Koга на моменти ми текнува на тебе не размислувам воопшто и се упатувам кон кујната,собирам чипсови и чоколади и се враќам во нормала. Чудно е што сите кога се нервираат за некоја работа не им се јаде,а јас јадам како умрена и се нервирам и тоа многу. По стоти пат можам да ти кажам дека не заслужуваш, но неможам а да не се запрашам по незнам кој пат ,со што го заслужив јас ова. Како одминува времето сфаќам дека ти си човекот кој никогаш нема да го заборавам,и тоа ужасно ме боли.Ме боли тоа што седам како глупача пред компјутер и се искажувам на обична машина место да ти го кажам сето ова во лице.Ама неможам! За човечки муабет треба да имаш добар соговорник од другата страна а тоа кај тебе го нема.Твоите способности се истакнуваат во моментите кога си пијан,и јас тогаш паѓам на тебе. Епа го претеравме.Аман бе,доста ми е. Нема веќе чоколади во пакетчињата,немам веќе лекови за спречување на болката која што ме обвзема со години. А незнаеш!! Незнаеш колку љубов имам во срцево за тебе,и место да се намалува во склоп со случувањата,таа се зголемува.Секој ден се повеќе и повеќе.А тоа ме прави уште послаба.Тоа ми ја ситни душата на делови. Сеуште мечтеам за нас,сеуште душата би ја оставила за нас,сеуште во иднина мојата совршена приказна ја гледам со тебе.Ама залудно.. Ние изгубивме се што имавме заедничко,ни останаа само душите кои преживуваат.И нив ќе ги поклониме некому.На било кого,само нема да си ги подариме еден на друг,како што направивме со срцата.Срцата се одамна дадени. Сега живееме со гордоста и се водиме со неа.Сега уништуваме се,сега се докрајчуваме еден со друг. А еден ден,кога спомените ќе останат со нас,ќе се каеме.Многу ќе се каеме.
Му благодарам на бога што ми те даде тебе, бидејќи имајќи те тебе, се чуствувам исполнета, среќа и сум задоволна од самата себе...бидејќи ти си најубавото нешто во мојот живот.......♥ п.с. ми фалиш бидејќи денес не се слушнавме
Ти си ... мој. И знаеш дека избегнувам да го кажувам ова, ама само мене ми припаѓаш, засекогаш. Отсекогаш сум била скржла.
Многу си ми смешен, како ако ти кажам да не правиш нешто, или да почнеш да правиш, одма ме слушаш. Уште посмешно е што не можеш да читаш меѓу редови и треба јас да ти спукам, и веднаш почнуваш да се поправаш во однесувањето. Да Дузи, во право си, така е, да да, јасно ми е. Па ако ми треба поддршка за нешто, одма ти се обраќам, знам дека и да не сум во право, ќе речеш, да да да да, така е, да, во право си... Поштувам ваква особина кај машко.
Како што поминуваат деновиве се посреќна и поисполнета сум. Дури и понекогаш помислувам дека си предобар за мене. Секоја вечер пред спиење си го анализирам цел ден, средбите со тебе, муабетите и си викам... Ехх бе Донна со што ли ја заслужи оваа среќа ?! Спојлер воздишкаааа
Јас заради тебе станав месечар. Кога одреден период не ми даваш сон поради нервозите што повремено ги имам со тебе, ја претварам ноќта во ден. Па ете, веќе недела дена ова ми е навика, да си легнувам во 5 саат сабајле, да станувам во 5 после ручек. Поради тебе!
Ех бе златооо мое... свесен ли си колку шанси имав вечерва да те изневерам !? И тоа со луѓе за кои не сум спиела со ноќи..за кои сум филмувала до зори ги одбив..нормално легално ...за прв пат во животот во лице давав корпа.. Ќе се поакаам !? само од тебе зависи злато
незнаев дека тие под чест да ми кажеш здраво, што се замислуваш дека си ти бе како ли можев да бидам заслепена од таков скот како што си ти З, како ама за срека сватив на време-се залетав и криво ми е за тоа ама сега и на колена да ми клекнеш НЕМА ни да те погледнам и за инает сите статуси ке ми бидат позитивни и секако па ти цркни ако сакаш од мака се разбира. до сега ме гледаше како ти вртам поглед-незнаев што да правам, бев збунета од се кога ти ке ме погледнеш а од сега секогаш ке ме гледаш со сакам да ти биде тешко, да се мачиш-а тоа што незнаеш да уживаш во животот е лично твој проблем
Знаеш, кога подобро ќе размислам, опасно е таму да одиме заедно. Јас на моето место од соништата, со љубовта на мојот живот=совршенство......Мислиш дека ќе можам да се вратам, дека ќе го поднесам лесно тој момент? Ти ќе мораш да ме трпиш од кога ќе се вратиме Се' ќе направам за да завршиме таму јас и ти. Да има само одење до таму, не и враќање. Требаше да купиме карти во еден правец....