да можев да спречам јас и ти да се запознаеме З верувај дека ке го спречев тоа-дури сега свакам некои работи ти бе не си човек ти си Г Н А С А леле како би ти го кажала ова во лице уф уф па и да ме избркаат од партијата-исто ко другар ти претседателот, и претходниот претседател ова ко наследно ви е дефинитивно знае Господ што прави-зошто мене не ме споил со тебе-треба да бидам благодарна и од сега стварно има да стојам настрана од тебе-чесен збор. сега ми е јасно кога едната од сопартијките ме предупредуваше за тебе ГУБРЕ ЕДНО и тоа пред тебе а ти остана без текст-без коментар дека си женкар, како да сакаше да ми каже заштити се не дозволувај да допре до тебе иако ке настрадаш-фала и на мојата твроглавост и глума што издржав до крај и НЕ ти поклекнав а не на Дијазепами да завршам-како што тргнав понекогаш се надминувам себе си
Свесна сум душо. Свесна дека не сум совршена,ни во твоите ни во очите на другите околу нас. Ме гледаше така, како да си ја нашол совршената,таа што одсекогаш си ја барал, разочаран од предходните девојки кои како што велиш,не си можел да ги засакаш. Ме убедуваше дека сите биле курви од кои си се срамел,лажни светици чии лица си ги открил предоцна. Зошто ми покажа дека сум ти слабост,а потоа се откажа за да станеш силен,да не и потклекнеш на љубовта? И знам ,сфати дека згреши,затоа што ни ти ни јас,никој не е совршен. Не си светец,ти си обичен слепец,кој пред очи не виде што имаше.Неможам да те убедувам. Очите ти се замаглуваа од лутина кога потклекнуваше на емоциите,кога покажуваше слабост и посакуваше да ме мразиш бар половина од тоа што ме сакаш. Веројатно сета таа болка од минатото ќе ја пополнеше со егото дека си ја повредил онаа која те правела слабак,онаа која најмногу си ја сакал.И си и вратил за онаа претходната. И сега знам дека сфати дека помина,знам ќе заборавиш бргу,затоа што оди преку себе,преку мене,оди преку нашето и преку срцето.Оди преку љубовта,во насока на омразата.Сега имаш цела вечност да ме мразиш.Цела вечност да вртиш глава кога ќе ме видиш,затоа што твојата Марија замина. Љубовта им припаѓа на храбрите,кукавиците ги јадат трошките на омразата.
Ти посакувам мн среќа и дај боже да и го освоиш срцето на таа што толку ти се свиѓала па дури и на сестра ми и се испофали колку си ти заљубен... Иако до завчера праевме планови како ти секој викенд ќе доаѓаш во Македонија да ме видиш , дека мн ме сакаш и тн тн тн... А ако сето тоа се филмови да ме напраиш љубоморна е тогаш ... !!!!!!!!!!!!
Кога ти реков денес колку си стабилен, потајно не мислев на твојата способност да ме држиш додека пропаѓам во снежните купови. Мислев на тоа дека покрај сите наврати на лутина што ми доаѓаат понекогаш и сето наше взаемно наивно, перверзно и налудничаво однесување, ти си огромен бетонски столб. Како оној во диско кога ќе се напиеш па си го гушкаш цела вечер, тука е, не мрда и ти пружа поддршка кога ти најпотребна. Убаво е да припаѓаш некаде, а јас припаѓам крај тебе. Диво и несмасно.
Ти благодарам за секој ден што ми го правиш најубав....Ти си тоа што одсекогаш го сакав, се навикнав премногу на тебе што веке неможам ни ден да замислам, ти си ми све во животот, едноставно неможам да живеам без тебе, знам дека сега треба да се разделиме на некое време, но тоа е за доброто на двајцата , но знај дека јас сум тука и ке те чекам како никогаш до сега, ке ги бројам минутите и секундите кога пак ке бидеме заедно Те сакам единствен мој не го заборавај тоа
Различни карактери сме, различни луѓе сме, ти благодарам што ме прифати таква каква што сум, со сите мои доблести и маани, со сите мои глупости, со сите мои претерувања, благодарение на тебе станав подобра личност.
http://www.youtube.com/watch?v=EtzZ5AxZGQA Дали знаеш како чука срцево мое за тебе ? И дали знаеш колку сакам да го чуеш кога си близу до мене?
Глуп!! Ме извади од такт, како можеш одма една вечер не се гледаме и ти да излезеш надвор од контрола? Не ми е јасно!! Викаш дека ке се јавиш ама не се јавуваш? или глумиш фраер пред другарите?! Аха ако само продолжи
Попусто е што се правиш силен. Доволен е само збор да те издаде дека сум твојата најслаба точка. Знам дека така ќе остане. И по години кога ќе се преправаме дека сме странци, кога лузните ќе болат исто како раните веќе нанесени и оние што допрва ќе си ги нанесеме. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=bHzHq4xJcNs
Ќе лажам ако ти речам дека не сакав да те видам.. Потајно ти благодарам што беше упорен и ме натера да се видам со тебе, во чест на тие години поминати со тебе.. Ти кажав однапред дека тоа ќе биде пријателска средба.. И беше.. Не се издадов самата себе. Истрајав пред тебе. Со солзи во очите слушав колку ти било прекрасно на почетокот на твојата нова врска.. Со солзи слушав како сега ти е толку мизерно што си помислувал на ужасни работи.. Секако, после толку време поминато поверува дека маскарата ми се размачкала па само се обидувам да го протријам окото.. Оди си од мене, не ми кажувај дека отсекогаш јас сум те разбирала и јас сум вистинската за тебе. Те молам, не ги отворај старите рани, не чепкај по болното минато, биди фер, остави ме да мислам дека сум те преболела.. Немој повторно да ме прелажеш со машки солзи..Слаба сум на нив. Слаба сум на тебе.. .
Секој ден те сакам се појќе и појќе. Ми недостига за да бидеме јас и тој. Ми недостига за да бидеме ние.