Ок, често пати сме збореле дека убаво би било да киднеме некаде надвор од државава, да, и јас би одела некаде, посебно сега додека сме млади и лесно може да се прилагодиме. Само немој да ми кажеш “утре патувам“ зошто неможам брзо да се опростам од тебе. Мислам....ќе се опростиме, и се ќе помине, јас и ти не сме ни пар, ние сме пријатели кои повремено се муваат и меѓу нас нема длабока љубов. Ќе помине, за поминување. Само нека не е тоа нагло. Нека не е тоа “утре одам“ зошто такво едно збогување искусив, а тоа беше едно од тие што така повеќе ме погодија. Зошто кога ми кажа дека спремаш документи одма помислив дека ќе се отселуваш? Зар неможе да е тоа за нешто убаво....еве на пример, спремаш документи, да ги поднесеш за да почнеш нареднава недела на ново работно место?! Оууу колку тоа би било добро... Дефинитивно, несакам да си одиш. Тешко ми паѓа. Ме стега нешто.
Ти благодарам од срце за се што ми подари,за секој миг исполнет само со убавина,љубов,мир,хармонија.Направи да се чувствувам како да летам секој миг кога сум со тебе.Не сакам никогаш да се одделиме..Кога ти кажа чичко ми дека те сака како свое дете мене ми се насолзија очите од среќа.Овие се наши мигови,наши денови,дојдоа деновите кога не мислиме на ништо освен на нашата иднина и на нас двајца.Мило ми е што додека беше кај мене ти беше убаво,па дури и научи нов занает .Сега сум пак крај тебе ,но во твојот дом кој што веќе го чувствувам како свој,односно наш.Секој миг ми е се поубаво и поубаво и сакам секогаш да ни е вака.Те сакам најбескрајно со целото мое битие,ти ги давам мојата душа и срце кои што вечно ќе се твои.
Ќе си дојдеш. И небото ќе биде во ванила боја, а сонцето ќе ми ги осветлува шишките. Така некако ќе биде. Чисто.
Ми недостигаш срценце мое . Денеска не се видовме а и главчето те болеше и беше нерасположено и некако и јас поради тоа сум тажна и значи ми недостигаш ми недостигаш ми недостигаш и одвај чекам да се видиме утре. Те бакнувам
Те сакам најбрескрајно, проклето многу ми фалиш , и да знаеш сонценце ти чувам пооооолно блашко, ќе ти дадам сето да го изедеш затоа што беше умен
Не ми е важно колку ме сакаш,важен e начинот со кој ми ја покажуваш твојата љубов. Ти можеш да ме сакаш до месечината, но попусто ако со твојата љубов ме убиваш.
Вечерва се е тажно,ти си тука иако те нема-во моето срце си. Ги чувствувам твоите усни,... допир и моќ.........Злато мое ти посакувам добра ноќ!
со душа го чекам денот кога повторно ќе се сретнеме после толку време па во очи да ти кажам што ме мачи.како би изреагирала кога после година дена пак ќе те погледнам во очи?како бре можеш да бидеш таков човек?вистина не можам да ти се изначудам.повеќе со тебе не се враќам,но ја жалам онаа што ќе биде со тебе.животот ќе и го претвориш во пекол.ќе посака никогаш да не те запознаела како што посакувам јас.верувај на крај ќе го добиеш заслуженото.
Ти си потрага по невоља. Мора да ја закашкаш работава.. Се само некои филмови ти се вртат кои врска си немаат, потоа самиот си веруваш во тие филмчиња, и на крај јас сум крива. По која логика бе? Од каде ќе те стрефи нешто вака баш коа ни е најубаво? Филм си целиот, жими се!
Те сакам ! Те сакам премногу ! Го знаеш тоа и затоа носето ти е кренато малку повисоко отколку што е потребно. Не знам до кога ќе го тераме инаетот,ама гледам дека ќе заврши со убаво.Ме знаеш веќе како дишам,и затоа си толку опуштен,ама твојата опуштеност ме тера да мислам дека не ме сакаш... Сакам да си со мене и никогаш да не се разделиме.Само тогаш успеваме да поминеме ден без да се скараме за нешто. Се прашувам - Дали и другите,после толку караници успеале да останат заедно како мене и тебе?! Не верувам. Има нешто посебно во се ова...Ама ако...само нека тера. Ти посакувам добра ноќ
Знам дека си излезен сеуште ама да знаеш дека ми фалиш! Досадно ми е без тебе, нема кој да ме дружи со муабет во доцниве часови..
иако целава ситуација некако ми е премногу сомнителна З ама еве ај уште рано наутро ти пишав здраво целосното име и еден смешко ај да видиме како ке се однесуваш ти иако нешто ми вели дека задоцнив ако е така, да сум здрава и жива има и други риби во морето-а вечер имаме состанок ние како месен комитет ако се појавиш и ти таму жими се ке бегам не за друго од срам да не почнам
Те сакам еј. И можеби не знам да ти покажам колку, ама сепак те сакам, те сакам бре, многу, многу. И жал ми е што испаднав толку голем идиот. После се’ што ти ми кажа, јас те уништив за 2 секунди. Ама, да знаеш дека би направила се’ за тебе.
[СДК] Сакам да кажам... Би го дала и последниот здив,само да те бакнам уште еднаш. Го прочитав ова некаде,ама не беше точно вака,го изменив малку.Вака повеќе ми одговара.Ме потсетува на нас. На твоите топли очи кои со неверување гледаат кој седи до нив... Ти толку се трудеше,а јас толку се плашев. Те чекав да дојдеш уште малку поблиску,ама ти не дојде,се повлече.Не успеа да научиш каква сум.Но не грижи се,не е твоја вина.Моја е. Мил мој,те носам во душа и во сништа како никој друг до сега, со целата искреност на овој свет.
Е многу ми е жал за тебе. Сега за 2-3 дена ќе мораш да одиш. И пак ќе си останам да те чекам. А само што направив план. Да одиме на викенд, да уживаме. Да ги наполниме батериите.. ...за да го издржиме она што ни следува. Но, ете се променија работите. Јас и ти не треба да планираме ништо, оти штом кроиме план одма се уништува. И ништо не успева.