Цела сум посинета идиоте еден. Не сите луѓе околу мене знаат дека немаш осет со таа устата додека касаш. Добар дел од нив мислат дека ме тепаш. Ако не престанеш да се понашаш како човекојадец навистина ќе кажувам дека ме тепаш. Па коа ќе те фати срам ваљда ќе се откажеш хохохо
Само не сфаќам зошто немаш храброст и ти е страв да го направиш првиот чекор...Толку ли ти е тешко кога знаеш дека те сакам а и ти мене...ТЕ САКААМ и чекам да го направиш првиот чекор
те сакам и сакам секоја вечер заедно да легнуваме и да се будиме наутро заедно, тоа би било нешто преубаво
Една недела одкако не сме заедно...морам да кажам дека воопшто не ми недостасуваш... Значи си успеал се да убиеш во мене... А јас станувам се посилна со секоја болка...зошто можеби некаде ме чека нешто многу подобро...некој што ме заслужува,што ќе знае да ме цени...
Дај бе превземи нешто. Јави ми се, дојди, нешто.. Умрев од досада. Гледав еден од филмовите и досаден беше. За судбина беше. Знаеш што мислам за тоа.
Се надевам еден ден ќе сватиш како ми е сега. Ги мразам овие периоди твои кога ме обвинуваш за се, иако знаеш дека не сум ти крива за ништо. Ама ако си знам јас како треба со тебе
И знаеш што е најлошо? Најлошо е тоа што уште го чекам твојот повик. Некоја порака. Извинување. Нешто што повторно ќе не спои.. Од сите желби, оствари ми се барем ти.
Кога ќе влезеш во некоја просторија или сл. и кога алфа мажјакот го вовлекува својот стомак и ги исправува своите гради значи дека ја свиѓа женката Треба повеќе да гледаш Human Planet на кабловска ....
Не можам да спијам, слушав една песна и ме потсети на тебе.Уствари јас и ти сме главни улоги во спотот.Придушено светло.И допири, многу допири. Треба да си среќен.Јас речиси никогаш не поистоветувам песни со личности.
Биди ми најголемиот непријател во зима, како мраз под највисоките потпетици. Да паѓам на тебе и да те пцујам во исто време. Биди ми мета на омраза. Кога ги кршам предметите околу мене, на тебе да мислам. Биди ми жестока расправија. Како оние во парламент. Удри ме кај што највише ме боли. Биди ми болка меѓу сите овие насмевки. Да те почувствувам. Силно. До срж. Да знам дека постоиш. Биди ми тага од недостигање. Да фалиш кога те нема. Во толпа народ секој втор да ми заличува на тебе. Биди ми забранет, како чоколадо после празници. Да копнеам по тебе, да те гледам, а да не смеам ни да те допрам. Биди ми агресивна страст. Остави ја романтиката за попосле. Биди ми неподносливо присуство. Да ми фали воздух кога си во собата. Да сакам да избегам од тебе, ама нозете да ми се врзани. И да вриштам беспомошно. Биди ми пропуштен повик. Намерно да не ти кревам од лутина, а после да умрам од љубопитност што си сакал да ми кажеш. Биди ми непоканет гостин. Види ме без шминка, во пижами и кажи ми дека ич не сум убава. Не ми кажувај дека си се шегувал. Остави ме да се нервирам. Да имам со што да ги пополнам празниниве. Да имам кого да презирам пред спиење. Кого да удрам кога сум бесна. Кој да ме приземји кога летам. Биди ми љубов. Вистинска ! Spoiler ...e ова ! Иначе, превземено е.