е браво бе З сега кога сватив дека нешто ми се случува со тебе и ти пишав здраво и со тебе те нема да ми вратиш кој да знае која те карила а и ти неа а јас будалче нешто почна да ми се разбиструва е значи стварно сум за еден да ми дојде паметот
оваа моја залуденост по тебе МОРА да помине како што течат настаните во животот-верувам дека тоа ке се случи многу брзо, и ке се обидам да бидам позитивна колку и да ми е тешко и онака не те гледам често па така да полесно ке те заборавам а ти М опасна мамка си морам да ти признаам ама ако се препуштам вечерва на твоите допири и страст уште повеке ке се заплеткам не за џабе се рекло-седи си мирно да не завршиш модро и така е
Срце, знаеш како велат : " Во виното е вистината " , но исто така добро знаеш дека јас вино не пијам, но затоа пијам вотка. Двете се на В, има нешто тука. Така да, на 13, те молам биди во моја близина за да го слушнеш тоа што сакам да ти го кажам. Тоа што сакаш да го слушнеш ќе го слушнеш, тогаш. Тогаш е тој ден.
Ми влезе под кожа ало!!! Сакам пак да те видам, да те гушкам, да се смеам со тебе. И ако се нервирам што не ми пишуваш сепак знам колку ти е тешко на факс и мора да учиш, и ти ја посакувам цела среќа на светот да положиш . МИ ФАЛИШ МНОГУ!!! Спојлер И да лесно ми е да го напишам овде, вие да го прочитате. Ама никако не можам него да му го кажам ова, познавајќи го ќе му биде смешно. А многу сакам да го знае ова
Ни самата не знам шо сакам, кој сакам. Многу сум збунета, никогаш не сум имала олку голем број додворувачи. Не знам што се случува периодов, ама само на погрешни наидувам. I`m tired http://www.youtube.com/watch?v=nY-o-IDuzUc
Уживам во моментите..Можам да се замислам секаде со тебе. Правиш да се чувствувам добро заради она што сум. Секогаш си поддршка, прегратка, рака, топлина. Ја обожавам секоја твоја видлива мана, зашто од оние другите - не сум толку вешта да ги препознаам. Сакам што си искрен, човечен и адреналин за моето срце. Кој би помислил,дека и твоето игра на истите диско ритми Секогаш навреме се извлекуваш од банални, празни муабети пред да ескалира дозата глупоштија. Не знаеме како се гледаме еден со друг, ама знам дека во мене препозна нешто што јас самата не го познавав. Тоа значи дека ме чувствуваш. Како и јас тебе..
Jас сум виновна ,да еве признавам,знам дека не те заслужувам,го знаев тоа уште од првиот ден,знаев дека никогаш нема да бидеш среќен покрај мене,затоа што јас ужасно сум несреќна ,затоа што секој се борам се моите сеништа и стравови.Hе сакав да те повредам,а на крај сепак те повредив,но мене тоа ме боли најмногу што ти страдаш,но знам дека ова ке помине,покрај мене нема да ја најдеш среќата,подобро сега да страдаш.Tе давам на друга,друга ќе ги бакнува твоите усни,ке ги гали тие образи,ќе гледа во тие црни очи коишто јас ги сакам.Tе сакам ,се борам со тоа цела година и пол,го кријам тоа од сите,од тебе, од самата себе,но срцето не го слуша разумот.Cе плашам да го слушнам моето срце затоа што може веднаш да ме доведе до тебе,да заборавам на се и да се борам со сите за да останам со тебе,но вака е подобро,верувај ми.Cепак ти благодарам што ме сакаше,што ме чекаше,што кога ке погледнев во тебе ти веќе гледаше во мене,да јас бев сакана,а бегав од тоа,а некоја би дала се да биде на моето место и ќе бидеш со некоја друга,само јас сум таа што нема да може да те замени со никој. http://www.youtube.com/watch?v=zYsnU5yURyY Jас бев таа што го згази зборот свој
Многу ми недостигаш.Поминаа скоро 6 години.Секогаш мислев дека на крај заедно ке завршиме но како тргнала работава нашите патишта ке се разминат.Во последно време многу мислам на нас и си ја измачувам душата.Дури нокеска сонував како си со друга девојка па во паника се разбудив ,бидејки помислата на тоа дури и во сон ме ужаснува.Знам каде згрешивме и дека нема назад.Од тоа ми е страв .Страв дека секој ке продолжи по својот пат,ама сам.А сакам да сум со тебе,после се сакам ти да бидеш крајот на мојата љубовна приказна. Здосадено ми е веке ова талкање и тапкање во место.Сакам да сменам некои работи во животот и сакам ти да бидеш дел од мојата иднина.Немам веке 19год.Не ми се повеке интересни игрите што ги игравме изминативе години.Време е сериозно да се сфатиме ,и јас тебе и ти мене.Никој не останал волку долго во моето срце како тебе,никој не ми бил волку мил и драг како тебе. Најтешко од се ми е што немам храброст се што ми лежи на душа да ти кажам во лице ,туку морам тука на анонимен форум да ги плачам солзите по тебе. И како што рекол големиот Меша Селимовиќ "Onа je moja suprotnost. Ja nisam jednostavan, delujem uznemirujuće, sve je u meni nesigurno, nemam oslonca, tražim nemoguće i onda sam vrlo neugodan, pa mučim sebe i druge..
Душичке моја немој да се секираш..не е ништо страшно само некои мои паники...некои мои глупости, а тти си срценце мое најубаво што секогаш веруваш на моите глупости
Ти... Ти си преголем човек за овој суров свет. Ти имаш душа поголема од планина. Толку добрина собрана на едно место, а ретко кој ја заслужува. Како ли јас ја заслужив? Како ли јас ја имам таа луда среќа да си мој? Ме правиш подобра личност. Ме учиш на добрина, искрена добрина. Бескрајно сум горда на тебе, животе мој. Да ти кажам те сакам - малку е.