Не сакам да биде вака. Ништо не може да ме повреди, да размрда емоција, да ме натера да се налутам или насмеам, сеедно. Не можам ни кога имаме проблеми да се потрудам да ги решиме, зашто не ме интересира. Не можам да се грижам за тебе. Сакам, ама не знам како. Не можам да се присилам. Толку сакам секое утро да се будам со помисла на нас, да размислувам на сите убавини кои ги доживеавме, за среќата што ја имам да бидам со тебе. Ништо, ништо. Празна сум. И тотално ми е сеедно околу тоа, а не треба да биде така. За хиперсензитивно суштество како мене, рамнодушноста не е својствена. Кога ќе размислам, па кога имало нешто константно кај мене?!
^ Ете ме и мене, во постот од Либера. Иста сум.. рамнодушна кон се‘. Ја уби секоја трошка емоција во мене. Не осеќам ништо. Вчера само 3 пати се насмеав вистински.. знаеш ли каков пропаднат ден за мене е тоа? Немаш ти поим со твојата несвесна постапка во што ме претвори. Немаш. Ама кога ќе ти затребам, тогаш ќе дознаеш. И ќе ми се извинуваш, по дифолт, иако нема да се сеќаваш на тоа. Ама ни тоа, а за промена - ни ти, нема да успееш да направиш да се осеќам подобро. Терај си го животот.. мене ми треба мир. Од тебе и од сите останати. Остави ме да се пронајдам себеси, да сфатам што сакам. Кога ќе ми се поправи расположениево, да ги разберам и разграничам чувствава. За едно веќе сум сигурна дека е сменато. Остави ме да бидам во ова сама. Твоето присуство, а и она од другите, отежнува се‘. Остави ме да тонам во мизеријава..
мило ми е на вракање што налетав на еден твој колега, а знаеш зошто ми е мило? затоа што бев насмеана од 6ка до 6ка -глумев лудило ама издржав до крај-и ако нешто во мене вибрираше само што ја видов таа ваша фамозна униформа.
Како е можно да те задржам засекогаш до мене? Да не се лутиш за некои ситници и глупости и секогаш да бидеш таков каков што си да ме смееш додека стомакот не ми препукне ? Те сакам
Ти да знаеш колку јас повеќе од тебе сакам да одиме некаде на зимување (иако не скијам/бордам) макар и на 1 ипол ден како што е планот.. Ама кога се неможе, неможе. Не стојам воопшто добро финансиски, од дома немам намера да прашам, па се паѓа во вода. А нема шанси да дозволам да одиме на твој трошок бидејќи не сакам да сум од оние кои секојдневно ги зборат по град како оделе со некој поради одмори, зимувања, скапи глупости. Не сакам така.
Детска Чистота спакувана во тело на возрасен човек! Дали тоа денеска е реално да се види? Кажи ми љубов?! Што кога сме свесни дека светот функционира за 365 степени различно од тоа како што ние би сакале да функционираме? Ништо! Или, или стануваме дел од толпата која искористува се живо (тешејки се дека тоа доаѓа така само по себе) или седиме во тој другиот, помалиот кош кадешто сме осамени. Дали со тек на времето љубовта (животот) не учи дека колку и да сакаме да гледаме се низ призма на чистотата на крај ние завршуваме несреќни. Бидејќи едноставно ние не сме како останатите шаблони околу нас. Бидејќи ние не знаеме како на злото да му возвратиме. Илјада пати си повторувам во себе дека ако имам девојче (па и момче) никогаш нема да го учам да биде 100 проценти искраен со светот. Мојата љубов кон тебе беше чиста. Секој ден едвај чекав да те видам и слушнам. Сакав само да се мушнам во поранешното твое мало креветче, ти да ме доближиш до тебе и нашите тела да си ги пренесуваат мириси те - да се промешуваат убаво . Со текот на времето се соочив со реалноста во нашето Ск. Како така гледам како функционираат работите. Сеуште не ми се допаѓаат но те имам тебе крај мене да ми дадеш сила да не се откажам. Само што во мене повеќе ја нема таа чистата љубов. Сега како што растам прогледувам и сфаќам дека животот е тркало и дека постојано се врти. Дека ништо не е статично. И дека за неполна минута се може да се смени.
Не молам повеќе,си имам и јас свое достоинство,мене ли најде да ми се правиш недостапна,горда,си згрешила тука,јас сум паметен секогаш имам друг избор
Леле ќе ме полудиииииш значи.. Премногуу те сакаааааааам ии сакам да ми кажииш неможам да издржаам повеќе.. Знаеш дека сум нетрпелива па дури не ми кажа ни кога ќе ме изненадиш ама паак многуу те сакаааааам и ми го разубавии денооооот уФФ.. ќе те испапааам цеw те сакам..
Мислам дека од секој го очекував ова сем од тебе. Да се скаравме, да си замеривме за нешто, да те навредив - ајде разбирам. Ама ништо од тоа не се деси и ти исчезна како Бог знае колку да сум ти згрешила. Не се осеќам виновно воопшто, ама се осеќам навредена, можеше да речиш барем фала за Новогодишната честитка, ако ништо повеќе. Или можеби сакаш да ме заборавиш затоа не ми ни пишуваш? Не осеќам ништо друго кон тебе освен голема благодарност и една жичка страст и привлечност која сеуште гори по малку. А ти испадна еден огромен идиот, тоа беше нешто што последно го очекував од тебе. Додуша, можеби и има удел тоа што си Близнаци во хороскоп. Успат прави што сакаш, ќе ме побараш јасно ми е тоа. Во мене сепак ќе останат убавите времиња кои ги минавме заедно и убавата слика која ми ја создаде за тебе. П.С. Не знам дали се договараш со пејачиве каде што одам по свирки или пак се работи за некоја проклета случајност, ама се вртат истите песни кои ми ги пееше и посветуваше во Крагујевац
Можеш да бидеш сигурен во твојата привлечност, харизма и во тоа дека си симпатичен, но исто така биди сигурен дека јас кога кажувам нешто, кажано е. А тоа се вика карактер. Можеш да полеташ со мислите дека си убав, али сам летај си. Цуценце си .....сега мрш! До душа мисли си ти што сакаш, јас по тебе ниту трчам ниту летам. Срцкаст тој ....гитла! Ти кажав да кога ќе сакаш да излеземе да ми се јавиш, и ако порано излегувавме секој ден, а сега два дена немаме ни зборувано....хммм не е тоа по моја вина сигруно. Извини Д, рече дека ти нареден пат ќе ме викнеш, а јас не сум девојка што се наметнува безосетно и досаѓа. Од мене доби искреност, внимание, ти посветив време, па дури понекогаш и ти ласкав, нели твоето его мора да се оржува некако. Епа веќе не! А баш ми се допаѓаш.... Сега оставам на тебе, да видиме колку ти ќе го мрднеш г’зот. Хеј, ова све не би му го кажала...ама го мислам
Се плашам да ти признаам. Се плашам да ти кажам дека за толку брзо време ми стана премногу битен. Дека уживам да те слушам, гледам. Уживам во твоето друштво. Толку лесно добив некој, некој кој измамува насмевка на моето лице, некој заради кого очите ми блескаат.. Толку поради тоа се и плашам да не те изгубам уште полесно.. затоа ќе молчам, ке се смеам на секој твој збор, ќе уживам во секоја твоја прегратка, ќе те гледам и ќе ти трепкам и се надевам дека ова нашево ќе трае. Фала ти што ми го разубавуваш секој ден !
Ако некој ме праша што е најважно во една врска, покрај љубовта, довербата и почитта, би ја кажала и поддршката. Не можам да ти опишам колку ми значи тоа што секогаш си покрај мене, што знаеш да ме утешиш, да ми влееш оптимизам и да ме исполниш со надеж. Ти благодарам што веруваш во мене!
последниве 2 дена само марка на кола како што возиш ти З ми се гледаат-мислам дека полудувам а уште од мала таа марка ми е омилена мене-и кога би имала моја кола, би сакала да биде од таа марка и баш пред малку размислував-МОРАМ да те заборавам тебе како и да е , а најубаво би било да се тргнам од градов на 2-3 дена ама нема начин тоа да се случи