1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке го вратам филмот наназад З свакам дека ти се срамиш од мене-па не свакам од што :?: ама сепак фала ти што ме насмеа индиретно со твоите постови од вчера :D
     
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ај смисли нешто , активирај се..
    Ми здосади градов, да избегаме на еден викенд, негде сами, да исклучиме мобилни и да се опуштиме...предадеме еден на друг... во природата....
    Чекам да ти текне... :D
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    Судбината решила да си далеку од мене иако толку се сакаме...да живееме за моментот кога пак ќе се видиме...и да тежнееме засекогаш заедно да бидеме!
     

    Прикачени фајлови:

    На PinkGir123 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    баш ме интересира што би кажал ти З кога би дознал дека денес ти запалив свека за здравје :?:
    палев свеки за моите дома, за тетките , братучедите, тетиновците ама ете ми текна и запалив свека и за тебе :)

    не си троши В зборови да ми честиташ празници и да ми посакуваш се најубаво и да ми предлагаш пријателство затоа што НЕМА да го прифатам :!:
    уште се секавам како се испонаша со мене и ме откачи а јас будала плачев :fubar: ако ти си заборавил тоа е твој проблем.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Е ова највеќе го мразам од тебе.... Кога ќе се караме со денови си нерасположен.! |(
     
    На PinkGir123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Оддамна велев дека ќе те заборавам, дека ќе се откажам од тебе и од сите чувства што ги имам за тебе, оддамна велев дека нема повеќе да мислам на тебе и да плачам за тебе, но никогаш не беше лесно да го сторам тоа што ќе го кажев. Никогаш.

    Ни под еден услов, во ниедна ситуација не можев да те заборавам. Беше, т.е. си толку длабоко врежан и во моиве мисли и во срцево и во душава, во ѕидовите од собава, во креветот, во секој проклет дел од тоа што ме опкружува и нема теоретски шанси да ми помине еден ден, а да не помислам на тебе, на некој разговор со тебе, на некој настан со тебе. Врежан си во градов и во секој автобус, во секоја клупа, во секое место на кое што сме биле. Ама после сите збиднувања, после сите лоши муабети, после сите навредливи зборови кои беа адресирани до мене, а и оние кои беа упатени кон тебе, после сите плачења, после секој лош период, после летната депресија, после сето тоа што ни се случи, односно ми се случи заради тебе решив дека овде конечно мора да се стави крај и дека повеќе нема одовлекување.

    Првиот чекор ми го заврши ти, ме избриша од фејсбук, од скајп, само заборави уште и од твитер да ме тргнеш. Детски чекор е, но што знам, веројатно некој ден навистина ќе ти бидам благодарна за тоа. Еве уште од сега ти се заблагодарувам, за ако некој ден има потреба од тоа да не морам да се враќам во минатото. Решив да ги соберам сите работи поврзани со тебе на едно купче, да ги избришам сите твои фотографии и сите песни кои ме потсетуваат на настани со тебе, затоа што не е возможно да ги избришам сите песни кои ме потсетуваат на тебе. Нема да имам што да слушам во тој случај, ќе треба вкусот за музика да го менувам, а не планирам. Ќе гледам да направам нови спомени за тие песни. Сè што потсетува на тебе ќе го фрлам, барем од материјалното да се ослободам.

    А потоа со труд ќе те заборавам. Си ветив на себе, им ветив на другите. А ветувања не сакам и не трпам, особено неисполнети, па затоа ќе го исполнам ова ветување. Нема веќе враќање назад, нема лигавење, нема праќање пораки за смирување, нема цмиздрење, една проклета солза нема да испуштам за тебе! Поцврсто решена за ништо друго во животот не сум била. Ќе успеам, знам, нема повеќе да се понижувам себе си.

    И покрај тоа што веќе два-три дена не сум во можност целосно да го извадам гневот од себе и си ја трујам душата со луѓе како тебе, ќе ти кажам само да имаш убавини во животот. Да не правиш грешки и да уживаш во тоа што го имаш во моментот и да не бараш повеќе. Не биди себичен и возвраќај на чувствата онаму каде што можеш. Ништо лошо не ти посакувам, затоа што и покрај сите лоши зборови кои сум ги слушнала од твоја страна, јас немам срце да ти кажам нешто лошо, немам сила и срце да кажам некој лош збор за тебе. На моменти се каам за тоа што те запознав, а најмногу се каам затоа што не успеав една година да зборувам со тебе, а еве го 22 јануари каде е. Следуваат пеколни денови на кои ќе морам да заборавам, кои ќе морам да ги прескокнам и да не мислам на тоа што било на тој датум пред една година. Да си ми жив и здрав, среќен и задоволен, љуби и нека те љубат, мрази и нека те мразат. Живеј си го животот и не биди лош, ништо добро не добиваш со тоа.

    Никогаш не сум те сметала како грешка, освен денес. Најголемата глупост која можев да ја направам си ти. Но, како што реков - не се каам, го сфаќам ова како едно искуство плус, да знам во иднина како (не) треба да постапувам со луѓето. Ова беше добра лекција, добра и убава грешка, а за ништо не можам да те окривам тебе или пак некоја трета личност затоа што јас сум си крива за сите напишани постови тука, за сè што ми се случуваше изминатата година. Сè што било ќе помине, а се надевам ќе дојде подобро време.

    За крај, те сакав, вистински и искрено, поради тебе сега не можам во себе да пробудам некакви чувства за него. А бидејќи линијата меѓу љубовта и омразата е тенка, моментално се наоѓам на другата страна. Срцето ми е исполнето со омраза за човекот кој го љубев повеќе од било што друго на планетава. Не си заслужил.

    Поздрав Марио.
     
    На La.Reina.Del.Sur, tweety26, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    уф бре уф :@ ова мајкава твоја знаЧи до онолку да била не знаев :devil: само по нејзино да е и само таа да бла бла бла...
    ти кажав дека ке бидам ок со твоите али овие се по нивно и пак колку е по нивно усте толку барат :devil: :devil: жими се неоди така :devil:
     
  8. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    верувам во тебе :)
    не ми имаш дадено причина да не ти верувам :*
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    oф леле мако моја :doh:
    неможам веке да молчам едноставно не можам :x
    има утре да ти кажам здраво со едно :) па нека биде што биде :!: па макар и на ф.б. :!:
    со Господ напред-смајли што се моли
    и дури сега свакам дека каква промена и да направиш во изгледот без :) џабе е се :|
     
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    2.563
    Пол:
    Женски
    Само ти знаеш како најдобро да ме изнервираш, да ме разочараш и да ми го уништиш денот. Незнам како можеш толку да повредуваш, да си рамнодушен спрема мене, да ме навредуваш, понижуваш. Многу работи ти премолчувам и знам крива сум си самата поради тоа, оти ти го искористуваш тоа на крајот.
    Ме боли секој твој лош збор, секоја наша караница, твојата лутина.
    Ти никогаш нема да се смениш, засекогаш ќе останеш оној истиот ладен тврдоглав човек кој повеќе гледа за себе, отколку за другите, за мене.
    Кога се нервираш за некои твои работи, секогаш се обидуваш на мене лутината да ми ја префрлаш иако знаеш дека не сум ти крива јас за ништо.
    Никогаш незнаеш прв да се извиниш, секогаш чекаш на мене, јас прва да те побарам.
    Мајка ти неколку пати ме прашала како успевам да те трпам? Е како ако не со љубов спрема тебе, али ти тоа никогаш нема да го цениш.
    Секогаш се мора по твое да е, зошто? Мислиш најпаметен си па најдобро ќе е тоа за нас? За мене сигурно не е, и јас имам право некогаш на глас.
    Криво ми е што знаеш каков си спрема мене, како ме повредуваш и никако несакаш да се промениш. Мислиш дека со тоа нема да изгубиш ништо? Ќе ме изгубиш само МЕНЕ.
     
    На Sasha-Fierce, tweety26, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Е ајде сега да те видиме, ќе биде весело вечерва :?:
     
  12. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Ти благодарам за благото. :* Се прејадов. :lol:
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    14.196
    Пол:
    Женски
    Ми недостигаш, проклето многу. Толку многу што сите влакна ми се кострешат, толку многу што чувствувам болка во секој дерматом на кожава.
    Се затекнувам како немо гледам во книгата, а над неа стои телефонот. Само црн екран, глупав тач, кој не можам да го навикнам сеуште, а ти ме зафркаваш поради тоа.
    Дали сепак љубовта не е доволна? Затоа што љубов имаме, животот го даваме за таа љубов, ама веќе рацете ни се двојат. Се оддалечуваме.
    Клекната, те гледам како ми пружаш рака за да ме приближиш до себе, повторно, и не знам зошто овој пат се двоумам дали да ја прифатам.
    А знам, јас и ти сме еден за друг. Јас и ти сме совршени заедно. Со сите прифатени недостатоци, со целото битие ставено на дланка.
    Што ми е? Што НИ е?
    Времето ќе покаже.
    Сакај ме.
     
    На Sasha-Fierce, L-enna, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Упорно доаѓам кон тебе со бебешки чекори,а знам дека не треба.Се’ е против нас,никој не мисли дека припаѓаме заедно.Ги разбирам зошто го мислат тоа,и мене ме плашат истите работи.Ама пак те сакам покрај мене.Ми требаш на некој чуден,неразбирлив начин.Остави ги моите бебешки чекори и дојди со трчање да ми го свртиш умот.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    http://www.youtube.com/watch?v=F7jhsio5GVk
    You're no good for me
    Baby you're no good for me
    You're no good for me
    But baby I want you, I want you...

    Maybe I like this roller coaster...

    Дај да завршиме бе,многу долго се влече овоа...од минатиот февруари...започна после мојот роденден,сакам да го завршам пред мојот роденден... ;)
     
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    11.573
    Пол:
    Женски
    Ти треба време за работите да бидат по старо? Ок нема проблем...фала сепак :)
     
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    7.491
    не велат залудно внимавај што посакуваш за да не ти оствари.
     
    На Ingvild и xxAngelxx им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.915
    Допаѓања:
    25.522
    Пол:
    Женски
    Нема да е лошо од време на време да ме изненадиш со по некој мал гест. Не зборувам за подароци, материјални нешта, туку онака да се сетиш да направиш нешто за мене, за нас. Да беше обратно, твојот роденден да се ближеше за некој ден, се ќе направев за да ти угодам, да се почувствуваш посебно и сакано тој ден. Ама не. Не сме исти, фала Богу.
    И што ако милион пати зборевме за тоа зимување?! Демек не отидовме на одмор оваа година, а работевме без престан и двајцата цело лето, ама ќе надокнадиме зимата. Аха, да. |( Ќе опстанеме ли јас и ти уште некое време?
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Секој заслужува повеќе од тоа да биде само нечија опција ;)
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ми ја уништи самодовербата!
    Ке плачаш како што јас сум плачела, има да платаш за се што ми направи, најпрвин твојата братучетка па на тебе ти иде редот.
    Многу ке плачеш, многу!!! После месец, два, година .. биди сигурен!!