Откако сум со тебе почнав да верувам дека постојат сродни души.Почнав да верувам дека за секој човек на овој свет постои некој кој ќе го надополни, усреќи, некој кој ќе му даде смисла на неговиот живот. Велат: Some day, a person walks into your life and makes you understand why it never worked out with anyone else. Без сомнение, за мене ти си таа личност.Ти си оној кој ми покажа љубовта не секогаш мора да зема без да дава, дека кога некој навистина сакаш, за него си спремен на се’, без тоа „се’“ да го сметаш за жртва. Ти си оној кој ме научи дека во љубовта можеш да направиш компромис без да почувствуваш дека нешто губиш, оној кој ме научи дека вреди да се бориш, затоа што дури и солзите, болката и малите проблеми, не се толку страшни кога до себе имаш некој кој со кого можеш да ги споделиш. И без оглед на тоа колку ќе трае оваа наша приказна и како ќе заврши, сакам едно да знаеш: Никогаш, ама баш никогаш нема да се покаам за било кој момент кој сум го поминала со тебе. ТЕ ЉУБАМ
Ова ти е најгревната и најпростата работа што некогаш си ја направил. Дојдов и до моментот да ме избришеш од фејсбук и да ми речеш дека некој ден ќе ти се заблагодарам. Ми оди да се отрујам човеку! ДА СЕ ОТРУЈАМ!
Секоја година одевме заедно во црква пред вечера. Секоја година бев првата личност на која ќе и се јавеше откако ќе вечеравте за да ми кажеш каде се паднала паричката. Истото го правев и јас на Василица. Веќе не. Денов/иве се тупави. А јас, што сакам зима и уживам во празниците со целото срце и душа, сега функционирам механички... спремив нешто за моите, се смеев вештачки, поминуваат деновите... и поминуваат. 10 дена. Мислев дека на нова година работите ќе се сменат, мислев дека ќе ја погазиш твојата крутост, затвореност, инаетливост... а ти не се дрзна ниту да честиташ. Мислев дека ќе допрам до тебе, мислев дека после толку време ќе сфатиш дека искрено те сакам, мислев дека работите еднаш засекогаш ќе се средат и ќе пораснеме и ќе помине се и некогаш ќе се смееме на претходниот грд период... ама не. Мислам, се е добро додека наоѓам работи за да си го преокупирам мозокот, ама мислите ме стигаат кога-тогаш, пример навечер кога ќе си легнам... Тешко ми е затоа што не знам, не сум ниту сигурна дали е навистина крај крај, и друг пат сме биле подолго скарани, ама сега некако се чувствувам поинаку, некако знам дека работата е ептен за нигде, плус друг пат сме се слушале, сме знаеле се еден за друг, сега не знам ниту акде си ниту што правиш ниту како си... и боли. Затоа што не знам што ни се случи, што по ѓаволите ти се случи, што те смени... каде исчезна се што имавме, каде отиде тоа за кое сите велеа дека сакаат да го имаат? Каде по патот си ги пуштивме рацете и почнавме одвоено да чекориме? ми недостигаш многу искрено и болно... го сфаќам тоа кога ќе ми се случи нешто без разлика дали добро или лошо и го земам телефонот да ти вртам па ќе ме пецне нешто од внатре, и си викам не жено заборави ли што се случи... ама од ден на ден се помалку го фаќам телефонот, или и да го фатам вртам кај некоја другарка. Не е дека не се живее без тебе, ама поразлично е. Ми беше се. Еднаш во собава направив чистка, и сега се што е останато и насобрани нови работи, повторно ќе тргнам. Другарките ми викаат дека ги фрлам спомените и не е убаво... ама не, јас не ги фрлам спомените, само ќе ги тргнам на таван работите што не сакам секојдневно да ги гледам и заради нив да мислам на спомените. А спомените и да сакам не можам да ги фрлам, ми ја имаат исполнето душата, секое делче од срцето, во секој фолдер со слики те има... има и убави, има и лоши спомени. Ќе ги избришам лошите, во чест на се што имавме ќе паметам само добри работи. Многу ти грешев, но никогаш немав лоша намера. Никогаш во животот на ниту еден начин не сум сакала да ти згрешам, само многу пати не пронаоѓавме некоја средина... Јас сум девојче... а ако најдеш девојче кое никогаш нема да има хистеричен момент, тогаш добро ќе бидам среќна за тебе... но невозможно е. Јас дадов се од себе, се што можев, се прилагодував, смислував работи, сакав се со тебе... а ти не се осмелуваше ниту да се јавиш еднаш во денот да ме слушнеш. Мислиш ли дека некоја сака таков човек покрај себе? Не. Ми доаѓа да ти се јавам, да ти изнакажам се, се што ти си ми сторил, се на кое сум замижала, се што сум простила, се што ми лежи на душата, да ти се изнавикам и да ти спуштам, како што имаше обичај ти да спушташ слушалка кога не ти се правеше муабет, демек за јас да ја смирам нервозата. Но не го правам тоа, не е убаво. Плус, уште те сакам и некое малечко делче од мене се надева дека ќе сфатиш и ќе се освестиш. И да не се освестиш, и никогаш веќе да не се видиме(што е невозможно), и едно здраво да не ми викаш јас пак не ти посакувам лошо. Во душата не си лош човек, предобар си, затоа и те сакам повеќе од се и сакам да си навистина среќен. Никој не е крив што работите се распаднаа. Поточно, двајцата сме криви.(повеќе ти). Нема логика што коа ставивме крај ми рече да бидеме другари... 4 години делевме кревет, спиевме заедно, делевме се и бевме едно... знаеш колку е тешко да сум во иста просторија со тебе? Знаеш како беше на нова година да сме заедно а да не можам да те гушнам? Знаеш ли? не знам дали знаеш... ама не можам, некогаш можеби сум рекла да бидеме другари ама тогаш сум знаела дека ќе се смириме и сум го трефнала тоа туку така... не можам. Да не сакаш и за нови симпатии и излегувања да ми раскажуваш? Ма нема проблем... ти немаше храброст ни сериозен муабет да направиш кога ставаше крај и сега ќе ги замачкуваме работите и ќе си бидеме најдобри другарчиња? не. И немој да мислиш дека кога ќе се јавиш(ако се јавиш) ќе потрчам како друг пат што било, затоа што буквално сум уништена. Можеби би биле другари тогаш кога двајцата дефинитивно ќе продолжиме со животот и нема да има низ воздухот остатоци од нас кога ќе бидеме во иста просторија. На крај краева, животот е пред мене, а и пред тебе... никој не може да знае што ни носи утре, можеби ќе бидеме пријатели, можеби ќе најдеме други што ќе не исполнуваат целосно и нема да имаат мани, можеби еден ден едвај ќе се сеќаваме еден на друг... можеби ќе сфатиме што имавме и некогаш пак ќе го пронајдеме патот еден до друг. Можеби... а можеби и не, од тоа што негде ни е пишано не можеме да побегнеме. Немаше сврха да се влечеме уште заради тоа што бевме претходно, или затоа што сме поврзани веќе на многу начини... немаше смисла затоа што уште пред некој месец пукнаа работите. А таа една работа што ја стори, што јас упорно ја закопувам, тек сега сфатив дека никогаш нема да можам целосно да ја заборавам. Не знам колку си свесен дека премногу ме повреди во животот, и додека погрешно толкуваше се, јас стоев цело време покрај тебе... не знам дали си свесен за големите и малите грешки што ги стори... како и да е, потребен ни е некој подолг период одвоени. Рано искусивме се, и се поврзавме некако и со роднини и многу други работи а не требаше... треба малку сам по сам да функционираме, заедно созревавме, а како да созреавме во две исти а толку различни суштества. Ако продолжевме понатаму на ист начин, ќе се уништевме, и на крајот ќе завршевме огорчени, и ќе се мразевме а нема потреба. Нека поминат неколку месеци, ти најди си работа, среди си се што сакаш, прави што сакаш, јас ќе си го средам факултетот, животот и здравјето... а после тоа ако требало да сме заедно ќе бидеме, ако не ќе бидеме другари... Можеби вака... можеби...it's for the best. Биди добар...
http://www.youtube.com/watch?v=Hr0Wv5DJhuk СЕ мразам за тебе, ги мразам твоите игри.. Играш топло ладно со мене, и го мразам тоа... Ке ме насмеееш, и во истиот момент знаеш да ме расплачеш.. Ке ме налутиш, и со еден потег знаеш да ме смириш.. Мразам тоа што на моменти се понашаш како најголемиот идиот, мразам што знаеш да се јавиш, ама и што знаеш и да не кренеш.. мразам што се лутиш за ситници, мразам што си толку комплициран највише те мразам заради тоа што те сакам.. и што и да правиш пак ме имаш..
Душиче мое, многу ми е жал вака шо е се, многу ми е неубо значи, сакам да ти поможам ама ова пуста далечина не отепа веќе Знајш како би сакала да бидам со тебе, многу, многу
Ме чуди тоа што прв почна да ми пишуваш. Не се бунам, само онака чудно ми е. Може шо ти признав дека кога ќе пораснам ќе те бркам за дечко, а?
Ме зачуди...најискрено! Никогаш не очекував дека прв ќе ме побараш и ќе молиш за прошка. Само сега сум во дилема,да се прости или не?? Не можам да ти верувам после се што направи,но потруди се,знаеш дека многу те сакам и повторно би била со тебе.
Дали магичниот свет во која живеевме престана да постои заврши со последниот ден од декември? Ти, што те сметав за совршен, ти што најпосле ме убеди дека си вистинскиот, дали најпосле излегува на виделина неискреност и постапка на која најмалку се надевав? Можеби се беше несреќен сплет на околности, можеби стварно не си виновен како што тврдиш, можеби се уште си оној, мојата сродна душа, мојот совршен, оној кој вистински и искрено ме сака. Но животот ме научил да се потпрам на интуицијата, што овојпат се јавува како гадно чувство дека сепак нешто не е во ред, иако речиси се упатува на тоа дека си искрен. Ах, те молам биди она што мислам дека си...
Како успеваш се да поправиш во секунда... Најдобар си! МОЈ СИ!!! Фала за прееска. Те обожаваааааааааам бре
Арно, си попраивме муабет цела вечер, сега на спиење ама ептен кејф ми праиш вака кога седиш буден само за да збориш со мене, иако едвај очи држиш отворени.. не си ти толкав тврд орев колку што сакаш да се напраиш незнам дали би ми верувал, ама во последно време само ти ме исполнуваш
Уффффффф како само знаеш да ме изнервираш за секунда не не стотинка вчера неможев да спијам аххххх ме стопи , а денес леле да си ми во близина ќе те изнатепав толку добро што никогаш нема веќе така да се испонашаш!!!!! и да секако дека те сакам и дека неможам да живеам без тебе али веќе не попуштам па ако треба и сама ќе останам цел живот!!!!!
те сонував нокеска-сликата од вчера стоиш и ме гледаш-не дај боже да трепнеш случајно а во сонот се појавува едно агелче,доага накај тебе и ти удира еден -ех што би сакала тоа ангелче да сум јас да се раздрмаш малку, да се пресрамиш и да комуницираш со мене ко човек а не толку воздржано ко не дај боже Баба Рога да сум а ке постираш песни од видот-All I want for Christmas is you на ф.б и тоа точно на полнок -е умна глава бе
Кога ке изветрее штокот од вчера,ке се сетиш дека ме повреди.Толку многу што не те препознав.Се надевам дека ке ти биде жал,доволно ке е да си признаеш себе си..И кажи си не требаше така,и не требаше неа..Јас еден ден ке ги заборавам тие лоши зборови...како и се друго..И покрај се,мило ми е што беше дел од мојот живот...Ке те пикнам некаде длабоко во моето срце и еден дел секогаш ке ти припаѓа тебе..Ке ми недостигаш....
Aхх колку сакам да сме некаде сами јас и ти ,далеку од сите во едно трошно куќиче со мало кујниче да си правиме болоњезе ,да си трчкаме голи без ич да ни чуе за никој и ништо , да ти предкам на стомак док ја слушаме http://www.youtube.com/watch?v=bT7bbgsyzKc ,да ти печам коштанчиња на ќумбенце ,да се гушкаме галиме и мазиме,да ме бацнуваш на на секој 2 секунди и да ми кажуваш дека сум ти небески цвет а послем ...хммм сакам да ти правам безобразни работи еххх сакам ,ама стварно сакам ,ајде да одиме бар на викенд не биди стока безобѕирна
Ми ги правиш празнициве уште поубави.Ме правиш мене среќна.Дај Боже уште многу години да си славиме,па еден ден да си го дочекаме Божиќ во наш заеднички дом.ТЕ САКАМ
И покрај разочарувањата во врска со тебе но не и заради тебе,остануваш да бидеш еден од најдобрите личности во мојот живот.Еден од посебните.Толку драг и мил. Те обожавам!