Убави моменти денес. Ќе прснам од желба сите овие работи што ги пишувам да ги слушнеш, да ги прочиташ, но тебе би ти биле излишни. Тебе не ти требаат зборови. Не за џабе ми ја посвети more than words, уште кога си бевме другарчиња. Верувам дека се се враќа во нормала. Последен и доволен знак ми беше што ми ги кажа тие две зборчиња со чувства, онака како што би требало да звучат. Како и првиот пат, кога беа посилни од срамежливоста во тебе. Те сакам. Покрај се...
јао З ме трогна твој пост незнаев дека си бил толку романтично-реален врти сучи пак нешто ти за љубов, се гледа дека ти недостига и покрај тоа што имаш се-уште еден доказ дека си машко што не може да живее без тоа како и секој човек ама барем не се резилиме на ф.б. ко ти стварно си бе умна глава, па клекни пред некоја да те засака само аман престани да пишуваш за љубовта
Што знам Стефане, не знам што да ти кажам веќе после сите овие месеци. А на втори март е една година откако првпат те почувствував. Не сум со тебе четири месеци и можеби сфатив дека си навистина лицемерен и лажго, воедно и одличен манипулатор да ги натераш другите да веруваат во нешто, да ги убедиш во тоа што го сакаш ти. А зашто го правеше тоа, зашто таа те повреди? Незнам, можеби отсекогаш си бил таков и затоа и таа те оставила но повеќе тоа не е ни важно. Во исто време сум бесна но и среќна што повторно од нигде никаде се појави во мојот живот, и знам дека повеќе не верувам на твоите зборови и твоите сларкоречиви покани на кафе.. Те молам. Знам дека ако повторно дојдам, пак ќе се случи истото и целава ситуација ќе се сврти во круг. А си ветив.. Си ветив дека ти ќе ми бидеш последен, барем до летово што доаѓа, и ете го прекршив тоа ветување и тоа со некој кој е сосема различен од тебе, и многу поголем од тебе. Дали да се обидам нешто со него? А како да се обидам, кога уште ми излегува твојот лик пред очи и таа вечер кога дојде во 4 саат кај мене пред врата носејќи ми маченце. Ретки беа тие денови и моменти кога бев потполно среќна и уживав со тебе, ама затоа ми беа скапоцени и сеуште ги паметам. Си мислев дека ќе те избришам од мене како и многу други, ама не, сега сфатив дека не можам. Може да имам десетици после тебе, ама ти си ми единствената светла точка меѓу сите нив. Сакам барем уште еднаш, ама само еднаш да те почувствувам блиску до мене, да те имам за еден последен пат и ветувам дека после тоа нема да имам пак ништо со никој.. Хах, а јас за тебе претставувам една обична будала која можеш лесно да ја манипулираш и да ја повикаш да ти ги задоволи твоите потреби, грубо речено. Знам дека си сам, знам дека си осамен и ти треба љубов ама мене ми треба повеќе и не сакам да ги задоволувам повеќе твоите себични потреби. А сеуште сонувам дека заедно ќе одиме на одмор, дека ќе ни биде преубаво. И сите мислат дека сум те заборавила, зашто не те споменувам толку често ама како да те заборавам. Ти ми беше прв. Прв во се. А тоа не се заборава така лесно.. Ме потсетува песнава на тебе, и на летово изминато со тебе. Никогаш заборавено. http://www.youtube.com/watch?v=4ZI8AC4AR5A
Не сме повеќе истите, повеќе од јасно е тоа. Сега секој кажан збор го вртиме против себе, заборавајќи ги моментите кога се боревме за да опстанеме! Не, не бевме во врска, ама тоа што го имавме го нема ни во сказните. И знам дека сум крива што те одбивав година дена и што на крај сфатив што ми значиш ти, ама тоа не ти дава право да ме уништиш. А ти тоа го стори! И еве, 8 месеци откако не сме истите.. Вреди ли инаетот од твоја страна? Сакаше да ми вратиш, да патам? Ќе заврши ли некогаш ова од твоја страна или ќе ме мачиш исто онолку колку јас тебе? А завчера на иста маса јас,ти и друштво.. И се закачаме, се смееме, пееме. Ама не сме истите. Нема прегратка,го нема она што го имаше.. Ама ајде, си велам сега заедно ќе одиме на скијање и цела недела ќе мораме да сме еден околу друг. Ќе попуштиме ли веќе? Дали тој одмор е шансата која ја чекам? Те сакам. Искрено и вечно.
Уште 45 мин. а мене ми се чинат како да се 45 год. Цел ден не си тука,на работа си и неможеш ни да ми се јавиш штета што е така кај вас. Едвај чекам да ме земеш во прегратка,да ја почувствувам таа цврстина и топлина и твојот мирис на ваниличка. Хехех сонце мое,цело си со ароми после работа. Го обожавам тоа кај тебе. Те сакам мил мој,ќе издржам !
Не сум сигурна дали ме нервира или ми се допаѓа таа твоја способност да направиш да сум гневна на себе,кога сум гневна на тебе,да се обвинувам знаејќи дека сум во право. Се плашам од нашите караници а сепак имам толку многу да ти кажам,ја потиснувам својата лутина и незадоволство само за истата да не те обземе и тебе. И потоа,ме прашуваш што ми е? Што воопшто би можело да ми биде? Велам дека не е ништо,а сешто е. Се’, се’ само за да не бидам принудена да ги послушам туѓите совети и веќе конечно,трајно,да те избришам од својот живот. Границата помеѓу љубовта и омразата е малечка,тесна,а јас сум принудена да газам по нејзе надевајќи се дека ако паднам,ќе паднам на страната кадешто ќе те љубам и ќе ти верувам. А ти? Ти наместо да ме придржуваш,свесно ме туркаш кон страната кадешто би морала да ставам крај. Како и да е,мислам дека разбираш. Зарем твоето извинување,со букет на колена го сметаш за поважно од сиве овие години кога јас бев покрај тебе и во добро и во зло а ти ме оттргнуваше од себе? Кога ме оставаше за банални причини,а јас без да се пожалам ти се враќав,барајќи го проблемот во својата психа? Кога ми се лутеше мене за своите грешки,без да се грижиш за мојата состојба,а јас знаев само да ти простувам? Кога одненадеш знаеше да ми кажеш дека не ме сакаш повеќе,а јас се борев за твоето внимание? Кога бев слепа и глува за туѓите совети,да те оставам? И кога на крај,се откажав од се тоа што сум го правела за тебе,само за твојата среќа? Ми требаат неколку денови за се преиспитам,да бидам сама,а не знам како би ги преживеала без тебе. Те сакам,себичен гаду.
http://www.youtube.com/watch?v=S0kVK1ezPoI Not really sure how to feel about it Something in the way you move Makes me feel like I can't live without you It takes me all the way I want you to stay
Колку повеќе поминува времето толку повеќе сум сигурна дека ти мене не ме сакаш.. Всушност, никого не сакаш! Себичен си, толку себичен што само самиот себеси се сакаш.. И не знам од каде таа љубомора, посесивност, нервоза, забрани?! Чудно!! Требаше да знам дека никогаш нема да се жртвуваш за да бидеме заедно, дека секогаш јас ке бидам таа што е крива за се, дури и за најмала ситница.. Знам дека ништо не е лесно,но ти не ни проба,туку избега, одлучи да го оставиш туку така.. Да пробаше можеби и немаше да зажалиш, мада заборавив дека ти за ништо не жалиш, ниту за зборовите кои ми ги кажа, ниту да работите што ги направи, ниту за тоа колку пати заплакав, и тебе не ти дојде ни да ме гушнеш.. Не жалиш ти за ништо..но јас не можам да бидам ладна, сурова како тебе.. ЈАс бев спремна да растам и созревам покрај тебе. Бев спремна да станам друга личност.. Заради нас, заради тоа што те сакам.. Но ти не сакаше да се надополниш, ти беше свет за себе..Тебе ти беше сатисфакција да ме гледаш како плачам, те радуваше секогаш кога јас се нервирав, не ти беше битно дали ме боли душата, дали ми треба да ме гушнеш.. МЕ гушкаше кога сакаше, ме бакнуваше кога сакаше, раскинуваше кога сакаше, се смируваше кога сакаш, ме имаше кога сакаше,имавме односи само ти кога сакаше!! А јас никогаш не реков не, и не можев, и не сакав да речам не. ЈАс се хранев со твоите бакнежи, прегратки, со твојот мирис, твоето тело.. Во мене сеуште постои малку жарче, малку надеж .. но потоа има и втор глас што ми вели дека никогаш нема да бидеме јас и ти еден за друг. Дека никогаш нема да ми биде ниту малку вратено.. И дека секогаш јас ке бидам таа што не вреди, што не чини!! Во сеќавање ке ми останат топлите прегратки, макар и лажни биле! Нo само ти знаеше така да гушкаш.. Со што заслужив да ме уништиш? Со сите работи што ги правев за тебе? Колку би сакала да ги послушам другите кога ми викаат дека не ме заслужуваш и дека си играш курташак со мене и дека сместа треба да те избришам од мојот живот?! Пак не можам.. и морав ова да го цитирам..
А јас лудата бе, ни две ни три, ОП таму и таму. А бе со кој памет бе. А бе еј.......МРШ!!! Ти не си човек, ти си ГНИДА!
Би му кажала дека го сакам повеќе од тоа што мисли, дека и покрај сите расправии и караници, и напади на параноја што ги вика тој, секогаш е првиот на кој помислувам кога ќе станам, и последниот кога ќе си легнам! Ми недостига стариот тој, што знаеше да ми покаже колку ме сака во секој момент, ми недостигаат и малите обични пораки за добра ноќ, и понекогаш се лутам што ме става на второ место ( после другар му)!!!! Ми треба поише внимание. Би му се извинила за сите караници што сум ги предизвикала јас ненамерно... Би му кажала многу работи, но понекогаш човек неможе да каже се што сака..
Имам чуден стил за зафрканција,си признавам А ти тоа толку сериозно го свати сеуште не си ме научил... имав шанса вечерва да си легнам со чуството "I am like a bird" знам дека нема да ми фалиш ни денес ни утре ни по една недела... Дали се измачувам..или премногу мие жал за тебе ?
Кога би можел само на кратко да ѕирнеш во срцето и душата,би се изгубил во големината на љубовта спрема тебе.Вниманието и љубовта што ти ги давам се најмалку што можам да сторам за тебе. Сигурна сум дека ти си тој! И ако не ми успее со тебе,не сакам со никој! Убаво рече ти,поинаква сум.Не ми е кејф да опнам штикла и да идам во кафич да ме видат што повеќе,ама затоа кејф ми е сабајлечки кога ќе ги отворам очите и ќе помислам на тебе,ќе погледнам во телефонот и погледот ќе ми го зароби една кратка твоја порака. Ме исполнува кога ќе ми се насмееш така топло,кога ќе ме гушнеш како да ни е последен пат. И неможам да го сменам минатото,ама затоа со тебе сакам да изградам убава иднина. Научив што е вистински да сакаш,нема да дозволам да го изгубам тоа. Мој си сега,само мој. Те сакам вистински,искрено!
Жарот во твоите очи со кој ме гледаш ми ја плени душата. Ме остава без зборови. Синоќа кажа зборови за мене кои ниеден маж не би ги кажал за една жена. Беше прекрасен после толку време... Знаеш дека ние не сме виновни што баш во моментот неможеме да бидеме среќни. Но, и двајцата сме преплавени со проблеми од кои навечер неможеме да спиеме. Проблеми кои не ни дозволуваат да се опуштиме и да уживаме. Но, сеуште се надеваме, нели? Ќе дојдат и нашите денови мил мој. Многу копнеам по тие денови...веќе две години како не се смееме...
Се правиш како да е се ок Хаха ама не знаеш дека јас за ова ќе ти вратам дупло, слушај ме мали еден ден ќе те стигне и тебе изреката Што си сеел тоа ќе си жнееш. И олади веќе, созреј веќе еднаш, не си веќе 16 години, многу повеќе си ај не терај втор тинејџерски, глеј јас да не го почнам тој живот па ќе видиш кој е кој.
Ете, така сакам да биде. Да можеме да разговараме за се`. Само, не треба да почувствуваш промена кај мене за да мора да се направи тој разговор. Да, сакам да знаеш дека кога ти се повлекуваш во себе и со твојата неемоционалност и негрижа ме оддалечуваш, истото го правам и јас. Се тргам, проблемите си ги чувам за себе, прифаќам дека сум сама на овој свет и знам дека совршено добро знам да се носам сама. Но - во врска не би требало да биде така. Треба да се споделува. Подобро ќе чујам дека уште не си ги заборавил оние мои зборови, дека времето кое си го поминал сам те натерало да бидеш поладен, отколку сама да претпоставувам и да се однесуваме еден кон друг како туѓинци. Мило ми е кога ќе можам да ти кажам ради тоа твое однесување, не може да биде подобро како што ти ветив. Можам да не се замарам за тебе, знаеш? Може воопшто да не ми е грижа што правиш во текот на денот, да не ми е гајле ако не си се јавил, да немам потреба било каква од тебе. Така, само си се чувам од болка. И разочарувања. И полесно ми е. Ама не е поентата да биде полесно. Треба да биде еден убав однос помеѓу нас, каде ако било кој е повреден, ќе може да му се обрати на другиот, да му каже што му смета и каде згрешил. И потоа ќе правиме мали корекции, бидејќи личноста која ја сакаш треба да ти е најбитно да не ја повредиш. Треба да можам да се дојдам дома изнервирана и расплакана, а ти да ми ги сопреш солзите и дадеш утеха. Треба да се изжалиш дека те чекаат факултетски обврски, а јас без да се побара од мене, да ти ги направам семинарските. Треба да се разбираме, почитуваме, сослушуваме, помагаме, разговараме, договараме, да бидеме способни да се насмеваме еден со друг, да се изненадуваме, да се трудиме да биде подобро, да се советуваме, да се сакаме. Има многу пред љубовта, знаеш? Не ме боли веќе, не си центар на моето внимание, не сум подготвена да создадам нов свет за тебе. За нас. Но, не треба да биде така. Не дозволувај.