Синоќа повторно те барав да те прегрнам,бакнам,да слушнам како силно бие твоето срце кое што прави да се чувствувам посебно.Проклето ми недостигаш,секој миг без тебе е вечност за мене.Зошто толку брзо поминаа заедничките денови,а без тебе ми минуваат бавно.Сакам да те видам,со очичките да ми кажеш дека ме сакаш,да јадеме пуканки,гледаме романтични филмови,да се бркаме ,а ти да ме зграпчиш,заробиш,да ми кажеш дека нема кај да бегам и бакнеш силно .Сакам секој миг да ни е таков како минатите денови.Ајде,се надевам дека многу брзо ќе дојде денот кога нема да мора да се одделуваме на толку долго време повеќе.
Фала! Фала што направи да се чувствувам како глупава обврска. Што испаднав тринаесетто прасе, кутро и желно да биде видено. Фала што ми го направи денов мизерен и глупав, што посакав да нема никој дома за убаво да се исплачам. Фала што морам да се кријам од моите за да не ме прашаат исто глупаво прашање „што ти е?“ со оној глупав и одвратен тон. Фала што знаеш да бидеш и помек од памук и наеднаш да ме боцнеш до срце. Е браво. Убаво од тебе. Знам како ќе биде по два три дена откако ќе ми помине лутината и ќе направам се можно да ја заборавам оваа глупава ситуација, ама и знам дека утре нема да сакам да ми звониш и да ме прашаш како сум, знам дека душава ќе ми изнајде милион причини и обврски за да не дојдам. Знам и дека ќе морам, и дека ќе биде глупаво и мизерно моето утрешно глумење. И дека твоето љубовно врапче утре ќе ми биде невидливо и небитно. Сега, остави ме да спијам, и чукни си ја главата малце, не треба јас да ти кажам што ми е, треба сам да знаеш што треба да правиш за да не ми е ништо. Браво. Успеа моите сништа да ги срониш со само една глупава ситуација. Ебате љубовта ебате, шо арно ќе беше да се немаше ни поим што е тоа
што е бе З, што ме гледаш толку ли сум ти убава покрај сите поминати девојки, врти-сучи пак јас некако ти бодам очи не си помислил дека се чуствувам ко плен а ти ловец штета нема да ти дозволам да ми се доближиш па не да ме гледаш, да ме сонуваш, кошмар да ти станам ЏАБЕ женкар си е женкар-те прочитав јас тебе, па затоа стојам настрана од се што е поврзано со тебе а згора на се не се плеткам со партиски луге, а ко за беља избори се ближат па ке мораме да се гледаме почесто
Ти си мојот заштитник, ти благодарам што си тука со мене во секое време и невреме. Заслужуваш да изнапишам илјадници реферати овде,и пак нема да бидат доволни. Откако те запознав повторно сум среќна и насмеана.Ми го разубавуваш денот. Сакам да те видам сега,навистина. Заслужуваш многу подобро од мене,мноогу. Бев изгубена,недоверлива,девојка без компас. Ти си тој кој ме промени. Ти верувам за се,затоа што знам дека си искрен кон мене,и ти враќам со еднаква искреност. Те љубам.
Не ми е јасно зашто ја предизвика оваа непотребна тензија денеска.Неможам да се изначудам што ти стана.Ако некој те изнервирал,јас сум тука за да се истуриш слободно на мене.И нели нормално јас НИШТО да не кажам на тоа. Епа прости,ама нема да биде така.
Неморат веќе да се преправаш..дознав каков си..Некои работи не ги очекував од тебе,но ете..бидна. Толку од мене..се надевам другите девојки немат да ги лажеш дека ги сакаш,кога не го мислиш тоа.
Фала ти што си секогаш до мене ! Фала ти што ми даваш толкава подршка, што ме разбираш и што ми ги бришеш солзите без разлика што се за глупост, што се од пмс-от, многу мажи не можат да го сфатат тоа.... А ти... ти ме толку разбираш во секој можен поглед........толку си ми посветен, толку нежен, искрен, единствен..... Не те пуштам никогаш, цел живот е пред нас, уште колку многу љубов имам да ти дадам.....