Не ми објаснувај ништо, не сакам ниту да ми се правдаш. Не ми кажувај какви намери и планови си имал тогаш, ниту пак сега. Сите важни работи кои требаше да ми ги кажеш ми ги кажа без зборови!!.
Лајлајлајлајлааааај те сакаааааааааам и знам дека сум како беблак некој ама едвај чекам да дојди моментооооооот.. Нонстоп мислам на тоа.. ТЕ САКАААААААААААМ не заборавај.. ИИ пресреќна сум што ми кажа аааааааааааааааааааааф
З како злато кога ти ја видов по незнам кој пат сликата на ф.б. приметив неверојатно нешто-па ти имаш црвен кармин и убаво ти стои -се секавам кога ми покажа уште пред месец и нешто дека сакаш да ме бакнеш, ти беа тоолку суви усните,а убави-имаш убава уста па хроничен пушач си, јасно ми е . мора да има начин јас на тебе да ти се вовлечам под кожа, имаме многу заеднички работи-џабе ти е тебе што глумиш мачо, кога се гледа дека си внатре ама тоа не значи дека ке те молам за да поразговараме малку како двајца возрасни луге и да се запознаеме па на крајот на краиштата не си само ти машко на светов
Не е работата колку дена ќе бидеш отсутен, па во однос на тоа да се поздравиш вака или онака. Работата е дека заминуваш и треба прописно да се поздравиш, па макар било и на еден ден. И не, стварно нема да те барам, иако не ми веруваш, дури ни на скајп не ти пишувам. Мислам дека добро ќе ти дојде одмор од мене.
Ме нервираш и навистина ме уморуваш кога ќе се запниш за нешто и после кога јас со сати ти го објаснувам то нешто дека не е така едноставно ме уморуваш! А и ти кажав дека хормоните ми работа и дека сум нервозна бидеќи сега треба да ми дојди а ти дополнително ме гнавиш со ти твоии досадни и глупо другари . Јас му викам дека после 12 се врти буреко тие мајка му му рекла дека не чинело навечер е па или мајка му или тие се ретардирани или пак глупи и не ме замарај со нивните глупи размислувања јас утре вечер после 12 че го вртам буреко а на некој ако не му чине не мора никој не го присилува навистина се заморни само тие знааат се само тие нз се прават паметни па ми дојдоја преку глава
Јас би да оваа депресивна и напната сабота да ја поминам гушната со тебе за да се расположам малце од малце,но тебе те нема.Кој те знае каде скитариш и со кого.
значи куката не е дом ако во неа не можеш да си стоплиш душата а? ова е јасен показател дека ти З си во тешка депресија и дека незнаеш што да правиш т.е. дека имаш проблем-ама што да правам јас како да ти помогнам без да згрешам навистина незнам сакам да ти помогнам ама незнам како.
Многу си противречен, знаеш? Ако сакаш да ми покажеш дека си лут, не е доволно само да го спомнеш она со кое сум те навредила. На секое мое директно и индиретно посочување дека крајот ни се гледа, нема да затвораш очи. Ти веќе се измори. Да ме бркаш, да простуваш, да се лажеш себеси. И тоа некако... прави да се чувствувам полесно. Ама, и покрај се` не си подготвен да ме пуштиш. И мене разумот ми вели дека не треба да се одделам од тебе, ама па во љубовта не се прашуваше тој. Сакаш да останеш ладен и смирен, да ме натераш да чувствувам вина, но не можеш. Ме мразиш на моменти, се мразиш и себеси што ме сакаш толку. Знаеме добро дека и двајцата можеме сами да продолжиме, но сепак постои нешто во тебе што не сака да прифати дека нашето пукна, се распарчи, а ти го лепиш и лепиш. Ги бараш парчињата кои фалат, ги ставаш на место, се радуваш, а јас мавам со прст и пак ги одлепувам. И тогаш си гневен, но упорноста не ти дава да се откажеш да ги соединиш деловите. Одново и одново. Spoiler
Недостасуваш, и тоа е тоа. Знам дека поминуваат брзо деновиве, ама баш сега овој месец, ќе се завлече така долго, знам... Едвај чекам да си дојдеш, да ти готвам на малото решо во кујна, ти да отвориш вино и да наместиш плеј листа и да си се гушкаме и љубакаме до бескрајот. Никогаш не верував дека може да се чека така, толку долго и со одржана страст. Гушни ме со мисли, пред да помислам било што друго. Чувај се. Едвај чекам да ги облечам твоите пижами, просто ми се спие, гувее во нив!
Не знам дали ми ја љубиш непредвидливоста. Имам денови кога сум емотивно празна и и да сакам да се грижам за тебе, да внимавам како се однесувам, па дури и да ти згрешам ненамерно, не можам да почувствувам дури ни грижа на совест. Потоа пак, следуваат денови на кавги и моја неволност и незаинтересираност за нивно решавање. Но, колку и да сме оддалечени, физички и емотивно, кога ќе разберам дека имаш некој проблем, не сакам да бидеш сам. И за нашите кавги навистина немам сила за објаснување, докажување теории и објаснување кој е во право, а кој не. Сепак, толку лесно можам да заборавам на тоа и да ти бидам пријател и рамо за плачење (за прашања надвор од љубовната сфера ). Од мене нема да добиеш "И јас", како одговор на "Те сакам". Не секогаш. Но кога најмалку ќе го очекуваш, кога цел свет кој сме го граделе ќе го урнам, ќе се појави тоа чувство во мене кое ќе ме натера да те посакам и гушнам и љубам и се`. И тогаш неочекувано ќе чуеш дека те сакам. Бидејќи... изразувам емоции кога ми доаѓаат, а не кога е вистинскиот момент. Јас можам да те повредам илјадапати, но ако дознаам дека си во неволја, дека имаш несогласувања со домашните, дека си тажен од икс причини, душата ми се намрачува. Паметиш ли... тогаш кога бевме скарани, а ти дојде кај мене и седеше 2 дена додека ги направиме семинарските? Не се погледнавме љубовно, ниту се гушнавме, ниту изразивме било каква емоција. Строго деловно . Ете, тоа е константно во цел наш однос. Ќе си бидеме поддршка еден на друг и ќе се грижиме, дури и кога сме се повредиле. Ќе си помагаме во име на се` она што било меѓу нас. Те сакам на еден толку чуден начин, бидејќи сум една тотално несфатлива личност. Но, ако некој не те сака на начинот на кој ти посакуваш, не значи дека не те сака со цело свое срце. Јас така умеам.