Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    З чоек дај живни малку потпретседател си или што си-ке те живнат од партија, што се секирам па и јас :fubar: ама жал ми е да те гледам ваков-тонеш ко Титаник
    која ли била таа што ти го скршила :l: да и удрам еден :punch: да и го дотерам паметот малку
    па добро де и мене не ми цветаат рози, ама не се бламирам постојано на ф.б. да предизвикувам сожалување-е добро де понекогаш кога ми е тешко или кога ми се плаче пишувам некои глупости без врска :wasntme: хормоните во глава ми удриле, ПМС ме тресе што да правам :$

    како знаев дека се уште си заљубен во бившата-женско сум, чуствувам и предчуствувам :!:
    а таа од минатата недела само минлива авантура-да бе досадно ти е па мораше малку да се позанимаваш :tmi: а замисли што ке беше јас да бев на нејзино место :x подобро да не размислувам оти од такви ко тебе страдаат девојки ко мене :doh: затоа што подалеку јас од тебе а и ти од мене-секој на своја страна најдобро а партијата што ни ја мати водата тоа е :puke:
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Го сакам моментот кога се разбираме со поглед, кога не се потребни зборовите.
     
    На Ingvild му/ѝ се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    4.997
    И сите ноќи не ми се доволни,а сите утра ми се прекратки за да се будиме заедно.
    И да те сакам,уште повеќе, и тоа да ми е малку, секој ден да се трудам се' повеќе, заслужуваш.
     
    На Ingvild, Hipica, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Мрдни не ми се излага у 12,сабајле иам тренинг :D
     
  5. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Две кафиња у еден ден, едно по друго, на исто место :!: ..ммм... е доказ дека сакаш да поминеш повеќе време со мене, а јас да ти одмерам колку и тежи мозочето. ;)

    Лесно ти е. Имаш многу непополнет волумен во черепната кутија. :wasntme:
    Жими тие убави очи што те красат, што многу ми се допаѓаат но немој да леташ...не сум бљубена во тебе. :?:
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Еве ме, пак омекнав.. АМА :!: само ако продолжиш со тоа твое однесување....
     
  7. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    Те молам отрезни се, бидејќи во овој момент се смеам повеќе од потребното :D
     
    На Ingvild и Hipica им се допаѓа ова.
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Te сакам затоа што ме разбираш, те сакам затоа што ме смееш, те сакам затоа што ја имаш најубавата насмевка која некогаш ја имам видено. Те сакам затоа што мислењето на тебе ме исполнува со чувство кое не се искажува, затоа што твојата љубов ми помогна да се откријам себеси, затоа што со тебе животот е 1000 пати поинтересен.

    Кога прв пат те видов ми беше страв да зборувам со тебе, кога прв пат зборував со тебе ми беше страв дека ми се допаѓаш, кога прв пат ми се допадна ми беше страв дека те сакам, сега кога те сакам страв ми е да не те изгубам. Те сакам затоа што ти си ти.

    :)
     
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    797
    Си ги прочитав сите мислења посветени за тебе во темата.
    Ги гледам, некако, далечни, знаеш?
    Како да сум ги пишувала години наназад, а не пред нецела година.
    Еј, колку работи се менуваат за една година, неверојатно.

    Не се сеќавам кога започна се’. Некој убав есенски ден додека лисјата паѓале, можеби.
    Шала, ајде без патетики и поетски размислувања.
    Многу просто и едноставно.

    Сите што те сакаат - ми кажуваат мене.
    Јас тебе ни те знам ни те познавам.
    Кој е бе тој Казанова?
    И, бам. Ко на филм. ЉубАв на први поглед.
    Ау, бау, цел месец премислување. Дал те сакам ил не.
    Заклучок: Те сакам.
    И повторно ко на филм, по некоја луда среќа, јас и ти во тимска работа. Сосема неочекувано.
    Најголемата финта - сами сме во тој тим.
    Јас на седмо небо, а само што се запознавме.
    Тебе, фала богу, ти е гајле. Ти мене не си ме следел со месеци наназад.
    Ваму-таму, некои ултра среќни моменти од типот твојата насмевка упатена кон мене, тук таму и прегратка, па некој збор, па некој потег. Ма кого лажам, не мораше ништо да правиш, одма штом ќе те видев ќе се окезев шестка до шестка.
    Добро, патетиките рековме на страна ги оставаме.
    Бам, уште една сцена од филмот, магично работиме и во друг тим, паралелно со овој, нашиот.
    Тука, тродупли тракатанци.
    Иронијата беше, сите кои те сакаа, плачеа на моето рамо заради тебе.
    Од друга страна, ти ми кажуваш срцето ти било скршено.
    Епа, мајка му стара, кого најпрвин да тешам?
    Мене, тебе или нив?
    Ај, и тоа помина.
    Се радував за секоја нанометарска ситница.
    Никој не знаеше дека те сакам. Сега гледам, почнале да приметуваат, баш кога оладив.
    Ми е гајле, важно кога беше најгусто, никој не приметуваше.
    И така. Цела година шпански серии во живо. Режирани од мене.
    Најтрагично, главната машка улога не ни знаеше дека глуми.

    Горе-долу, заврши и тоа. Знаеш кога приметив.
    Вчера, зашто веќе помина полноќ.
    После поминати 11 часови со тебе, од никаква посебна причина.
    Да се случеше ова неколку месеци порано, ќе излегуваа од мене не само пеперутки, туку и штурчиња со љубовна песна.
    Тоа е, кратко резиме си направив.
    Сега сме си најбољи другарчиња, со желба никогаш да не дознаеш за моето затрескување.
    И да знаеш, ако се шишаш, више не те сакам.

    Yours,
    blah.
     
    На L-enna, Ingvild и Hipica им се допаѓа ова.
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    обожавам кога ќе ми се јавиш и збориш нешто безврска и тогаш ќе те прашам зошто ми се јави ,а ти само да ти го слушнам гласот.
     
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    23.268
    Пол:
    Женски
    Чувај се :*
     
  12. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Знам дека секогаш избрзувам , секогаш јазикот ми е побрз од умот .
    Го знам тоа многу добро .. се трудам да го искоренам тоа од мене ама некако не ми успева
    Еве ветувам дека друг пат кога ќе се скараме ќе пробам некако да не се избрзувам
    при донесувањето на одлуки и слично

    Ти ветувам искрено :) :*

    Те сакам многу.
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    јас на зафрканција: Ајде да одиме и во Банско, 85 евра за 5 ноќевања со се превоз?!
    брадосаниот: Мислиш на дрво растат овие пари.
    Хи хи хи. реален дијалог

    Јас во себе - ОК си уплативме на други места кадешто мора да падне нешто жустро. Го зимам и ликерот од ментол со мене и цел ќе го испијам само јас, а после стрип денсинг :lol:.
    Колку сум само модерна со зборовиве.

    П.С. Само да не повраќам од толку пиење јас, па да расипам и божемски хани мун и се.
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Се надевам немам за што да се грижам.. многу многу, силно се надевам дека знаеш колку ми значиш
    и дека правам се за да бидеш среќен, да ти удоволам, не сакам да мислам на најлошо..

    ме фаќа страв, не сакам да те изгубам, тоа е се!
    можеби немам потреба да не ти верувам, но не знам се чуствувам така..
    и да :!: се надевам утре ке дојдеш, многу сакам да те видам..
     
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Да можам ќе ти се залепам и нема да се одвојам од тебе !!! Ти е*ам утринското кардио кога не можам да заглавам до крај со тебе :D Едино тогаш жалам за тоа. |(
     
  16. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    4 месеци злато. Не се многу, ама не се ни малку. Ех кога ли поминаа.
    Баш да те видам дали ќе ти текне дека е 18-ти.

    Те сакам :inlove: :*
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Знаеш,се уште го паметам оној јануари,кога твоите дланки ми го стоплија целиот живот.Ми недостасуваш.
     
    На Saisnalla, Hipica, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  18. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Ми недостигаш :u: ... твојот бакнеж, твојата прегратка, нежноста во тие твои тиркизни очи, топлината на твоето тело ... Но, најмногу ми недостига смиреноста на мојата душа кога сум покрај тебе ...
    Ехх, колку би сакала да постои опција Delete the past во мојот мозок ;(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    На фб еднаш прочитав: Кога ќе ти текне со кого си одела, ти иде да си акнеш цигла од глава!(нешо така беше :D )

    Епа, денес многу ми одговара ова.Како сум можела? |( Боже, или давај гром или да си барам цигла :lol:
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се надевам дека нема да те сретнам додека сум на твоја територија Б иако ти неколку пати ме покани на другарско кафе-се е ок, врската ни беше стварно стабилна иако кратко траеше, знам дека уште ме сакаш ама јас тебе НЕ и знам дека не си едниствен од бившите што уште ме сака-ова звучи ко фатална да сум :D смешки