Пред тебе не знаев што е желба за вечно постоење. Посакувам да замрзне моментот додека те будам, кога полусвесен ќе се насмееш, галејќи те.. Посакувам да застане времето додека сме мрзливи и се тегавиме во кревет, кога делиме воздишки, кога срцево скока од гради штом ме гушнеш... Не сакам повеќе да се плашам што ќе биде, сакам целосно да уживам. Тоа е грешката што секој момент ја правам.. Знам дека знаеш, дека си свесен. Разбудувај ме почесто, кажи ми да се препуштам на моментот а не да се јадосувам за иднината... Се плашам, не смеам да си дозволам уште еднаш да те повредам.. Човек навикнува на болката, но јас не смеам да дозволам повторно да ја почувствуваш.. http://www.youtube.com/watch?v=Lh2oWbaRvQg Ти, јас..
Како ми рече?Да ти верувам на тебе,дека измислувам,дека ништо не сум видела... Ок ништо дирекно не видов ама индирекно да.Кој ти е крив таква ти е среќата.Погрешни зборови и дела во погрешно време.Значи јас да не си верувам на себе и моите очи туку на тебе?Ти луд да не си? А што прашувам кога си... Одамна нас крајот ни е дојден незнам што само се мачиме,дај еднаш веќе овој филм да го завршиме. Знаеш како е тоа кога некој си сакал повеќе од се а сега си дојден до тој степен да го мразиш исто толку? Токму така се чувствувам.Не остана веќе ништо,ниедна причина поради која би останала со тебе... Подобро ти пресечи,нели гледаш дека се правам за да ти пукне филмот. Немам храброст јас си признавам,зошто знам дека нема да ме оставиш на мира,затоа подобро ти пресечи,полесно ќе ми биде и мене и тебе... Што ли ќе биде понатаму стварно незнам,ама сега за сега знам дека не сакам да сум со тебе...
Со тебе би ја поделила и последната коцка чоколадо на половина. Или, како беше вечерва - дури и последната половинка од мрФката би ја поделила на половинка за тебе, зашто средината од палачинките веќе одамна стана комерцијала.
Ах мило. Колку ме исполнува времето кога сум со тебе, како да ми дава енергија. Судбината била на наша страна Jer sve sto se lepo zapocne, uvek se lose svrsi. Така и со нас. Обратно. Те сакам најмногу...и по стоти пат ке го речам истото... нема да ми се смачи.
Неможам да ти кажам што ми се случува! Ме маваат лоши филмови...само тоа! Несакам да ти објаснувам. Не ми е дојдено до тоа. Оти така само ќе тапкаме во место. А, не го сакам тоа. Почекај, ќе ми помине....само не ме притискај.
Јас стварно не знам што да мислам во врска со тебе. Поголем дел од времето не ми е ни гајле, ни па ми е гајле што ти правам и како се однесувам... веројатно оти сум со нешто зафатена, ама кога ми е досадно, одма си почнувам со психоанализички на твојата маленкост. Прва работа околу која изведов заклучок - јас и ти никогаш нема да кликнеме целосно. Можда делумно, можда малку со сила, ќе бидеме подбутнати и притиснати како мало дете што упорни притиска делче од слагалица кое не припаѓа таму. Како кога правиш небо на слагалицата - сите парчиња се слични, сини и еднобојни, и упорно го притискаш тоа и тоа и тоа, и таму е, сигурен си, милион посто, тоа е тоа таму, за на крај да испадне дека парчето е всушност од реката доле. Никогаш нема да научиш да се смееш на истите работи на кои се смеам јас, а уште помалку, мене некогаш ќе ми стане смешно тоа што тебе ти е. Нема да слушаме иста музика, нема да бидеме во ист круг на луѓе, дефинитивно нема да се облекуваме во ист стил и мислам дека нема ни да се сложиме околу тоа на која клупа да седнеме на прошетка во парк. Додатно па на ова, кога е уште почеток и ти треба да ми направиш нешто УАУ, нешто од кое ќе паднам на газ и ќе си речам, да бе, овој е момакот, ти само си... вегетираш. Како што си вегетираш и во други сегменти од животот, за разлика од мене, што и кога вегетирам, мислам дека сум поразмрдана од твоето најразмрдано. Ова ќе правиме, она ќе направам, ова го сакам, и на крај - ништо. Знаеш, со него, со кој ако се позамарам малкуцка повеќе мислам дека има солидни шанси пак да испадне нешто, некако... бевме во склад. И уште тврдам и ќе тврдам дека и до ден денес сме. Кога разговараме, нема крај на муабетот и стоиме свртени и има нешто, енергија, движење, магнети се привлекуваат и мислам дека светот се движи успорено, само за да ни даде повеќе време да довршиме со се. Со тебе, светот ми оди побрзо, само да дојде крајот и да почнам со нешто друго. Ете, така те доживувам. И тоа ме плаши... и ме плаши што не заслужуваш така да те доживувам. Со тебе, никогаш нема да бидам сигурна дека ќе останам со тебе ако наиде некој ПО-нешто, подобар, поубав, попаметен... Ете, со него бев сигурна, иако не заслужи. Тоа е друже, клучната и болна разлика.
Нека ти мириса цело битие на Нина Ричи, не само перницата. Нек ти јутро мирише на менеее! Мене ми е прекрасно, мирно и спокојно. Спиј убаво.
Ме фаќа страв, всушност долго време ме држи. Неможам, незнам и несакам. Како да излезам од сето ова. Кога станав не јас? Во кој момент? Се мислам дека дното го допрев пред година дена. Тоа беше одвратно дно. Главата ме боли секој ден од тогаш. Телото не ми личи на моето. Душата секој ден станува се поцрна. Нели љубовта треба да не прави подобри? Мене ме направи, за кратко. Потоа пекол. Не, не те обвинувам тебе. Не си крив. Криви се нашите аури. Не верував дека ќе станам ова. А како станав? И се разбира дека е могу подобро човек да нема љубов, бидејќи вака кога има се соочува со вистинската злоба во светот. А таа злоба прерано ме остаре. Таа злоба која имаше неуспешна врска, неуспешен обид за нова врска, неуспешен обид за да те украде. Таа злоба која ми зема многу работи. Ми ја зема сестра ми. Може грешам во мојата проценка, но од кога ја видовме таа личност се почна да ми оди надолу во животот. Ти си тука и се бориме заедно. Верувам дека нашЕто ќе ги победи сите препреки.
Малечко мое, што би правела јас да те немам тебе ? Искрено незнам....Секој ден се повеќе и повеќе те сакам и никогаш нема да те повредам, те сакам единствен мој
Незнам какви се другите приказни и не ме интересираат. Овој пат ти ги премина сите можни граници,ја прокоцка и последната шанса,многу брзо.Немав ни време да размислувам за "убавата" вечер,бидејќи многу брзо дојде уште еден крај.Незнам веќе што е крај а што почеток. Залудно ме бараш на телефон кога гледаш дека нема одговор.Залудни ти се пораките со наводното каење,залудно ти е се. Само уште ова го немав преживеано со тебе и ете се случи.Немам веќе ни прашалници,ниту пак сакам одговори. За мене не постоиш,ти текнува? За мене си обичен човек,и не ме боли уво што ќе првавиш и како ќе правиш во животот. А нема да ме заборвиш ! Немаш толку памет за да успееш да ме преболиш. Можеби претходните години си ми недостигал за време на ваквите празници,ама сега од тебе и од помислата на тебе. Ти си очај пријателе.Беда.Болест невидена. И не,не го кажувам ова за да помине редот,верувај ми така и се чувствувам. Знаеш кога пак ќе бидеш со мене? Никогаш! Па незнам дали ни тогаш.
Си велам, волкаво магаре отишло на Коледе бе. Среќа што не е вистина. Срце си. 16 саати спиеш, и мене ми крекаш после. Жаба.
Колку сакам само да ти ја посветам песнава...ама нема да го доживееш тоа. Може само една реченица да ти цитирам.. ''Зошто Боже, зошто него го љубев јас?'' http://www.youtube.com/watch?v=4Tz4R1Wh1rw