дури сега свакам дека не вреди да мислам на тебе З-твојот пост е доволно јасен-заљубен си, а многу јасно дека јас не сум таа девојка, со срека со принцезата а јас ке си го продолжам својот живот-и онака имам доволно проблеми, обврски само уште на љубовта да мислам -ок се во свое време како и до сега па можеби и ке дојде мојот принц кој верува во тие бајки незнам. сега ми е јасно зошто бегаш од мене на ф.б,кога поминувам каде што работиш ти ти не си таму-и двајцата живееме во ист град само што не се движиме на исти места, па затоа нема зошто да бегаш, нема да те изедам таков каков што си-по алкохолот незнам која би те сакала-не сум љубоморна ама ич се што имаш ти е џабе штом штом го имаш еден од најголемите пороци на денешницава, кутричок ти во животот материјалните нешта се минливи-најважен е карактерот на личноста, ама некои девојки тоа премногу доцна го свакаат кога ке размислам подобро, Господ сака да ме поштеди од страдање, па затоа не ни се поклопуваат патиштата, знам дека е подобро така.
Не сум ни малку ладна и јака како што мислиш. Помека сум и од памук, покршлива и од кристал...Утрово имам потреба да ме прегрнеш како што само ти знаеше и да ми кажеш: -Се ќе биде во ред. Пукнавме знам, јас сум крива. Да сакаш некого, а да не му покажеш е исто како да купиш прекрасен подарок и уште поубаво да го завиткаш во најубавата украсна хартија .. но никогаш да не го подариш на оној за кого бил наменет
Дојде и тој момент што го очекував веќе еден месец, дојде моментот што потајно го посакував и требаше да го предизвикам да се случи порано.Се случи и „тој“ разговор и ја завршивме работава.Да бидам искрена, ни тогаш, а ни сега, не осеќам ништо.Ни тага, ни нервоза, ни бес, ништо.Само една доза на олеснување, ослободување, како лав пуштен надвор од кафезот.Не ми е криво што бев со тебе, не ми е криво ни што раскинавме.За ништо не се каам, убаво беше додека траеше, а и all`s well, that ends well.Ме научи дека треба да ги превземам работите во свои раце, ако сакам да кажам нешто, да го кажам тоа, а не само да го помислам и потоа да го потиснам длабоко во мене.Ми откри и уште нешто, сфатив дека сакам да сум сингл, дека ми е поинтересно така и дека осеќам помалку стрес кога не сум во врска...Фала ти за се, ама сега дојде време да продолжам сама
значи колку и да се обидувам да те сватам не можам зошто упорно бегаш од мене-избори се ближат во ист ким сме ке мора кога-тогаш да ме видиш, да те изедам нема биди сигурен не сум изела некој до сега се однесуваш ко мало дете ПОРАСНИ иако се чуствувам како заробеничка во свое маало да има чудни машини и Марсовци облечени во црни со зелено скафандери, ама сепак се движам нормално, се однесувам нормално а ти бе во глувчина дупка да се скриеш кога ке ме видиш па по тоа се гледа колку си ЗЕЛЕН во мозокот
Многу многу многууу те сакам. Ѓаволче едно, многу сум изгубена во последно време, некако многу работи ми се собраа одеднаш. Ама знаеш, убавото топрвин следи. Лелеее едвај чекам. Знам дека сум напорна ама ќе ми помине.
Значи каков слепец сум и будала! Сега солзите мои не вредат ништо, сега љубовта нема значење. Сега ова чувство во срцево ќе ме печи до бес и до болка! Твојата љубов постои, тука е. Знам, не е лага. Но, зошто тогаш дозволи толку да патам поради нив. Тебе ти одговарало тоа бе момче! Таа твоја проклета желба за мене...таа твоја проклета огромна љубов за мене...таа твоја проклета опседнатост за мене! Не уби...нели гледаш веќе? Па се` е толку јасно. Па како некој да ми симнал превез од очи после 3 години. Неможам да ја разберам таа твоја љубов. Како да јас ќе ти избегам некаде...или ќе ме земе некој па никогаш повеќе нема да ме допреш. Копнееш по се што е мое, се што е на мене. Со тако силен жар ме гледаш, но не е на арно! Ниедна девојка не го сака тоа. Не ја сака таа ограниченост во која ти ме затвораш. Бев дива птица, ти ме скроти. Но, неможеш да ми го одземеш тоа чувство на живост кое јас го ширам од мене кога сум во друштво. Тој сјај во моите очи. Неможе толку болно и себично да ме чуваш од целиот свет. Неможе ти да управуваш со мојот живот. Ама разбери, не само јас...ниедна девојка не би издржала таков притисок. Сега се изнервира знам, но те молам сфати ме. Јас сум пред се` една индивидуална личност. Убаво е од тебе да не гледаш како една целина, но не и дека мојот живот е твој. Па ако сега е вака...ами ако ми бидеш маж...што?? Или твојата теорија е дека се` ќе се смени. Епа не верувам повеќе. Искрено ти кажувам и тебе и пред сите тука на форумов. Ти дозволи да ме повредат. Така е нели? - Знам, ти се испушти да признаеш, несакајќи. Но, барем го слушнав од тебе тоа во кое се сомневав. И сега кажи ми за каде сме? Колку далеку стигнавме, колку препреки поминавме, изградивме нешто што се вика ВРСКА...а сега исчезнува се` полека полека. На таа волшебна бајка и доаѓа крај. Да, крај...ако јас се одлучам на тоа. Толку го посакувам...но исто толку и се плашам од него...епа каде е сега мојата мудрост, да мудрувам со самата себе и да донесам правилна одлука
1. ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА !!!! Уште си го носиш палтото од времето кога си бил плус 60кг,надам се да у брзо време нема да можеш да го облечеш,дека ќе пука на тебе 2.Бејб,може да наминам уште еднаш кај тебе на некоја чаша вино,ама не ти пишувам да си знаеш,ако сакаш да се видиме ми го имаш бројот,сеисто ми е мене
фала ти што ми одговори на пораката-љубезно од твоја страна, го ценам тоа. за разлика од претседателот.
* Добро бе глупав еден, како не сфаќаш колку многу те сакам, како не сфаќаш дека се би дала да те гушнам. Ама и јас бев глупава, дозволив да те изгубам, и ти вака така ми се извлече од раце, ама чекајјј, има време пак ќе дојдеш ти. Никогаш не бевме во врска, ама додека беше во контак со мене не чепна некоја типка, значи сепак имаше нешто, мислеше на мене. Сега си ја најде ''љубовта'', ама мене никогаш не ме доби за ништо, и затоа знам дека пак ќе ми се вратиш, затоа што знам дека успеав да те натерам да се вљубиш. Проста знам, знам. Не е ова само тешење, ова е нешто во што сум сигурна. Сакаш да ме правиш љубоморна, ама не заборавај дека јас сум шкорија, а шкорпиите jа обожаваат љубомората, не ти пали тоа кај мене. Ахх.. будалче да знаеш само колку те сакам, и колку искрена љубов би ти дала, никогаш не би ме оставил, ама има време, полека, смирено, како и минатите два пати ти пак се враќаш кај мене. Just keep calm ! ! * И да не заборавам, колку и да ме боли, не се сеќавам кога последен пат заплакав, а уште помалку кога заплкава за тебе, значи силна сум, а ти ќе се вратиш, знам дека не ме заборави, знам како ме гледаат твоите другари, само баш би сакал да соберат храброст и да ми кажат што се имаш зборено, аххх.. будалче
Милион работи ти виселе над глава?! . Знам за факсот, од почеток на месецов си напнат, со што друго? Знаеш дека сум тука за тебе и ако можам со цело срце ќе го направам тоа. . Се надевам дека се ќе се среди наскоро и ти ќе си бидеш стариот.
Како што минува времето се повеќе сум тажна бидејќи за два и пол дена ќе се разделам од тебе.Ќе дојдеш,дојдам пак,знам но нема да сме еден цел месец заедно,нема секој ден да се будам крај тебе и првото што ќе го видам е твоето лице.Ние се навикнавме еден на друг и сега знам дека животот заедно ќе ни биде совршен.Овие неколку денови заеднички живот ми дадоа јасна слика за мојата иднина и знаеш што?Ако претходно малку се сомневав како ќе ми биде сега сум сигурна дека со тебе јас ќе сум најбескрајно најсреќна како што сум сега.Заедничкиот појадок,пазарување,правење на ручекот,твојот мил поглед,грижата на твоите за мене направија да не можам да опишам како се чувствувам.Само ќе кажам дека ова е веќе наш дом,верувај дека ми е многу поубаво од дома.Ние овие денови изградивме наш мал заеднички свет и знаеме дека нашето секојдневие ќе биде вакво,а јас тоа го посакувам повеќе од се бидејќи е се она што сум го посакувала и замислувала во животот.Ти си ми се и те сакам со целото мое битие,душа,те сакам најбескрајно
Не знам дали ке успее ова нашето... се потешко и потешко е како ли јас и ти да продолжиме... како јас и ти да ги надминеме тие пречки што се околку нас Како да се разделиме кога знаеме дека и јас и ти колку ни убаво кога сме заедно.. Како ли да го пребордиме сето тоа кога се ќе биде против нас ....
Само ти и сериските убијци бркаат ист профил на женски ... Минатата ти женска може беше фаца лом ама тело гром , ова .... Очаен си и жал ми падна речиси ... Каде е тој просперитетен , фин и културен дечко кого засакав ? Каде ти се соништата , надежите , плановите и таа твоја голема иднина ? Од како прекинавме како да стагнира како да се вртиш во круг како да немаш компас . Врткаш наоколу и се што знаеш е пиење , пеење , акање во град како без компас. Немаш повеќе 15-16 -17 време ти е за големи нешта . Проба да ми се вратиш а мене чуствата одамна ми оладеа , и сега кога те гледам сфаќам дека ние одамна сме се разделиле . Јас сум продолжила ти застана , иако мислев дека е обратно . Прекина со бифша ти , уште не се ни дозна , ја фати првата која ти налета . Каква е не е битно а ? Си го доуништуваш и она мало ренаме кое ти остана . Порано луѓето те почитуваа , поздравуваа , сакаа ... Ништо не останало од дечкото со кој јас некохаш бев . Не ми е жал за тебе жал ми е за него зошто го уништи ? !
Сега сум 100 % сигурна дека грешката меѓу нас не е во мене! Те немаше повеке од 3 дена за едно обично здраво, макар на телефон, а да не го споредувам со тоа што секојдневно го имавме претходно. Ти ѕвонев, ми спушти! Почекав, и не се јави назад! Ти пишав порака во која се унапред се извинив за некоја моја грешка и искажав дека сум загрижена за твојата отсутност. Толку од мене. Дури и ова може не требаше да го направам, ако сакав да играм игри ко тинејџер некој, ама ете за да ми е мирна душичката, јас ја голтнав гордоста, те побарав. Бев и повеќе од фер према тебе. Тоа е тоа. Чао г-дине Д !
баш за тоа прееска размислував колку би сакала да бидам јас таа принцеза за која си ја постираше песната вчера-најверојатно во пијана состојба-пијаните ја зборуваат вистината а утеха наогам дека можеби-ова со најмали букви пишано сум ептен пружаш отпор да ги напуштиш моиве мисли бе а се гледа дека не си лош само егото и суетата ти се маана и се непобедливи сакам да те запознаам ко човек, ко личност а не само партиски и на твоето работно место криејки се од мене облечен во скафандер и чуствувам милина на срцето и на душата кога сме во ок односи се надевам дека ке се појавиш па макар и случајно за време на некои од состаноците или на состанок свикан за кимот викендов-редно е да се појавиш ако оваа ситуација продолжи до крајот на изборната кампања како ли ке издржам еднаш собрав храброст да ти пишам а ти не ми одговори, е па не си фер
Размислувам многу за нас. Тешко ми е да ставам крај, иако знам дека тоа би било најпаметно. Иако знам дека веќе тоа е единствениот избор. Мачење за мене ќе биде и вака со тебе, а и без тебе додека се опоравам. Се занесов многу во љубовта. Запловив во еден лажен, совршен свет. Како ли се препуштив толку? Како ли ми влезе толку длабоко во душата... Абе сонце мое, жал ми е многу за нас...ама не одговараме. Тешко е кога карактерите не ни се совпаѓаат.