Ти благодарам што цел ден ги трпеше мојте солзи кој беа без причина да не си ти незнам што би правела. Те сакам највеќе од се......
Ајде веќе јави се.... Знаеш колку се нервирам кога те нема... И колку паничам ....А колку те сакам...па, и тоа си знаеш, најмил мој
Те сакам и ми недостигаш најмногу на свет. Посакај му среќен роденден на мојот свекор,нека му се множат годините !
Не знам на што се должи твоето незапирливо искажување љубов...ама ќе бидам искрена и ќе кажам дека ми годи.
Се немаме видено еден ден а ми недостигаш многу повеке од што мислиш. Со душа чекам да дојде среда за да те гушкам цел ден и цела вечер. Фала ти што повторно ме натера да верувам у љубов. И фала ти што си ми и дечко и најдобар другар
Љубов... упс! го мразиш тој поим. Епа во твои зборови ГАЈЛЕ МИ Е! сега си љубов за мене и 5 саатот сабајле е а мене ми требаш и ти и твојот перверзен мозок!
баш вчера пред да заспијам, размислував ко по обичај убаво од тебе што не ме привлече кон себе за да подоцна ме шутнеш ко крпа некоја-како што им правиш на другите девојки-е Казанова бе сам си пишуваш на ф.б. многу отворена личност си секоја чест,и знам дека по постовите ти всушност си приметил дека сум чуствителна и ранлива девојка па не сакаше да ме повредиш не си ти така нечовек како што изгледаш, имаш и нешто човечко во тебе убаво што сме пријатели на ф.б. и некако звучи логично да има пауза помегу подолга врска и тоа што следува-сепак ние сме луге не сме од камен-инаку од страна гледано јас и ти бевме во слична ситуација-ти во врска, и јас така некако-вие се разделивте, т.е. таа тебе те изневерила а јас му ги открив сите лаги и му ги плеснав во лице и не признаваше па секој на своја страна -само што ти ко машко не можеш да бидеш подолго време сам, авантура ти беше потребна а додека јас се посветив на медитација, дома, и останатите обврски ете тоа е разликата
Олку сплеткана приказна ни Ромео и Јулија немаат. А да. Ја мразам. Како, како, како, зошто? Колку беше убаво само. Колку прекрасно. Колку ми навлезе под кожа, колку ме засака. Колку се смеевме, колку бевме среќни. Колку само чекаше да ти бидам в раце. Колку време ни требаше. Многу. Е толку. Ако не и премногу. Некогаш и три грама фамилија имаат истории и истории. Кој му ја знаел. Јас сигурно не. http://www.youtube.com/watch?v=7mBfW-CdgLE Е тоа. За ова ќе заборавам што е можно побрзо; си се научив така. Не сме ние криви, на крај и краева, па утеха е. Не се секирај за мене, помина. Не сум повеќе таква. Дури ми е чудно што сум олку рамнодушна. Колку било убаво вака. Посекако нема ни кој да ме потсети.