Еве,со денови веќе нема што да ти кажам...Т.е. не дека немам што да ти кажам,ама тоа што ќе ти го кажам ќе е в лице.И си чувам за тогаш,да можам поќе да викам по тебе.Има се да ти изнакажам. Веќе преку глава ми си и не се нервирам поќе за тебе.
Можам без тебе. И ти тоа многу добро го знаеш. Можеш и ти без мене. Не викам не. Но, заедно ни е поубаво. Всушност, најубаво ! Е тоа ми се свиѓа кај нас. Нашава љубов не е веќе детска. Не е идеална. Мислам, ништо не е. На моменти е луда, на моменти разумна. Кога се караме, тоа го правиме жустро. Кога се сакаме, се сакаме страстно. Кај нас нема средина. Одиме од крајност во крајност. Опасно е тоа, убаво викаш ти. И во право си, опасно е да сакам некој волку. Чувствувам дека еден ден ќе ме дотолчи. Може и тебе. Ама ако... Сепак одиме до крај !
Синоќа кога легнав во студениот кревет сама без тебе до мене ме облеа такво чувство што ми ја стегна душата.Се разбудив од сон и те барав да те прегрнам,а тебе те немаше,беше толку далеку .Минатите денови ми поминаа експресно брзо,не сакав никогаш да завршат,но како што на се им доаѓа крај така и на таа идила му дојде крајот.Многу наскоро се ќе биде уште поубаво од сега,знам,но не сакам повеќе навечер да заспивам сама и наутро да се будам без да го видам твојот лик и без да те прегрнам кога ќе посакам.Како што ми кажа ти,и мене ми беше најубаво кога се припивав до тебе,ќе ме прегрнеше и кажеше дека сум само твоја и дека ме сакаш.Секогаш со целото мое срце и душа,со целото мое битие и душа јас сум била,сум и ќе бидам твоја љубов моја. Вечерта пред да си одам и во двајцата се појави истата тага како и секој пат пред да се разделиме,но овај пат беше поголема,повеќе печеше од вообичаено,овај пат и во на двајцата очите се појавија солзи.Знам дека тоа не е последен пат да те видам,но не знам зошто и на двајцата душата ни се стегна толку многу што ќе ни препукнеше.Донашата следна средба јас ќе живеам со тие преубави и чисти спомени кои што барем малку ќе ми ја намалат тагата и желбата да те видам.Ти благодарам за подарените совршени денови мил мој.Те Сакам Најбескрајно.
Ти си повеќе болка отколку радост... Секој ден да се плаши човек да не те изгуби е поголем терет отколку да биде без тебе.. Да те немам барем ќе знам, не можам да те изгубам.. И некогаш, си велам, подобро да бидам без тебе. Не би била ранлива и кршлива, баш напротив додека бев сама немав слаба точка.
Гад еден патетичен...идиот! Наместо да оставиш да те памтам по добро ти само правиш се повеќе да те мразам! Немаш појма колку само во моментов ми доаѓа да те задавам! Што се не прочитав не можам на очиве да си верувам. Кола ќе си купел,многу пари ќе си заработувал...мене баш ич не ме засега тоа! Користи си ги сам или со друга и губи ми се веќе!!! Што ме направи ти мене ццц.Почнувам да ги жалам годините поминати со тебе.Колку само не сум те знаела...колку си бил ти егоист и патетичен!!! Ааааааааа Незнам веќе што да речам за тебе...не ме замарај!
Цццц....место да седиш мирен на состанок, ти ми пишуваш на скајп Чудно од тебе, морам да признаам, пријатно ме изненади...пак Многу ми е мило што било заради тоа што си сакал само да прочиташ моја реченица Сонце мое убаво Ајде доаѓај, доста ти беше веќе Ми требаш да ме изгушкаш и да ме стиснеш со рачињата да не можам воздух да земам
ХаХААААааааа знаев знаев знаааааев ! мораше да се јавиш! моооораше! Туку си ме изненадил...не очекував да ме викнеш за излегување...мислев онака муабет ќе направиме и чао-пријатно, ама ти си сакал и да излеземе.... Убаво рече Аничка94: убав си ама нема кој да те опере! И знаеш што....нема да излезам со тебе тогаш кога баш на тебе ќе ти се излегува! Затоа, не! Ќе ми се јавиш ти мене пак утре-задутре, или можеби таму викендот некаде, пааа....ако не сум договорена со некои другарки до тогаш, и ако сум при пари доволно, може да излеземе. Мислиш може после неколку дена тотално неслушање, да бидам рамнодушна и туку-така да ми се јавиш и јас одма да излетам од дома а?! :wink: Ова е убаво чуство....ммм...
Преубаво си поминав... сонце мое Само штета што изгубивме.. во спротивно се ќе беше совршено. И многу убаво ти стоеше дресот. И многу си интересен кога навиваш. И те сакам.
Ти си чудо,направи прв пат во животот да лудувам по некој иако е далеку од мене и иако те видувам скоро ич....сакам те и тоа многу,за мене веќе како да не пoстои никој друг само ти и ти. Те сонувам,замислувам,а секое твое спомнување ми измамува насмевка и радост.
Ете сега, сакам многу да те гушнам. Јас сум личност што прилично многу сака да се гушка. И знаеш ли дека кога ќе ме повлечеш накај себе, ќе ги префрлиш рацете преку мојот струк се чувствувам како.....и јас сама не знам како, ама просто неверојатно е.
: : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : : :
Како и последниот муабет, само да го потврдам - два остри камења жито не мелат! Проклето нека е, проклето! Никогаш нема да се разбереме, докажеме, разјасниме. Никогаш. Можеби и подобро што е така. Те молам оди што е можно побрзо.
Ништо на светов не влијае на моето расположение како ти Ти благодарам за најубавото утро...и за најубавиот ден! И ти ја пуштам целата среќа на овој свет за коначно се да се реши како што сакаме, љубов моја...