Ти си најпрекрасен, фала ти за тоа што успеа да го промениш до сега, јас сум идиот на моменти ама не е дека сум ладна и дека немам љубов за тебе баш спротивно, плачка сум и мека како памук, ме знаеш ти многу добро. Сакам да останеме вакви, да не се смени ништо,никогаш повеќе! Шугар најмил мој.
Значи каков план сум смислила за нас. Вака, прво идеме таму и само една ноќ преспиваме. Таму се гулицкаме, се шлапкаме и уживаме. После идеме кај другото таму, а таму си остануваме две вечери. И тука се галиме, си пееме и врескаме од љубов по малце. Се вкупно 4.500 денари за спиење и пат. Реков дека ако ги заштедам тие паричкички идеме. Значи јас плаќам за тоа, а ти за јадењето тие денови. Имам една тегла и до сега е наполнета со 300 денари железни парички. Барем имам заштедено нешто! Се мислам дали да земам да гребам ливчиња. Ај ќе видам дали ќе успеам.
Е Б бе кај ја најде другаркати толку да личи на мене косата иста мојата само права ко праз, и малку побуцкаста од мене
ти не си нормален кај ти текна сега со другар ти да ја поправате веспата епа додека вие се занимавате со тоа јас ќе си седам на нет и од време навреме ќе си фаќам сеир зошто никогаш нема да ја направите.
Stop being a child! Мислам дека навистина не те личи на годините да се однесуваш вака.Среди се ако ме сакаш покрај себе!
Знаев дека ќе се смениш на подобро. Туку имам и репете за тебе од мојата роденденска торта И сакам изненадување од тебе
Не сакам да бидам повеќе со тебе ... Не знам како успеав да те засакам , а не смееше да се деси тоа Не те знам доволно тебе али се знам себе и кога ќе си одиш од државава за неколку дена јас не сакам ни да помислам што ќе биде со мене... Те молам подалеку од мене не сакам уште повеќе да се затрескам во тебе!!!!!
Ајде да успеам да појдеме во Банско и да ми направат од Оне едно кеш освежување ТОП,таман и ти тоаш да земеш одмор од работа се ќе биде БОМБОНА ! Срце мое те сакам најмногу на свет !
ти си најмилото суштество на овој свет...Со тебе научив дека секој личност може да се промени! Те сакам љубовче <3
Kолку било тешко да ставиш крај на нешто?! Колку комплицирано е... Абе сум ставала крај ама на нешта кои не ми значат, а сега? Сто пати кажав крај, и не се случува. Признавам несакам ни јас. Ама кад се мора, мора се. Тоа е најпаметно за двајцата. Ама многу болно... Само да кажам дека те сметав за поголем човек и од мене. Но, изглед вара. Ти со делата го покажа спротивното. Денес главна сум во темава што сакам да ти кажам, а кога сме заедно само молчам. Кнедла имам на грлото...оти треба да се караме, а од тие наши караници ми е преку глава. Затоа тука си пишувам, си ја леснам душата. Оти јас и ти неможеме повеќе да водиме нормален разговор. Не бидува. Немаме повеќе трпение еден за друг. Нашите желби почнаа да се разминуваат, а карактерите да ни се судираат. А љубов, љубов колку сакаш...таа пак пустата само се зголемува ко за инат. И сега пак незнам каде сме. Јас мислам таа прегратка беше последна, онака разделувачка...а ти ја сфати како помирувачка... И сега, утре пак истите маки...
Вака сега кога те гледам и си мислам сега да го вратам времето и да знам каков простак си, нема да се заљубам во тебе. Ма и тоа нашето не е повеќе љубов. Знаеш што е ? Навика! Ете тоа е. И ми велиш сум оладила.. Епа да оладив. Што се претрпев поради тебе и како да не оладам? Гаден си ми, многу. Не знам како сум те сакала и никогаш повеќе нема да си дозволам да те сакам пак, никогаш!
Дали тоа ние додјовме до точка каде што не можеме еден асален муабет да сврзиме? Ти реков и прееска, со тебе веќе муабет НЕ СЕ ПРАВИ! Ме иритираш едноставно! Ама, кога ќе ги напрчиш тие муцките за бакнеж, се ми бришеш бе... Колку глупаво е, некој животот да ти го скратува со нервози, ама со еден бакнеж да ти избрише се.. Јас сум ненормална!
добро бе З како можеш да помислиш на фрлање во Вардар, толку ли не ти е мил животот нели си верник во црква одиш, се молиш а Господ рекол-само јас го давам животот и само јас можам да го земам, и после ова твое приззнание-кажано на шега се разбира, ако некогаш во животот најдам некој што би сакала да ми биде партнер нема да ставам на ф.б. статус во врска да не стварно направиш некоја глупост и завршиш во Вардар-незнаев дека до толку си разочаран од животот.
Таа ракијата од дедо ти ме дотолчи... крв ми се стори Досега си немал женска волку што лока ? ...еепа сега имаш, на зијан си ама ако
Дури и ручек ти правам, и после јас сум ти крива за се. Ама знаеш што јас сеуште си чекам поклон од тебе