувам дека дишам и постојам за да бидам покрај тебе, дека си створен и пратен да бидеш мој. Те сакам посесивно, лудо, љубоморно и несватливо. А ти мене резервирано, ладнокрвно, чисто и несебично. Толку различно а во суштина исто, подеднакво јако и болно до срж. Како два различни светови знаеме да се судриме и колабрираме, да го изгубиме тлото од под нозе ... но само за миг. Не е секогаш лесно. Рано се запознавме можеби прерано и венчавме и моравме многу да жртвуваме за да бидеме заедно. Тоа не кошташе многу но никогаш не заборавивме дека е вредно, никогаш не зажаливме. Се развиваме и созреваме. Не не препознавам повеќе, ја нема нашата детска наивност, младелашка искреност... станавме други личности. Но најважно е дека созреваме заедно и истовремено. Никогаш не ни бевме слични, не ни очекувам да бидеме такви во иднина. Очекувам само да се доизградиме како личности и понатаму да се надополнуваме еден со друг. Кога патам ја чуствуваш мојата болка, го гледам тоа во твоите очи, го чуствувам во твојот глас. Колку пати само во овие години на раце мораше да ме носиш по брзи помоши или да ме држиш цврсто за рака пред операција. Ме галеше нежно за лавата, ми велеше дека ме сакаш, дека секогаш ќе бидеш тука за мене. Да не се нервирам што мама не е покрај мене, дека ти си тука за да се грижиш за мене. Да ги затворам очите и да пробам да заспијам, а кога повторно ќе ги отворам ти пак ќе бидеш до мене. Сеуште ќе бдееш до мене и ќе ме држиш цврсто за рака. Комплициран си, тежок, посебен... Знаеш да ме извадиш од такт со таа твоја индиферентност, ладнокрвност и меланхоличност. Но ни јас не сум совршена. Но знам дека под тој камен оклоп тоа твое срце чука само за мене. Знам дека никој ниту ме сакал ниту ќе биде способен да го стори тоа во иднина на начинот и со интнезитетот како ти. Знам дека твојата душа е бела, чиста, недопрена и искрена. Дека јас сум првата и единствената на која и ги имаш отворено вратите од своето срце и душа. Знам дека сум спремна и понатаму да вложувам во себе, во нас...зошто НИЕ сме она вистинското.
Сакам да си легнам до тебе и да заспијам гушкајќи се. Многу ми недостига тоа гушкање со тебе, едвај чекам!
Извини што така ти правам. Извини што на моменти се губам. Извини што понекогаш сум до толку злобна со тебе. Тоа го правам јас! Признавам. Јас имам секакви позитивности и негативности. Јас сум комплекс на повеќе точки. Секоја моја точка е комплицирана и никој не се доближил ни миг барем до една од нив. Ниту сестра ми. Ти си тој, ти беше тој. Ме прашуваш кај се губам кога се однесувам толку злобно со тебе. Јас неможам да ти го дадам вистинскиот одговор! Можно е да ми е предодредено да сум злобна со личностите кои најмногу ги љубам. Како ли само можам да го правам тоа. Како ли можам да расипувам се, како ли можам да направам бистрата убавина да ја разбранувам и помешам со тињата и калта која ја предизвикуваат други, а ние сме само невини пиони. Се надевам ќе најдам мир, а со тоа и ќе ти дозволам да си до мене. ми подари прекрасен ден. ме однесе во манастирите кои одамна сакав да ги посетам.
леле З ме изненадуваш колку си отворен искрен па дури и по малку романтичен наместо да се жалиш колку е тешко да си сам, дојди помагај со преводиве оти ке полудам жими се и да ти кажам дека џабе се правиш лош и насилен-особено кога си лут, ти се познава дека имаш добро срце, чудно како си сам -знам дека ова го викаат и за мене ама јас сум друга приказна а да ти кажам дека си баш ко -ова го пишувам само тука
СЕЕДНО МИ Е... Што сакаш прави,каде сакаш оди,со кого сакаш...сеедно ми е... те сакам но на некој начин повеќе не се нервирам за тоа што ми го правиш... И сепак јас сум таја што треба да се смени ?? Извини ако ме сакаш сакај ме поради тоа што сум ЈАС ...
Ми згреши повторно! Абе човек како може толку ич да не мислиш? За што ти тежи таа главата на рамениците, а?? Не знам како веќе да ти ги објаснам некои работи...
Досадно ми е!!!! Дојди гушни ме да се погалиме малку и да заспијам во твојата прегратка! ТЕ САКАМ !!!!1
Секоја вечер излевав за тебе да те видам ..али ти само се поздравуваш заради култура со мене...Те сакам али ти мене не ..и кога ќе ти кажам викаш дека неее еее така...Е така е како е....
Ако ти нанесов болка удри ме, можеби ќе ја почувствувам јачината на твојата рака, можеби ќе ме освестиш да му ѓи затворам портите на љубовта. Ако ти значам,спаси ме, не знам за други очи освен за неговите, не знам за други усни, само неговите ги сакав.. Сакав само да го бакнувам, сакав да ме љуби дур` има љубов во него..мислев вечноста е кратка за нашите копнежи. Ако те замолам, би ме однел ли некаде каде не би го помислувала,каде не би ми спиел во зениците, каде не би се криел во секое отчукување на моето срце.. Би ме однел ли..?